Национален дендролошки парк „Софијивка“
| Софијивка Софіївкa | |
| Национален дендролошки парк | |
План на паркот | |
| Земја | Украина |
|---|---|
| Област | Черкаска Област |
| Урбани области | Уман |
| Знаменитости | Пештера "Печурка", Ружина градина, Англиска градина, Водопад |
| Езера | Долен Рибник, Женевско Езеро |
| планина | Кавкаска Планина |
| Градба | Градба на научна уметност |
| Река | Река Камјанка, Река Акеронт |
| Координати | 48°45′51″N 30°14′37″E / 48.76417°N 30.24361°E |
| Површина | 1,79 км2 |
| Растенија | Taxodium, Смрча, Liriodendron tulipifera, Ginkgo biloba, Platanus |
| Дендролошки парк | 1991 |
| - Споменик | 1929 |
| - Главно школо за градинарство | 1859 |
| - приватен парк | 1796 |
| Раководство | Национална академија на науките на Украина |
| - местоположба | Киев |
| Посетители | 500 |
| IUCN категорија | IV - Животна средина/раководство со видови |
| Автор | Лудвик Мецел |
| Прв сопственик | Станислав Потоцки |
| Препознатливост | Седум чуда на Украина |
| Портал: www.sofiyivka.org.ua | |
Софијин парк или Софијивка (украински: Софіївський парк, полски: Zofiówka) – ботаничка градина (арборетум) и научно-истражувачки институт на Националната академија на науките на Украина.
Паркот е сместен во северниот дел на градот Уман, Черкаска Област во средишна Украина, во близина на реката Камјанка. Некои подрачја на паркот потсетуваат на англиска градина. Денес паркот е популарно место за рекреација, годишно го посетуваат 500 000 посетители.
Паркот го основал полскиот благородник Станислав Потоцки во 1796 година и го именувал по својата жена, Гркинка, која се викала Софија Потоцка. Софијивка е убав симбол на градинарскиот дизајн од почетокот на XIX век. Во паркот има повеќе од 2 000 дрвја и грмушки (локални и егзотични) меѓу кои се таксодиум, платани, гинко, и многу други.
Во 1985 година малата планета #2259 е наречена „Софијивка“ според овој парк.
Софијиниот парк е на списокот на „Седумте чуда на Украина“, седумте најпосетувани знаменитости од историја на Украинаукраинската историја.
Галерија
[уреди | уреди извор]Софијивка | |||||||||||