Омногови (монголски:Өмнөговь) или Јужен Гоби е покраина во Монголија, сместена на југ од земјата во пустината Гоби. Омногови е најголемата покраина во Монголија и главен град е Даланзадгад.
Покраината е богата со минерали, вклучувајќи злато и олово. Во покраината се наоѓаат повеќе познати туристички локации како на пример Огнените Карпи, Гоби Гурвансајхан Национален Парк и Хонгорин Елс.