Невролептичен злоќуден синдром
Невролептичен злоќуден синдром (НМС) е живото-загрозувачка реакција која може да се појави како одговор на употребата на невролептичен или антипсихотичен лек.[1] Симптомите вклучуваат треска, конфузија, ригидна мускулатура, варијабилност на крвниот притисок, потење, и забрзана срцева честота.[1] Можните компликации вклучуваат рабдомиолиза, хиперкалиемија, бубрежна слабост, и епилептични напади.[1][2]
Било кој лек од групата на невролептици може да ја предизвика оваа состојба, иако ризикот е поголем кај типичните антипсихотици отколку кај атипичните.[1] Симптомите вообичаено се појавуваат неколку недели од почетокот на терапијата, но може да се појават и во било кое време.[1] Ризик-факторите вклучуваат дехидратација, агитација и кататонија.[3] Брзо намалување на употребата на леводопа може да биде тригер за оваа состојба.[1] Механизмот на настанување вклучува блокада на допаминските рецептори.[1] Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите.[2]
Третманот вклучува престанок на земање на лекот, брзо ладење, и започнување со употреба на други лекови.[2] Лекови кои се користат се дантролен, бромокриптин и диазепам.[2] Ризикот за смртност кај заболените е околу 10%.[3] Многу од пациентите можат повторно да започнат со употреба на антипсихотик, во пониска доза.[2]
Помеѓу пациентите во психијатриски болници кои примаат невролептици околу 15 на 100,000 пројавуваат НМС на годишно ниво.[1] Мажите се почесто погодени од жените.[1] Во втората половина на 20 век стапките биле поголеми од денес, со околу 2% од луѓето во болниците на годишно ниво.[1] Оваа состојба за првпат била опишана во 1956 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Berman, BD (January 2011). „Neuroleptic malignant syndrome: a review for neurohospitalists“. The Neurohospitalist. 1 (1): 41–7. doi:10.1177/1941875210386491. PMC 3726098. PMID 23983836.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Neuroleptic Malignant Syndrome - NORD (National Organization for Rare Disorders)“. NORD (National Organization for Rare Disorders). 2004. Архивирано од изворникот на 19 February 2017. Посетено на 1 July 2017.
- ↑ 3,0 3,1 Strawn JR, Keck PE, Caroff SN (2007). „Neuroleptic malignant syndrome“. The American Journal of Psychiatry. 164 (6): 870–6. doi:10.1176/ajp.2007.164.6.870. PMID 17541044.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |
|