Нигјар Рафибејли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нигјар Рафибејли
Stamps of Azerbaijan, 2013-1088.jpg
Поштенска марка на Азербејџан, 2013 година
Роден/а23 јуни 1913(1913-06-23)
Ганџа, Азербејџан
Починат/а9 јули 1981(1981-07-09) (на 68 години)
Баку, Азербејџан
Занимањеписател
ДецаАнар Рзајев

Нигјар Худадат кизи Рафибејли (азерски: Nigar Xudadat qızı Rəfibəyli) (1913-1981, Баку) — азербејџански писател и претседател на Унијата на писатели на Азербејџан. Таа била мајка на Анар Рзајев, писастел на романи и кратки раскази и сопруга на познатиот писател и поет Расул Рза.[1]

Yellow cartouche
Red cartouche
Родителите на Нигјар Рафибејли, Худадат бег Алекпер оглу Рафибеков и Јавахир-ханум.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Нигјар Рафибејли беше родена на 23 јуни 1913 година во градот Ганџа. Нејзините родители биле медицински хирурзи. Нејзиниот татко, Худадат Рафибејли беше првиот азербејџански хирург кој студирал во Европа. Во 1919 година, тој стана гувернер на провинцијата Ганџа во периодот на предсоветската независност на Демократска Република Азербејџан (1918-1920), но тој наскоро беше уапсен на иницијатива на ерменските болшевици и испратен на островот Нарген, каде што тој беше убиен од страна на болшевичките војници во 1920 година.[2] Нигјар Рафибејли завршила училиште во Ганџа и се пресели во Баку за нејзиниот високо образование. Студирала на Педагошкото техничко училиште. Таа предава во училиштето, но секогаш се пишувала романи. Нејзината прва песна, наречена "Чадра" (превез на азербејџански), беше објавена во списанието "Дан Ulduzu" во 1928 година. Во перодот од 1930-1932 таа работеше во студиото Azerbaijanfilm.

Плакета на зградата каде Расул Рза и Нигјар Рафибејли живееле во Баку.

Подоцнежни години[уреди | уреди извор]

По нејзиното враќање од Москва во 1931 година, таа работеше во издавачката куќа Азернешр како уредник и преведувач во одделот за фикција. Рафибејли потоа ги продолжи своите студии во Москвскиот педагошки универзитет. Додека студирала во Москва, нејзината прва колекција на песни беше објавена во Баку. Во периодот од 1937-1939, таа работеше во издавачката куќа Ушакнешр. Почнувајќи од 1940 година до крајот на нејзиниот живот, таа преведе на азербејџански многу дела на познати поети и писатели на народите на СССР, како што се Алишер Навои, Шилер, Пушкин, Лермонтов, Шевченко и други.

За нејзините креативни заслуги и голем придонес на азербејџанската литература, таа беше наградена со Орденот на знакот на честа. Многу од делата на Нигјар Рафибејли беа посветени на романтизмот, мајчинството, природата и татковината.[3]

Нигјар Рафибејли почина на 9 јули 1981 година. Една од улиците во Баку е именувана во нејзина чест.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Reminscences of Uzeyir Hajibeyov". конс. 17 July 2010. 
  2. "Azerbaycan qadini – Nigar Rafibeyli". конс. 17 July 2010. 
  3. "Selected novels of Nigar Rafibeyli". Архивирано од изворникот на 6 July 2011. конс. 17 July 2010. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]