Зелена салата
| Зелена салата | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Ред: | Ѕвездовидни |
| Семејство: | Главоцветни |
| Род: | Марула |
| Вид: | Зелена салата |
| Научен назив | |
| Lactuca sativa L. | |
| Хранлива вредност на 100 g (3.5 oz) | |||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Енергија | 55 kJ (13 kcal) | ||||||||||||||||||||||||
2.2 г | |||||||||||||||||||||||||
| Влакна | 1.1 г | ||||||||||||||||||||||||
0.2 г | |||||||||||||||||||||||||
1.4 г | |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
| Други состојки | Количина | ||||||||||||||||||||||||
| Вода | 96 г | ||||||||||||||||||||||||
| †Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[2] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[3] | |||||||||||||||||||||||||
Зелена салата или марула — умерено едногодишно или двегодишно растение кое најчесто се расте како лиснат зеленчук. Во некои земји, како Македонија, се јаде ладна и свежа, во салати, сендвичи, и други јадења, додека во некои, како да речеме Кина, зелената салата се јаде зготвена, и дршката има подеднаква важност како листот.
Зелената салата првично има стебленце (розетен раст), но кога процветува, стеблото се продолжува и разгранува, па дава многу цветни глави кои личат на оние кај глуварчето, само помали. Ова се нарекува прецветување. За да биде јадлива, зелената салата се бере пред да прецвета. Растението е храна за ларви на некои Пеперутки.
Сорти
[уреди | уреди извор]Постојат шест општопризнаени сортни групи на зелена салата (марула), тука подредени по главообразба и стуктурата на листовите. Во рамките на секоја од овие сортни групи постојат стотици сорти на марули избрани по боја и облик на листот, како и по способност да стои подолго:
- Путер салата, има лабави глави; има путереста текстура. Овие се најпопуларни во Македонија и Европа.
- Кинеска салата обично имаат долги, сабјести, главонеобразни листови, со горчлив и робустен вкус за разлика од западните видови, соодветен за потпржени и динстани јадења. Кинеските сорти на марула се делат на дршкоупотребни и листоупотребни видови како јоумајцај (油麦菜) или шенгцај (生菜).
- Кочанеста салата, има цврсти, густи глави како кај зелката. Овие се најслаби по вкус и се користат повеќе заради крцкавата текстура отколку заради вкусот.
- Бескочанеста салата, со нежни, меки и слаби по вкус лисја. Тука спаѓаат назабените и црвенкастите марули.
- Римска салата, наречена и Кос, е главообразен тип со продолжени листови.
- Батависка салата, обликуват умерено густи глави со крцкава текстура; ова е среден тип помеѓу кочанестите и бескочанестите марули.
Некои марули (како кочанестата) се особено одгледани на начин на кој им се отфрлила горчината од листовите. Овие имаат голем процент на вода и мала хранливост. Погорките и попигментираните марули содржат антиоксиданси.
Занимливости
[уреди | уреди извор]
- Лактукариум (или „Марулен опиум“) е блага опијатна супстанција која се содржи во сите видови зелени салати. Затоа старите егпијани и римјани јаделе марула ако сакале поубаво да заспијат.[4]
- Најголемата зелена салата тежела 11 kg, и била од сортата Салад Боул, израсната од Колин Боукок од Виластон, Англија, во 1974.
- Во САД, 95% од сета зелена салата расте во Калифорнија и Аризона.
- Језидите не јадат зелена салата.
Историја
[уреди | уреди извор]Марулата какошто ја знаеме денес започнала како коров по средоземјето. Се служи како храна повеќе од 4500 години, и се јавува низ историјата како на слики во египетски гробници, и во разликувањето на разните видови марула во делата на старогрчките научници. Кристофер Колумбо ја донел марулата во Америка, а со тоа подоцна истата почнала да се одгледува и во САД.
Заболувања
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Марула“. Министерство за земјоделство на САД. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 28 јуни 2012. (англиски)
- ↑ United States Food and Drug Administration (2024). „Daily Value on the Nutrition and Supplement Facts Labels“. FDA. Архивирано од изворникот 2024-03-27. Посетено на 2024-03-28.
- ↑ „TABLE 4-7 Comparison of Potassium Adequate Intakes Established in This Report to Potassium Adequate Intakes Established in the 2005 DRI Report“. стр. 120. In: Stallings, Virginia A.; Harrison, Meghan; Oria, Maria, уред. (2019). „Potassium: Dietary Reference Intakes for Adequacy“. Dietary Reference Intakes for Sodium and Potassium. стр. 101–124. doi:10.17226/25353. ISBN 978-0-309-48834-1. PMID 30844154. Предлошка:NCBIBook.
- ↑ "Lettuce - Lactuca sativa - Daisy family". Hamilton, Dave (2005).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хранлива вредност на зелената салата Архивирано на 29 септември 2007 г. (англиски)
|