Прејди на содржината

Машка кошаркарска репрезентација на Канада

Од Википедија — слободната енциклопедија

Канадска кошаркарска репрезентација

ФИБА ранк 17ти
член на ФИБА од 1936
ФИБА зона ФИБА Америка
Национална федерација Канада Баскетбол
Тренер Лио Ројтинс
Олимписки настапи
Настапи 8
Медали Сребро 1936
Светски првенства
Настапи 11
Медали 0
ФИБА Американски првенства
Настапи 13
Медали Сребро 1980, 1999
Бронза: 1984, 1988, 2001

Канадската кошаркарска репрезентација ја претставува Канада во спортот кошарка и е исто така позната како „Тим Канада“. Оваа е една од репрезентациите под покровителство на Канада Баскетбол, канадската кошаркарска федерација. Најголем успех на репрезентацијата е освојувањето на второто место на ЛОИ во далечната 1936, а во понови времиња, под најдобриот канадски кошаркар на сите времиња, Стив Неш, учеството и освојувањето на седмото место на ЛОИ во Сиднеј во 2000. Канадската репрезентација поминува низ период од транзиција на почетокот на новиот век, но со време, младите играчи добиваат неопходно искуство. Водач на младиот канадски тим од 2007 сè до денес е Семјуел Даламберт од Филаделфија Севентисиксерс од НБА.

ФИБА Квалификации за ЛОИ 2008 одржани во Атина

[уреди | уреди извор]

Канада се извлече од фазата на групи, со минимална победа од 78-76 над Јужна Кореја, со кам-бек во последните минути. Во четврт-феналето, се сретна со Хрватска, и беше убедливо поразена од Хрватите, кои се пласираја и на самите Летни олимписки игри. На мечот против Јужна Кореја и против Хрватска, тренерот Лио Ројтинс го имаше суспендирано неговиот најдобар играч Семјуел Деламберт, запечатувајки ја судбината на Канаѓаните, кои беа ослабени со неиграњето на Стив Неш, Џамал Меглор и суспендираниот Денхам Браун. Извршниот одбор на репрезентацијата одлучи во иднина да самите селектираат репрезентативци, и тренер кој ќе ги води за тој одреден циклус, место тренер/селектор со полно работно време.

Селекција

[уреди | уреди извор]

ФИБА Олимписки Квалификации за Летни олимписки игри 2008 .

# Позиција Име и презиме Година на раѓање Висина Клуб
бекРован Берет1972196 Шалон-Сур-Саон
бекКарл Инглиш1981196 Гран Канарија
бекЏермејн Андерсон1983188 Туебинген
бекТајлер Кепкеј1987182 Универзитетот Јута
бекЕнди Ројтинс1986196 Универзитетот Сиракјус
крилоОлу Фамутими1984198 КК Кимик
крилоЛевон Кендал1985206 КК Панајониос
крилоДејв Томас1976204 КК Мелбурн
крилоХуан Мендез1981208 Ришон
крилен центарЏеси Јанг1980209 КК Естидијантес
центарСемјуел Деламберт1981210 Филаделфија Севентисиксерс
центарЏоел Антони1982207 Мајами Хит
-тренерЛио Ројтинс