Прејди на содржината

Оле фон Бојст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оле фон Бојст
Оле фон Бојст на германско-американската парада во 2006
Прв градоначалник на Хамбург
На должноста
31 октомври 2001 – 25 август 2010
Претходник Ортвин Рунде
Наследник Кристоф Алхаус
Претседател на германскиот Бундесрат
На должноста
2007–2008
Претседател Хорст Келер
Канцелар Ангела Меркел
Претходник Харалд Рингсторф
Наследник Петер Милер
Лични податоци
Роден(а) Карл-Фридрих Арп Оле фон Бојст
13 април 1955(1955-04-13)(69 г.)
Хамбург, Германија
Националност Германец
Партија Христијанска демократска унија (Германија)
Живеалиште Хамбург
Установа Хамбуршки универзитет
Вероисповед Лутеранство
Потпис

Карл-Фридрих Арп Оле Фрајхер фон Бојст, обично познат како Оле фон Бојст, роден на 13 април 1955, во Хамбург, Германија, бил Прв градоначалник на градот-покраина (Freie und Hansestadt) Хамбург од 31 октомври 2001 до 25 август 2010, а од 1 ноември 2007 и како Претседател на Бундесратот со едногодишен мандат.[1] Тој бил наследен како градоначалник од Кристоф Алхаус.

Живот и работа

[уреди | уреди извор]

Тој е син на Ахим Хелге Фрајхер фон Бојст и Хана Волф, кои биле сметани за полу-Евреи во Нацистичка Германија.[2] По неговиот татко, тој е наследник на саксонскиот и австриски гроф Фридрих Фердинанд фон Бојст.

Во 1971, фон Бојст станал член на конзервативната Христијанска демократска унија (CDU). Во 1973, по завршувањето на средното училиште, работел за групата CDU во парламентот на градот-покраина Хамбург („Bürgerschaft“), место кое го држел додека не почнал да студира право во 1975 на Хамбуршкиот универзитет.[2] Од 1977 до 1983 бил претседател на младинската организација на неговата партија. Од 1978, Бојст бил член на покраинскиот парламент во Хамбург.[2] Во 1983, успешно ги завршил неговите студии и станал независен адвокат.[2]

Бил член на владејачкиот совет на хамбуршката подружница на CDU од 1992 и на националниот владејачки совет на партијата од 1998.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Во август 2003, во Хамбург изби скандал, кога Фон Бојст го разреши заменик-градоначалникот Роналд Шил. Причината беше таа што Шил го отпушти Волтер Велингхаусен, советник за прашања од областа на внатрешната безбедност на Фон Бојст, без притоа да се консултира со градоначалникот, по што следуваа закани за аутинг на Фон Бојст и други лични закани. Сепак, Фон Бојст не го повлече отпуштањето на Шил, по што следуваше прес-конференција на која Шил говореше за “хомосексуалната врска“ на градоначалникот со Роџер Куш, министер за правда на Хамбург. Вон Беуст ја негираше изјавата.

По неговата прес-конференција, Шил се здоби со репутација на анти-геј политичар, што резултираше со остри демонстрации на ЛГБТ асоцијациите, а локалните радиостаници го исмеваа Шил со песната “Мега-јужњак“. Подоцна, Шил ја повлече изјавата, со објаснување дека му пречел само непотизмот на Фон Бојст и дека немал право да се меша во неговите приватни работи. На наредната прес-конференција, тој изјави “Немам ништо против хомосексуалците“.

Во интервју некое време подоцна, таткото на Фон Бојст потврди дека неговиот син е геј. Фон Бојст, сепак, смета дека сексуалната ориентација е приватна работа, па на прашањата на новинарите, тој иронично, за одговор ги упатува кај неговиот татко.

На 24 февруари 2004, изборите во Хамбург завршија со неочекувана победа за Оле фон Бојст и ХДУ, а партијата освои апсолутно мнозинство (47,2%) во државниот Парламент на Хамбург. На изборите од 2008, ХДУ победи со 42,6% од гласовите.

  1. Präsidenten des Bundesrates seit 1949, Архивирано од изворникот на 2008-06-25, Посетено на 2008-11-10 (германски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Munzinger Online; s.v. Ole von Beust

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]