Меѓународен сојуз за спортска медицина
Fédération Internationale de Médecine du Sport (француски) International Federation of Sports Medicine (англиски) | |
Кратенка | МССМ/FIMS |
---|---|
Основана | 1928 |
Седиште | Куќа на меѓународниот спорт |
Место | Лозана, Швајцарија |
Регион | Свет |
Членство | Национални спортско-медицински здруженија |
Претседател | Фабјо Пигоци (Италија) |
Припадност | Меѓународен олимписки комитет, Светско здружение на меѓународни спортски сојузи, Светска здравствена организација |
Мреж. место | fims.org |
Меѓународен сојуз за спортска медицина (француски: Fédération Internationale de Médecine du Sport, (FIMS); англиски: International Federation of Sports Medicine) е меѓународна организација која се состои од национални здуженија за спортска медицина кои ги опфаќаат сите пет континенти.
Цел
[уреди | уреди извор]Целта на МССМ е да им помогне на спортистите да постигнат оптимални учиноци преку максимизирање на нивниот генетски потенцијал, здравје, исхрана и висококвалитетна медицинска нега и обука.[1]
Создавање и организација
[уреди | уреди извор]Во времето кога биле повторно воспоставени Олимписките игри, биле основани и меѓународни спортски сојузи. Постојните спортски професионалци од тоа време биле под влијание на организацијата на спортот и сфаќањето на важноста за промовирање на идеите на спортската медицина, а на Зимските олимписки игри одржани во Санкт Мориц, Швајцарија во февруари 1928 година, Медицинско-спортското меѓународно здружение било основано (Association International Medico-Sportive; AIMS).[2] Главната цел на оваа Здружение било да соработува со меѓународните спортски сојузи и Меѓународниот олимписки комитет за да обезбеди најдобра медицинска нега за спортистите кои се натпреваруваат на Летните и Зимските олимписки игри.
Првиот меѓународен конгрес за спортска медицина на МСМЗ бил одржан за време на IX-тите Летни олимписки игри одржани во Амстердам, Холандија, во август 1928 година. На состанокот присуствувале најмалку 280 спортски лекари од 20 земји, кои имале можност да проучат многу спортисти кои учествуваат на Игрите преку собирање антропометриски, кардиоваскуларни, физиолошки и метаболички податоци.
Во 1933 година, името на организацијата било Медицинско-спортски и научен меѓународен сојуз (Fédération International Médico-Sportive et Scientifique), додека во 1934 година било Меѓународен сојуз за спортска медицина (Fédération International de Médecine Sportive). Во 1998 година, француското име било видоизменето во Fédération Internationale de Médecine du Sport. Бидејќи МССМ е настанат под капата на Олимписките игри, оваа силна поврзаност со Меѓународниот олимписки комитет (МОК)[3][4] се одразува во петте олимписки прстени во знамето и логото на МССМ. МССМ продолжува да расте како меѓународна заедница на специјалисти за спортска медицина, која ги истражува и практикува најновите техники во медицината за спортисти и други кои водат активен живот.
Мисија
[уреди | уреди извор]МССМ поддржува национални и континентални научни состаноци, е домаќин на нејзиниот двогодишен конгрес за спортска медицина,[5] е домаќин на редовни курсеви за развој на екипни лекари на сите континенти и редовно раздава публикации за важни прашања за спортска медицина.
Публикации
[уреди | уреди извор]- Sports Medicine Position Statements, подготвени од спортска медицина и сродни лекари и организации
- The World of Sports Medicine - тримесечен билтен
- International SportMed Journal (ISMJ) - електронско списание на МССМ
- Team Physicians Manual[6]
Светски конгреси
[уреди | уреди извор]I конгрес: Амстердам, Холандија, 1928 година[7] ХХХ конгрес: Барселона, 2008 година[8]
Признавање
[уреди | уреди извор]- Признаен сојуз; Меѓународен олимписки комитет[3]
- Огранок: Организација на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО)[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ La Cava, G (септември1969). „The Fédération Internationale de Médecine Sportive (F.I.M.S.)“. J Sports Med Phys Fitness. 9: 139–141. PMID 5351787. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ FIMS' Site
- ↑ 3,0 3,1 IOC Site
- ↑ Dirix,A; Knuttgen,H; Tittel,K, et al: "The Olympic book of sports medicine, Volume 1 of Encyclopaedia of sports medicine", Wiley-Blackwell, 1991, Pg 7 [[[ISBN (identifier)|ISBN]] 0-632-03084-4, ISBN 978-0-632-03084-2]
- ↑ Tour Agency Site
- ↑ Chan, KM; Micheli, L (2006). Team Physician Manual (2nd. изд.). FIMS Publ.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 9 март 2009. Посетено на 17 септември 2023.
- ↑ „XXX FIMS WORLD CONGRESS OF SPORTS MEDICINE XXX CONGRESO MUNDIAL DE MEDICINA DEL DEPORTE - 18-23 de noviembre de 2008 Barcelona (Spain) Sports Medicine for a Better World Medicina del deporte para un mundo mejor“.
- ↑ UNESCO Site
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|