Нора Џонс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нора Џонс
Џонс на Канскиот филмски фестивал (2007)
Биографски податоци
Роден(а)30 март 1979 год.
Бруклин (Њу Јорк), САД
ПотеклоДентон (Тексас), САД
ЖанровиЏез, кантри, поп
ЗанимањаМузичар, текстописец, композитор
ИнструментиВокал, пијано
Период на активност2001 - сѐ уште
ИздавачиBlue Note Records
СоработнициThe Little Willies, Foo Fighters, Дејв Грол, Реј Чарлс, Вили Нилсон
Мреж. местоnorahjones.com

Нора Џонс (англиски: Norah Jones; родена на 30 март 1979 во Бруклин, САД) е американска пејачка.[1]

Соло кариерата ја започнала во 2002 година со издавањето на нејзиниот деби албум Come Away with Me. Таа плоча била совршен спој на џез, кантри и поп музика, што на пејачката и донела пет Греми награди следната година.[2] Албумот се продал во 11 милиони примероци во САД и 26 милиони ширум светот.[3] До ден денес, пејачката има објавено пет студиски албуми, сите наградени со платинести уверенија за милионски тираж.[4] Сите нејзини студиски дискови добиле поволни оценки и рецензии од страна на музичките експерти.[5]

Во досегашната кариера, Џонс има освоено девет Греми признанија, а нејзините музички изданија се продале во 50 милиони копии на светско ниво.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албум Година
Come Away with Me 2002
Feels Like Home 2004
Not Too Late 2007
The Fall 2009
Little Broken Hearts 2012

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dilworth, Thomas J.. „What's Next for Norah Jones?“, ABC News, 6 јули, 2007 (посет. 19 ноември, 2009 г). „Shankar officially changed her name to Norah Jones when she was 16, and has been using it ever since.“
  2. CNN.com – Norah Jones sweeps Grammy Awards – Mar. 10, 2003“, Edition.cnn.com, 28 февруари 2003 (посет. 19 август 2010 г).
  3. Brown, Helen. „Norah Jones, Little Broken Hearts, CD review“, The Telegraph, 27 април 2012 (посет. 30 јули 2012 г).
  4. "Gold & Platinum – 19 август, 2010". RIAA. конс. 2010-08-19. 
  5. "Come Away With Me Reviews, Ratings, Credits, and More at Metacritic". Metacritic.com. 2002-02-26. конс. 2010-08-19. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]