Од Википедија — слободната енциклопедија
На оружје (бугарски: На оръжие) е хектографиран весник на Македонската револуционерна организација, издаваан во Битола. Тој е уредува од Васил Пасков и Михаил Герџиков (со прекар Тодор Луканов), во уредувањето помагал ученичкиот кружок во Битолската егзархиска гиманзаија, во кој влегувале: Георги Баждаров, Христо Силјанов, Тале Христов, Трпен Марков, Лазар Москов и други [1]. Пере Тошев и Ѓорче Петров исто така од своја страна ја помагале работата на весникот. Од весникот се издадени вкупно девет броја во тираж од 30-40 примероци [2].
- ↑ Спомени на Георги Попхристов [1]
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1004