Митишчи
Митишчи Мытищи | |
---|---|
- Населено место - | |
![]() Voloshinoy Street in Mytishchi | |
![]() | |
Админ. статус (Септември 2013 година) | |
Земја | Русија |
Општински статус (Јуни 2012 година) | |
Градско место | Митишчи урбана населба |
Leader | Александар Казаков |
Статистики | |
Население (Попис 2010) | 173.160 жит.[1] |
- Ранг (2010) | 105 |
Основан | 1460 |
Тековен статус од | 1925 |
Пошт. бр. | 141000–141002, 141004–141011, 141013–141018, 141020, 141021, 141023–141029, 141037–141043, 141045–141050, 141053, 141056–141059, 141101–141132, 141941–141945, 994003–994005 |
Повик. бр. | +7 495 |
Митишчи (Мытищи) е град во Русија во Московска област. Се наоѓа на 19 -km североисточно од Москва, на реката Јауза што се влева во рекаљта Москва) и железничката пруга Москва-Јарослављ. Градот представува административен и образовен центар на Митишчинскиот дистрикт. Познат е по својот акведукт, изграден од 1779—1804 година, по наредбата на Катарина II, кој представувал прво средство за снабдување на Кремљ со чиста вода. Према пописот на населението од 2010 година во градот живеело 173.341 житела.
Историја[уреди | уреди извор]
Областа на денешен Митишичи најпрво била населена од ловци и рибари околу 6-8 милениуми п.н.е., т.е. во доцниот период на камено доба. Во 8-9 век просторот го населиле Словенските племиња (Вјатичи и Кривичи). Денеска во Митишчиј и околу него постојат околу десетина вакви населби од периодот од 11 до 13 век. Населбата под сегашното име постои од 1460 година, тесно поврзана со пристаништето на реката Јаузе. Тоа бил важен центар за трговија каде што трговците требало да плаќаат даноци. Населбата и го добила името по корупција (мито, јазик руски мыт)., а од 19 век е преименувана во Голем Митишчи (Большие Мытищи). Годината 1862 низ Големиот Митишчи е изградена железничка пруга.
Статусот на градот оваа населба го добила на 17 август 1925 година.
Население[уреди | уреди извор]
Во средината на 19 века бројот на населението изнесувал 389 жители. Денеска, Митишчи е трет по бројот на жители, после Подољск и Љуберци. Според прелиминарните податоци од пописот, во градот во 2010 година живеело 173.341 житела, 13.441 (8,41%) повеќе од во 2002 година.
{{ДемографијаРУ |1939=60118 |1959=98606 |1970=118653 |1979=140656 |1989=154068 |2002= 159900
Привреда[уреди | уреди извор]
Митишчи е најголем индустријски центар во регионот, каде најразвиено е машинското производство на на оружје, машинско инженерство на (вагони за Метро), но постојат и погони за електромеханика, производство на вештачка смола, линолеум, пластика итд.
Партнерски градови[уреди | уреди извор]
Види уште[уреди | уреди извор]
- Јуриј Безменов, совјетски новинар и контраобавештајац
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Митишчи“ на Ризницата ? |