Олимписки стадион Ататурк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олимписки стадион „Ататурк“
Istanbul Atatürk Olympic Stadium 1.jpg
Целосно име Олимписки стадион Ататурк
Место Башакшехир, Истанбул, Турција
Координати 52°59′18″N 2°10′32″W / 52.98833° N; 2.17556° W / 52.98833; -2.17556Координати: 52°59′18″N 2°10′32″W / 52.98833° N; 2.17556° W / 52.98833; -2.17556
Започнат 28 ноември 1997[1]
Изграден 1997–2002
Отворен 31 јули 2002; пред 17 години (2002-07-31)[2]
Реновиран 2005
Сопственик
Подлога трева[3]
Архитект Мишел Мекери
Ајмериџ Зублена
Игра ФК Истанбул Башакшехир (2007–2014)
ФК Галатасарај (2003–2004)
Фудбалска репрезентација на Турција
ФК Бешикташ (2013–2016)
Гледачи 80,597 (2002–2005)
76,092 (2005–денес)[4]

Олимписки стадион Ататурк (турски: Atatürk Olimpiyat Stadyumu) — фудбалски стадион кој се наоѓа во Истанбул, Турција.

Стадионот е именуван по Мустафа Кемал Ататурк, основачот и прв претседател на Република Турција. Неговата изградба започнала во 1999 година и била завршена во 2002 година, по неуспешниот обид на Турција да победи како земја-организатор на Олимписките игри во 2008 година, кои на крајот се одржале во Пекинг. Изградбата на стадионот чинела околу 140 милиони американски долари.

Со своите 76.092 седишта и олимписки димензии, од страна на УЕФА стадонот добил титулата „Петѕвезден спортски комплекс“ во 2004 година. Ова му овозможило на стадионот да биде домакин на финалето од Лигата на шампионите во 2005 година помеѓу Милан и Ливерпул. Освен тоа, во текот на својата историја стадионот бил домакин и на неколку европски атлетски натпревари.

На овој стадион своите домашни натпревари ги играле ФК Истанбул Башакшехир (2007–2014), ФК Галатасарај (2003–2004) и ФК Бешикташ (2013–2016). Денеска се користи од страна на Фудбалската репрезентација на Турција како и финалето од Фудбалскиот куп на Турција.

Рекорди[уреди | уреди извор]

Рекордна посетеност
Место Посетеност Дата Натпревар
1 79,414[5] 31 јули 2002 ФК ГалатасарајФК Олимпијакос
2 77,512[6] 22 септември 2013 ФК БешикташФК Галатасарај
3 72,059 25 мај 2005 ФК МиланФК Ливерпул
4 71,334[7] 21 September 2003 ФК ГалатасарајФК Фенербахче
5 71,230[8] 12 септември 2006 ФК ГалатасарајФК Бордо
6 66,300[9] 13 август 2003 ФК ГалатасарајПФК ЦСКА Москва
7 65,110[10] 19 март 2015 ФК БешикташФК Клуб Бриж
8 63,324[11] 26 февруари 2015 ФК БешикташФК Ливерпул
9 62,620[12] 9 август 2003 ФК ГалатасарајФК Дијарбеќирспор
10 60,747 29 август 2013 ФК БешикташФК Тромсо

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tekfen Construction - ISTANBUL ATATÜRK OLYMPIC STADIUM“. Tekfeninsaat.com. Посетено на 2016-08-07.
  2. „Atatürk Olimpiyat Stadyumu – World of Stadiums“. Worldofstadiums.com. 2002-07-31. Посетено на 2016-08-07.
  3. „Pitch Renovation Work Begins“. Stoke City. Посетено на 18 May 2016.
  4. „Stat Arama Detay TFF“. Tff.org. Посетено на 2016-08-07.
  5. „2006-07 UEFA CL Statistics handbook“ (PDF). Kassiesa.net. Посетено на 2016-08-07.
  6. „İşte derbi ile ilgili gerçek rakamlar“. haber1903. Посетено на 25 September 2013.
  7. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 27 септември 2013. Посетено на 2013-09-23.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
  8. „UCL Report Cover 07“ (PDF). Uefa.com. Посетено на 2016-08-07.
  9. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 27 септември 2013. Посетено на 2013-09-23.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
  10. „Attendance record broken as Dynamo beat Everton - UEFA Europa League - News“. UEFA.com. 2015-03-19. Посетено на 2016-08-07.
  11. „UEFA Europa League - Timeline“. Facebook. Посетено на 2016-08-07.
  12. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 27 September 2013. Посетено на 2013-09-23.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Фелтинс Арена
Гелзенкирхен
Лига на шампиони во фудбал
Финален натпревар

2005
Наследник
Стад де Франс
Сен Дени