Млада месечина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одвивање на месечевите мени

Млада месечина или новина[1]месечева мена во која Месечината, за време на нејзината синодична револуција која трае околу 29,53 дена, е помеѓу Земјата и Сонцето. За време на оваа мена таа не е на ноќното небо. Во текот на денот, фактот дека нејзиното видливо лице не е осветлено од Сонцето и дека е блиску до сончевиот диск, го отежнува набљудувањето со голо око.

Младата месечина понекогаш се смета за моментот на појавување на првата видлива месечина, по астрономска конјункција. Ова се забележува веднаш над хоризонтот на запад, за време на краткиот период помеѓу зајдисонце и зајдувањето на Месечината. Точниот момент, па дури и датумот на оваа појава зависи од географската положба на набљудувачот.

Астрономската млада месечина, по дефиниција се случува токму во моментот на нејзината астрономска конјункција со еклиптичката лонгитуда на Сонцето, како што се гледа од Земјата. Овој момент е единствен и не зависи од географската положба на набљудувачот. Ако Месечината е доволно близу до рамнината на еклиптиката, имаме затемнување на Сонцето.

Астрономски набљудувања[уреди | уреди извор]

Оваа месечева мена е интересна за астрономите бидејќи во овој период Месечината не е видлива во текот на ноќта, а во другите фази нејзината осветленост го попречува посматрањето на небото.

Во фразеологизми во македонскиот јазик[уреди | уреди извор]

  • Од новина на погибел (ретко)[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Новина - млада месечинана Дигиталниот речник на македонскиот јазик

Надворешни врски[уреди | уреди извор]