Надја Команечи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Надја Команечи
Nadia Comaneci 1977.jpg
Надја Команечи во 1977 година
Лични податоци
Полно име Надја Елена Команечи
Државјанство • Романско
• Американско
Роден(а) 12 ноември 1961 (1961-11-12) (воз. 55 г.)
Онешт, Романија
Висина &100000000000001630000001,63 м
Спорт
Земја  Романија
Спорт Гимнастика
Повлечен(а) 1981

Надја Елена Команечи (родена на 12 ноември 1961 г.) — поранешна романска гимнастичарка, освојувачка на три златни медали на Летните олимписки игри 1976 во Монтреал и прва гимнастичарка која добила совршен резултат 10 во олимписка гимнастичка дисциплина. Таа исто така освоила два златни медали на Летните олимписки игри 1980 во Москва. Таа е една од најпознатите гимнастичарки во светот.[1][2][3] Во 2000 година, Команечи била именувана како една од спортистите на векот од Светската спортска академија Лауреус.[4]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Надја Елена Команечи е родена во Онешт, Романија, како ќерка на Георге и Стефанија-Александрина Команечи.[5][6] Нејзината мајка била инспирирана да и го даде името Надја од руски филм кој го гледала додека била бремена, во кој хероината се викала Надја, деминутивна верзија од руското име Надежда, што значи „надеж“. Таа има брат Адријан кој е четири години помлад од неа.[7]

Гимнастичка кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Команечи започнала да се занимава со гимнастика уште додека одела во градинка со локалната екипа наречена „Пламен“, со тренерите Дункан и Мунтеану.[8][9] На 6-годишна возраст таа била избрана да присуствува во експерименталното гимнастичко училиште на Бела Кароли откако Кароли ја забележал неа и нејзина другарка како прават гимнастички ѕвезди во училишниот двор.[5][10][11] Кароли барал гимнастичари кои може да ги тренира од рана возраст и ги видел двете девојчиња за време на одмор меѓу часовите. Кога одморот завршил двете девојчиња истрчале внатре. Кароли започнал да ги пребарува училниците со цел да ги најде девојчињата, конечно забележувајќи на Надја во една училница. (Другото девојче, Виорика Димитру станала една од најдобрите романски балерини.) Таа започнала да тренира со Кароли на 7-годишна возраст во 1968 година. Таа била една од првите ученици во гимнастичкото училиште основано во Онешти од Бела и неговата сопруга, Марта.[12]

Команечи завршила на 13. место на своето прво државно првенство на Романија во 1969 година, на 8-годишна возраст. Бела Кароли мислел дека тоа е несреќен знак и ѝ подарил кукла да ја потсетува никогаш повеќе да не заврши на 13. место.[13] Една година подоцна, во 1970, таа започнала да се натпреварува како член на градската екипа на Онешти и станала најмладата гимнастичарка во историјата која победила на државното првенство на Романија.[5] Во 1971 година, таа учествувала на своето прво меѓународно натпреварување, двоен натпревар помеѓу Романија и Југославија, каде ја освоила својата прва титула во повеќебој и придонела романската екипа да победи во екипниот повеќебој. Во следните неколку години, таа се натпреварувала како јуниор во бројни државни првенства на Романија и во дополнителни двојни натпревари со земји како Унгарија, Италија и Полска.[14] На 11-годишна возраст, во 1973 година, таа го освоила златниот медал во повеќебој, како и титулите во прескок и двовисински разбој, на јуниорскиот пријателски турнир (Дружба) кое било значајно меѓународно натпреварување за јуниорски гимнастичари.[14][15]

Првиот голем меѓунароен успех, Команечи го постигнала на 13-годишна возраст на Светското првенство 1975 во Шијен, Норвешка, како победила во повеќебој и го освоила златните медали во сите дисциплини освен во партер каде завршила на второто место. Истата година таа го продолжила успехот на државното првенство на Романија каде победила во повеќебој, прескок, греда и двовисински разбој. На пред-олимпиското тестирање во Монтреал, Команечи победила во повеќебој и во дисциплината греда, а ги освоила сребрените медали во прескок, партер, и двовисински разбој завршувајќи зад искусната советска гимнастичарка Нели Ким, која ќе биде една од најголемите нејзини конкурентки во следните пет години.[14]

Во март 1976 година, Команечи се натпреварувала на првото издание од Американскиот куп во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Таа добила совршена оцена десет во прескок во квалификациите и финалето и победила во повеќебој.[16] Команечи исто така добила десетки во дисциплините прескок и двовисински разбој на Чуничи купот во Јапонија.[17] Поради одличните резултати во 1975 година, таа била прогласена за спортистка на годината од страна на United Press International (UPI).[18]

Летни олимписки игри 1976[уреди | уреди извор]

Романска поштенска марка од 1976 година во чест на Команечи.

На 14-годишна возраст, Команечи била една од ѕвездите на Летните олимписки игри 1976 во Монтреал. За време на екипниот задолжителен дел од натпреварувањето на 18 јули, нејзината вежба на двовисински разбој била оценета со соврешна десетка.[19] Тоа било прв пат во модерната олимписка историја во гимнастика да биде доделена оцена десет.[20] Кога од Omega SA, традиционалниот олимписки изработувач на семафори, запрашале дали ќе бидат потребни четири бројки за натпреварите во гимнастика, било кажано дека совршена 10.00 е невозомжно да се додели.[21] Наместо тоа совршените оцени на Надја биле прикажани како 1.00.[22] Публиката првично била збунета, но набргу сфатила и ѝ дала силни овации.[20] Во текот на игрите, Команечи добила уште шест совршени десетки, освојувајќи ги златните медали во повеќебој, греда, и двовисински разбој и бронзениот медал во партер. Покрај овие медали, таа заедно со романската екипа го освоила и сребрениот медал во екипен повеќебој.[23]

Команечи станала првата романска гимнастичарка која ја освоила олимписката титула во повеќебој. Таа исто така е сопственик на рекордот за најмлада олимписка победничка во повеќебој. Со ревидираната граница во поглед на годините во спотот (гимнастичарите сега мораат да имаат 16 години во календарската година за да се натпреваруваат на Олимписките игри; во 1976 година гимнастичарите морале да имаат 14 години на првиот ден на натпреварување[24]), моментално е невозможно легално да се собори овој рекорд.

1977–1980[уреди | уреди извор]

Команечи успешно ја одбранила својата европска титула во повеќебој на Европското првенство во 1977 во Прага, но кога се покренале прашања околу оценувањето, претседателот на Романија, Николае Чаушеску наредил на романските гимнастичари да се вратат дома. Екипата ги проследила наредбите и контроверзно го напуштила првенството за време на финалните натпревари.[8][25]

По првенството, романската гимнастичка федерација ја разделила Команечи од нејзините долгогодишни тренери, Бела и Марта Кароли, и ја испратила во Букурешт да тренира во спортскиот комплекс 23 август. Оваа промена не се одразила позитивно на Команечи. Борејќи се со стресот поради разводот на нејзините родители и новата тренинг средина, таа била исклучително несреќна и поради тоа страдале нејзината гимнастика и вкупна кондиција.[8][26] Команечи се натпреварувала на Светското првенство во 1978 во Стразбур изгледајќи покрупно и надвор од форма; и исто така неколку центиметри повисока од Монтреал.[21] Поради падот во дисциплината двовисински разбој таа го освоила четвртото место во повеќебојот зад Елена Мухина, Нели Ким, и Наталија Шапошникова. Сепак, Команечи успеала да ја освои светската титула во дисциплината греда, и сребрениот медал во прескок.[21]

По Светското првенство, на Команечи и било дозволено да се врати во Дева и кај поранешните тренери Бела и Марта Кароли.[27] Во 1979 година, повторно слаба и мотивирана, Команечи ја освоила својата трета последоватена титула во повеќебој, со што станала првиот гимнастичар во историјата, маж или жена, која го постигнала тој успеа. На Светското првенство во декември, Команечи ја предводела романската екипа но била хоспитализирана пред екипниот изборен дел од натпреварувањето поради труење на крвта предизвикано од исекотина на нејзиниот зглоб. Против наредбите на лекарите, таа ја напуштила болницата и се натпреварувала на греда, постигнувајќи резултат од 9.95. Нејзиниот настап помогнал романската екипа да го освои својот прв златен медал од Светските првенства. По натпреварувањето, Команечи поминала неколку дена во болница закрепнувајќи по малата хируршка операција на нејзината рака, на која се развил апсцес.[28][29][30]

Команечи се натпреварувала на Летните олимписки игри 1980 во Москва, каде завршила на второто место, и загубила со мала разлика од Јелена Давидова во повеќебојот. Таа успешно ја одбранила својата олимписка титула на греда и била изедначена со Нели Ким за златниот медал на партер. Во екипниот повеќебој, романската екипа го освоила сребрениот медал.

Команечи се повлека од натпреварувањата во 1981 година. Нејзиното свечено пензионирање се одржало во Букурешт во 1984 година во присуство на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет.[22]

Награди[уреди | уреди извор]

Команечи била наградена со олимпискиот орден, највредната награда доделена од Меѓународниот олимписки комитет во 1984 и 2004 година. Таа е единствената личност која го добила ова признание два пати, и исто така е најмладиот добитник. Во 1993 година, таа била примена во Меѓународната гимнастичка куќа на славни.[31]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Columbia Electronic Encyclopedia, 6th ed. (2007). „Gymnastics“. infoplease.com. http://www.infoplease.com/ce6/society/A0822234.html. конс. 6 септември 2007 г. 
  2. British Olympic Association (2007). Gymnastics history „British Olympic Association“. British Olympic Association. http://www.olympics.org.uk/sporthistory.aspx?gt=S&sp=GA Gymnastics history. конс. 6 септември 2007 г. 
  3. „Munchkin leads European charge of gymnastics“. CBS Sports. 3 јуни 2008. архивирано од оригиналот на 20 август 2009. http://web.archive.org/web/20090820035252/http://www.cbc.ca/olympics/gymnastics/story/2008/05/14/f-olympics-womengymnastics-history.html. конс. 11 јуни 2013 г. 
  4. Nadia Comaneci“, „CNN“, 7 јули 2008.
  5. 5,0 5,1 5,2 "Olympic Champion Nadia Comăneci Young Athlete, August 1978
  6. Nadia Comaneci (2011). Letters to a Young Gymnast. Basic Books. стр. 4. ISBN 978-0-465-02505-3. http://books.google.com/books?id=EgrSsWHgfyUC&pg=PA4. 
  7. Letters to a Young Gymnast. Comăneci, Nadia. 2004, Basic Books. ISBN 0-465-01276-0 pg. 5
  8. 8,0 8,1 8,2 Whatever Happened to Nadia Comăneci? Barbara Fisher and Jennifer Isbister, 2003, Gymnastics Greats.com
  9. Letters to a Young Gymnast. Comăneci, Nadia. 2004, Basic Books. ISBN 0-465-01276-0 pg.
  10. Nadia Comaneci (2011). Letters to a Young Gymnast. Basic Books. стр. 17-19. ISBN 978-0-465-02505-3. http://books.google.com/books?id=EgrSsWHgfyUC&pg=PA17. 
  11. Deford, Frank. "Nadia Awed Ya". Sports Illustrated. August 2, 1976.
  12. Letters to a Young Gymnast. Comăneci, Nadia. 2004, Basic Books. ISBN 0-465-01276-0 pg. 19
  13. Mehrhof, J. H. (2001). „Nadia Comăneci“. History Reference Center (from Great Athletes, Salem Press, p. 473). EBSCO Industries, Inc.. http://web.ebscohost.com/hrc/detail?vid=3&sid=cf6d239e-aa99-4f31-934c-3fee9655ec90%40sessionmgr4&hid=17&bdata=JnNpdGU9aHJjLWxpdmU%3d#db=khh&AN=39053129. конс. 23 јануари 2013 г. 
  14. 14,0 14,1 14,2 List of competitive results Gymn-Forum
  15. Letters to a Young Gymnast. Comăneci, Nadia. 2004, Basic Books. ISBN 0-465-01276-0 pg. 27–28
  16. "Gymnast Posts Perfect Mark" Robin Herman, New York Times, March 28, 1976.
  17. „Scores for 1976 Chunichi Cup“. Gymn Forum. 9 јануари 2001. архивирано од оригиналот на 8 јануари 2009. http://web.archive.org/web/20090108150337/http://www.gymn-forum.net/Results/CCup/Women/1976.html. конс. 11 јуни 2013 г. 
  18. UPI Athletes of the Year
  19. „Biography: COMANECI, Nadia“. U.S. Gymnastics Hall of Fame. http://www.usghof.org/files/bio/n_comaneci/n_comaneci.html. конс. 17 јули 2011 г. 
  20. 20,0 20,1 Cousineau, Phil (2003). The Olympic Odyssey: Rekindling the True Spirit of the Great Games. Quest Books. стр. 160–161. ISBN 0835608336. 
  21. 21,0 21,1 21,2 50 stunning Olympic moments No5: Nadia Comaneci scores a perfect 10“, „The Guardian“, 14 декември 2011 (конс. 31 јули 2012 г).
  22. 22,0 22,1 Ziert, Paul (2005). „Still A Perfect 10“. Olympic Review. архивирано од оригиналот на 27 јуни 2008. http://web.archive.org/web/20080627102550/http://www.olympic.org/upload/news/olympic_review/review_2005628172259_UK.pdf. конс. 13 јуни 2013 г. 
  23. Legends: Nadia Comăneci International Gymnast magazine
  24. „Within the International Federations“. Olympic Review. 1980. архивирано од оригиналот на 8 август 2010. http://web.archive.org/web/20100808171711/http://www.la84foundation.org/OlympicInformationCenter/OlympicReview/1980/ore155/ORE155p.pdf. конс. 13 јуни 2013 г. 
  25. Letters to a Young Gymnast. Comăneci, Nadia. 2004, Basic Books. ISBN 0-465-01276-0 pg. 61–62
  26. Letters to a Young Gymnast. Comăneci, Nadia. 2004, Basic Books. ISBN 0-465-01276-0 pg. 64–68
  27. Letters to a Young Gymnast. Comăneci, Nadia. 2004, Basic Books. ISBN 0-465-01276-0 pg. 68–72
  28. "Nadia." The Epistle, (All Saints Episcopal Hospital), January 1980
  29. Letters to a Young Gymnast. Comăneci, Nadia. 2004, Basic Books. ISBN 0-465-01276-0 pg. 87–91
  30. Little Girls in Pretty Boxes. Ryan, Joan. 1995, Doubleday. ISBN 0-385-47790-2
  31. „Nadia Comaneci“. International Gymnastics Hall of Fame. 2006. архивирано од оригиналот на 4 јуни 2008. http://web.archive.org/web/20080604165618/http://www.ighof.com/honorees/honorees_nadia.html. конс. 11 јуни 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]