Список на планини на Месечината

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова е список на именувани планини на Месечината.

Наведените висини се разликуваат, зависно од изворот. Во 1960-тите Военокартографската служба на САД се служеле со појдовница 1.737.988 метри од средиштето на Месечината. Во 1970-тите Одбранбената картографска агенција применувала појдовница од 1.730.000 метри. Топографските податоци од леталото „Клементина“ објавени од 1990-ти поаѓаат од 1.737.400 метри.

Оваа табела не е сеопфатна и не ги содржи највисоките точки на Месечината. Податоците од „Клементина“ покажуваат опсег од 18.100 м меѓу најниското и највисокото место. Највисоката точка, која е на обратната страна од Месечината, е околу 6.500 метри повисока од планината Хајгенс, која вообичаено се смета за највисока планина (како самостојна планина).

Планините и венците носат имиња на земски планини, истакнати научници, лични имиња од разни култури, како и кратери во нивната околина.[1]

Планини[уреди | уреди извор]

Ова е табела на самостојни планини или масиви.

Име Латински Местоположба Пречник
(км)
Висина
(км)
Потекло на името
Агнес Mons Agnes 18°40′ N; 5°20′ E / 18.66° N; 5.34° E / 18.66; 5.34 0,65 0,03 грчко женско име
Ампер Mons Ampère 19°19′ N; 3°43′ W / 19.32° N; 3.71° W / 19.32; -3.71 30 3,0 францускиот физичар Андре Мари Ампер
Андре Mons André 5°11′ N; 120°34′ E / 5.18° N; 120.56° E / 5.18; 120.56 10   француско машко име
Ардешир Mons Ardeshir 5°02′ N; 121°02′ E / 5.03° N; 121.04° E / 5.03; 121.04 8   персиско машко име
Аргеј Mons Argaeus 19°20′ N; 29°01′ E / 19.33° N; 29.01° E / 19.33; 29.01 50   планината Ерџијес во Мала Азија
Бредли Mons Bradley 21°44′ N; 0°23′ E / 21.73° N; 0.38° E / 21.73; 0.38 30 4,2 англискиот астроном Џејмс Бредли
Виноградов[2] Mons Vinogradov 22°21′ N; 32°31′ W / 22.35° N; 32.52° W / 22.35; -32.52 25 1,4 рускиот хемичар Александар Виноградов
Витрувиј Mons Vitruvius 19°20′ N; 30°44′ E / 19.33° N; 30.74° E / 19.33; 30.74 15 2,3 блискиот кратер Витрувиј
Волф Mons Wolff 16°53′ N; 6°48′ W / 16.88° N; 6.80° W / 16.88; -6.80 35 3,5 филозофот Кристијан Волф
Ганау Mons Ganau 4°47′ N; 120°35′ E / 4.79° N; 120.59° E / 4.79; 120.59 14   африканско машко име
Граутхаузен Гама Mons Gruithuisen Gamma 36°34′ N; 40°43′ W / 36.56° N; 40.72° W / 36.56; -40.72 20   блискиот кратер Граутхаузен
Граутхаузен Делта Mons Gruithuisen Delta 36°04′ N; 39°35′ W / 36.07° N; 39.59° W / 36.07; -39.59 20   блискиот кратер Граутхаузен
Делајл Mons Delisle 29°25′ N; 35°47′ W / 29.42° N; 35.79° W / 29.42; -35.79 30   блискиот кратер Делајл
Дилип Mons Dilip 5°35′ N; 120°52′ E / 5.58° N; 120.87° E / 5.58; 120.87 2   индиско машко име
Дитер Mons Dieter 5°00′ N; 120°18′ E / 5.00° N; 120.30° E / 5.00; 120.30 20   германско машко име
Есам Mons Esam 14°37′ N; 35°43′ E / 14.61° N; 35.71° E / 14.61; 35.71 8   арапско машко име
Ла Ир Mons La Hire 27°40′ N; 25°31′ W / 27.66° N; 25.51° W / 27.66; -25.51 25 1,5 францускиот астроном Филип де Ла Ир
Маралди Mons Maraldi 20°20′ N; 35°30′ E / 20.34° N; 35.50° E / 20.34; 35.50 15 1,3 блискиот кратер Маралди
Монблан Mons Blanc 45°25′ N; 0°26′ E / 45.41° N; 0.44° E / 45.41; 0.44 25 3,6 планината Монблан на Алпите
Моро Mons Moro 11°50′ S; 19°50′ W / 11.84° S; 19.84° W / -11.84; -19.84 10   италијанскиот научник Антон Моро
Пенк Mons Penck 10°00′ S; 21°44′ E / 10.0° S; 21.74° E / -10.0; 21.74 30 4,0 германскиот географ Албрехт Пенк
Пико Mons Pico 45°49′ N; 8°52′ W / 45.82° N; 8.87° W / 45.82; -8.87 25 2,4 шпански збор за „врв“
Питон Mons Piton 40°43′ N; 0°55′ W / 40.72° N; 0.92° W / 40.72; -0.92 25 2,3 врвот Ел Питон на планината Теиде, Тенерифе
Римкер Mons Rümker 40°46′ N; 58°23′ W / 40.76° N; 58.38° W / 40.76; -58.38 70 0,5 германскиот астроном Карл Римкер
Усов Mons Usov 11°55′ N; 63°16′ E / 11.91° N; 63.26° E / 11.91; 63.26 15   рускиот геолог Михаил Усов
Хајгенс Mons Huygens 19°55′ N; 2°52′ W / 19.92° N; 2.86° W / 19.92; -2.86 40 4,7 холандскиот астроном Кристијан Хајгенс
Ханстен Mons Hansteen 12°11′ S; 50°13′ W / 12.19° S; 50.21° W / -12.19; -50.21 30   блискиот кратер Ханстен
Хедли Mons Hadley 26°41′ N; 4°07′ E / 26.69° N; 4.12° E / 26.69; 4.12 25 4,6 англискиот пронаоѓач Џон Хедли
Хедли Делта Mons Hadley Delta 25°43′ N; 3°43′ E / 25.72° N; 3.71° E / 25.72; 3.71 15 3,5 блиската планина Хедли
Херодот Mons Herodotus 27°30′ N; 52°56′ W / 27.50° N; 52.94° W / 27.50; -52.94 5   блискиот кратер Херодот

Планински венци[уреди | уреди извор]

Име Латински Местоположба Протег
(км)
Потекло на името
Агриколини Планини Montes Agricola 29°04′ N; 54°04′ W / 29.06° N; 54.07° W / 29.06; -54.07 141 германскиот научник Георгиј Агрикола
Алпи Montes Alpes 48°22′ N; 0°35′ W / 48.36° N; 0.58° W / 48.36; -0.58 281 Алпите во Европа
Апенини Montes Apenninus 19°52′ N; 0°02′ W / 19.87° N; 0.03° W / 19.87; -0.03 401 Апенините во Италија
Архимедови Планини Montes Archimedes 25°23′ N; 5°15′ W / 25.39° N; 5.25° W / 25.39; -5.25 163 блискиот кратер Архимед
Јура Montes Jura 47°29′ N; 36°07′ W / 47.49° N; 36.11° W / 47.49; -36.11 422 венецот Јура во Европа
Кавказ Montes Caucasus 37°31′ N; 9°56′ E / 37.52° N; 9.93° E / 37.52; 9.93 445 венецот Кавказ во Европа и Западна Азија
Карпати Montes Carpatus 14°34′ N; 23°37′ W / 14.57° N; 23.62° W / 14.57; -23.62 361 Карпатите во Европа
Кордиљери Montes Cordillera 17°30′ S; 79°30′ W / 17.5° S; 79.5° W / -17.5; -79.5 574 шпански збор за „планински венец“
Пиринеи Montes Pyrenaeus 14°03′ S; 41°31′ E / 14.05° S; 41.51° E / -14.05; 41.51 164 Пиринеите во Европа
Прави Планини Montes Recti 48°18′ N; 19°43′ W / 48.3° N; 19.72° W / 48.3; -19.72 90 превод од латинскиот назив
Рифејски Планини Montes Riphaeus 7°29′ S; 27°36′ W / 7.48° S; 27.60° W / -7.48; -27.60 189 старогрчки назив на Урал, Русија
Рукови Планини Montes Rook 20°36′ S; 82°30′ W / 20.6° S; 82.5° W / -20.6; -82.5 791 англискиот астроном Лоренс Рук
Секиеви Планини Montes Secchi 2°43′ N; 43°10′ E / 2.72° N; 43.17° E / 2.72; 43.17 50 блискиот кратер Секи
Таур Montes Taurus 27°19′ N; 40°20′ E / 27.32° N; 40.34° E / 27.32; 40.34 172 венецот Таур во Мала Азија
Тенерифски Планини Montes Teneriffe 47°53′ N; 13°11′ W / 47.89° N; 13.19° W / 47.89; -13.19 182 островот Тенерифе
Харбингер Montes Harbinger 26°53′ N; 41°17′ W / 26.89° N; 41.29° W / 26.89; -41.29 90 англиски збор за „предвесник“ (harbinger)
Хемус Montes Haemus 17°07′ N; 12°02′ E / 17.11° N; 12.03° E / 17.11; 12.03 560 старогрчкиот назив на Стара Планина во Бугарија
Шпицбершки Планини Montes Spitzbergen 34°28′ N; 5°13′ W / 34.47° N; 5.21° W / 34.47; -5.21 60 сличноста на Шпицбершките Острови по изглед

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Номенклатурни правила на Меѓународниот астрономски сојуз“. Посетено на 7 ноември 2009. (англиски)
  2. До 1977 г. била наречена Ојлер (Mons Euler), по швајцарскиот научник Леонард Ојлер.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]