Месечеви мени
Месечевите мени — облик на осветлениот дел на Месечината што се набљудува од луѓето, кои се на површината на Земјата. Месечевите мени се менуваат кружно како што Месечината кружи околу Земјата, во согласност со менувањето на релативната положба на Земјата, Месечината и Сонцето. Месечината и Земјата се плимно сврзани, и поради тоа од Земјата секогаш се гледа истата страна на Месечината. Ова согледување е различно поради осветленоста која доаѓа од Сонцето и зависи од положбата на Месечината во својата орбита. Затоа, делот од полутопката кој е видлив за набљудувачите на Земјата може да се менува од 100% (полна месечина) до 0% (млада месечина). Месечевиот самрак е границата помеѓу осветлените и затемнетите области на Месечината. Покрај неколку кратери во близина на месечевите полови како Шумејкер, сите останати делови на Месечината добиваат околу 14,77 дена на сончева светлина проследено со 14,77 денa ноќ (темната страна на Месечината е ознака која се однесува на радио тишината (а не на отсуството на светлина).
Четирите главни месечеви мени се прва четвртина, полна месечина, трета четвртина, и млада месечина (третата четвртина е исто познато како последна четвртина на Месечината). Секоја од четирите мени на Месечината трае околу 7 дена (7,4 дена), но се менува незначително поради месечевата периапсида и перигејот.
Ова се случаите кога, привидната месечева небесна ширина од која се одзема привидната сончева околуземска небесна ширина се добиваат вредностите 0°, 90°, 180° и 270°.
|