Прејди на содржината

В за вендета (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од О за одмазда)
„В за вендета (О за одмазда)“
Промоционален постер
РежисерЏејмс Мектиг
ПродуцентЏоул Силвер
Silver Pictures
Браќа Ваковски
Грент Хил
Лорн Орлеанс
СценаристСтрип:
Алан Мур

Дејвид Лојд
Сценарио:
Браќа Ваковски
Главни улогиНатали Портман
Хуго Вивинг
Стивен Ри
Стивен Фрај
Џон Херт
МузикаОригинална:
Дарио Маријанели
Неоригинална:
Чајковски
Бетовен
КинематографијаАдријан Бидл
МонтажаМартин Валш
ДистрибутерВорнер Брос
Премиера САД:
March 17
Времетраење132 минути
ЗемјаВелика Британија
САД
Германија
ЈазикАнглиски
Буџет54 милиони долари[1]
Бруто заработка$132,511,035[1]

В за вендета (англиски: V for Vendetta) — акциски трилер-филм од 2006 година режиран од Џејмс Мектиг. Филмот е адаптација на графичкиот роман В за вендета од Алан Мур и Дејвид Лојд. Филмот во главно се снима во Лондон, Англија, во блиско идно дистописко општество, филмот го следи мистериознот В, борец за слобода кој сака во исто време да ја смени социополитичката ситуација и да ја исполни својата лична одмазда. Главни улоги се Натали Портман како Иви Хемонд, Хуго Вивинг како В, Стивен Ри како инспектор Финч и Џон Херт како Советник Сатлер.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во блиска иднина, со Британија владее тоталитарен режим предводен од партијата Норсфајр. Иви Хемонд, млада жена, е спасена од малтретирањата на полицијата од страна на маскиран набљудувач кој ѝ се претставува како „В“. Потоа, тој ја носи на кровот од една блиска зграда за двајцата да го гледаат уништувањето на зградата „Старата Бејли“, пропратено со овертурата од 1812 на Чајковски. На јавноста, режимот го објаснува инцидентот како планирано уништување, но ова се покажува како лага кога В ја презема Британската радио телевизија истиот ден. Тој емитува порака повикувајќи го народот од Британија да се крене против таа влада на 5 ноември (Ноќ на Гај Фокс – англиски празник) следната година, ден на кој В вели дека ќе го уништи парламентот.

Иви работи во телевизијата и му помага на В да побегне, но со тоа самата себе се става во опасност. В ја спасува Иви и ја носи во неговото скривалиште, каде ѝ кажува дека ќе мора да се крие со него една година. Таа несвесно останува извесно време, но откако ќе разбере дека В убива владини офицери, бега кај нејзиниот пријател и претпоставен Гордон Дитрих, хомосексуалец кој тоа го крие од страв да не биде уапсен. Меѓутоа, полиција доаѓа во домот на Гордон откако е прикажано неговото исмевање на Високиот канцелар во своето ток шоу.

Иви е фатена при обидот за бегство. Таа е затворена и мачена со денови, а како единствена утеха ѝ служат белешките оставени од претходен затвореник, Валери. Подоцна, ја известуваат дека ќе ја погубат ако не го открие скривалиштето на В. Истоштената Иви вели дека попрво би умрела, а потоа е изненадно ослободена. Тогаш, В се појавува пред неа како нејзиниот грабнувач. Иако е лута на почетокот, подоцна таа сфаќа дека веќе нема да живее во страв откако ја видела смртта во своите очи. Иви го напушта В, ветувајќи му дека ќе се врати пред петти ноември.

Во меѓувреме, главниот инспектор Финч, истражувајќи ги активностите на В, дознава како Норсфајр дошла на власт, и дознава за потеклото на В. Пред дваесет години, Британија страдала од војни и тероризам поради тоа што се вклучила во Војната против тероризмот. Социјално-конзервативната и отворено фашистичка партија Норсфајр водела политика на враќање на мирот; таканаречените непријатели на државата исчезнуваат преку ноќ. Земјата е поделена поради овие настани, сè додека се случува еден биотерористички напад, убивајќи 80,000 луѓе. Фармацевтска компанија под сопственост на Норсфајр наскоро открива лек против вирусот, а од неговата дистрибуција заработува милионско богатство. Ова богатство, заедно со стравот од уште еден напад, ѝ овозможува на партијата да биде изгласана на наредните избори. Со покорноста на народот, Норсфајр ја претвора Британија во тоталитарна полициска земја на чело со водачот Адам Сатлер како Висок канцелар. Меѓутоа, тој напад бил испланиран од страна на Норсфајр со цел да добие моќ. Вирусот, како и неговиот лек, биле создадени експериментирајќи врз луѓе - социјални девијанти и политички предавници во центарот Ларкхил. Меѓу нив бил и В. Иако останатите тест субјетки умреле како резултат на експериментите, В се здобил со наднормална ментална и физичка способност - по цена на значајна ментална и физичка деформација. Овие способности му овозможиле на В да го уништи центарот и да избега, колнејќи се дека ќе се одмазди на режимот на Норсфајр.

Од ова откритие, инспекторот го предвидува можниот ланец на претстоечки настани. Тој како раскажувач, ја објаснува брилијантноста на планот на В. Неговата манипулација, таен план, и праќањето маски низ цела Британија. Поради многубројноста на маските, на сите им е овозможено слободно и анонимно да се движат и покрај видео надгледувањето, првпат откако Норсфајр застанува на власт. Некои ја носат маската при грабежи, некои при извржувања злосторства; едно девојче ја носи цртајќи го знакот на В над постер од Норсфајр, но тајната полиција ја убива. Потоа, убиецот е линчуван од страна на лути граѓани – знак за претстоечка бунтовност.

Како што се наближува петти ноември, неколку шеми на В создаваат сè поголема и поголема нетолеранција и хаос во Британија против владеачкиот авторитет. На вечерта од петти ноември, Иви доаѓа кај В, кој ѝ покажува воз полн со експлозиви наменет да го уништи парламентот експлодирајќи во напуштената лондонска подземна станица. Тој ѝ го раскажува уништувањето на парламентот, верувајќи дека последната одлука не е негова, туку е нејзина. Потоа, тој ја напушта за да оди на средбата со водачот Криди кој, како дел од претходен договор, се согласил да му го донесе Високиот канцелар на В во замена за неговото предавање. Криди го убива канцеларот пред очите на В, но тој не се предава. Прима полно куршуми од многумина, но останува на нозе со скриено железо и со својата супер-моќ. Се упатува да го убие Криди пред останатите да можат повторно да го наполнат оружјето, и тоа и го прави задавувајќи го. В, смртно ранет при борбата, се враќа кај Иви. Тој ѝ признава дека ја сака, ѝ се заблагодарува и умира. Иви го става неговото тело во возот со екслозиви.

Иви се спрема да го пушти возот кога Финч ја открива. Меѓутоа, знаејќи какви всушност се Норсфајр, тој ѝ дозволува да го заврши тоа. Во меѓувреме, илјадници граѓани на Лондон, со маски на лицето одат кон парламентот да го проследат настанот. Бидејќи Криди и канцеларот се мртви, војската стои мирна пред бунтовништвото на народот. Парламентот е уништен од експлозијата. На кров во близина, Иви и Финч заедно ја гледаат сцената, и Финч прашува кој бил В. Иви му одговара дека тој е народот на Британија.

Запознавањето на В и Иви

[уреди | уреди извор]

„В“ се запознава со Иви кога ја спасува од вознемирувања од страна на полицијата. Тој и се претставува како „В“, и во својот вовед ја раскажува својата животна судбина и планови. Интересно е тоа што во говорот тој користи околу педесет зборови што почнуваат на буквата В (во оригиналниот говор [1]).

Наизглед сум само скромен, естраден ветеран, индиректно етикиран како жртва и негативец поради променливоста на судбината. Овој изглед не е само маска на мојата суета, туку е мал остаток од гласот на народот кој сега е нем, исчезнат. Сепак, со оваа храбра посета на старата лутина, таа е преродена, и се заколна дека ќе ја уништи оваа штетна, гадна, предводечка, порочна, лакома и насилна забрана на човечката волја! Единствената пресуда е одмазда, „вендета“, земена како завет за вредноста и веродостојноста која еден ден ќе ги одмазди чесните и доблесните. Секако, овој ненадеен излив на зборови изгледа пренатрупано, па затоа сакам само да додадам дека ми е многу драго што те запознав и можеш да ме викаш В.

  1. 1,0 1,1 „V for Vendetta (2006)“. boxofficemojo.com. Посетено на 2006-05-06. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „boxofficemojo“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: