Национална библиотека „Свети Кирил и Методиј“ - Софија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национална библиотека „Свети Кирил и Методиј“
National Library, Sofia, Bulgaria.jpg
Општи податоци
ГрадСофија
ЗемјаБугарија

Национална библиотека Свети Кирил и Методиј или НБКМ (бугарски: Национална библиотека „Св. св. Кирил и Методий“) — национална библиотека на Бугарија, сместена во градот Софија, Бугарија. Оваа библиотека е национална на целата земја, најстар културен институт кој бил создаден по ослободувањето на Бугарија во 1878 година, како и најголема во земјата.

Библиотеката се наоѓа веднаш до Софискиот универзитет.

Историјата околу создавањето на библиотеката започнува на 10 декември 1878 година, кога по идејата софискиот учител Михаил Буботинов била создадена комисија чиј претседател станал Марин Дринов. Така, на 17 јуни 1879 година библиотеката била основана како Бугарска народна библиотека. Во текот на нејзината историја, таа на неколку пати била проширувана, но и рушена, посебно по бомбардирањето на Софија во 1944 година. Новата зграда била направена по крајот на Втората светска војна, односно на 16 декември 1953 година.

Денес, библиотеката дава повеќе услуги на своите клиенти, како користење на нејзините матреијали, интернет и копирање. Таа своите материјали не ги дава на своите клиенти, доколку не е договорено поинаку.

Координати: 42°41′41″N 23°20′10″E / 42.69472° СГШ; 23.33611° ИГД / 42.69472; 23.33611