Марио Чалмерс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марио Чалмерс
Mario15Chalmers.jpg
Чалмерс во Мајами Хит
Историја на кариера
Шаблон:Nbay–present Miami Heat
Значајни моменти од кариерата и награди

Алмарио "Марио" Чалмерс (роден 19 мај 1986) е професионален американски кошаркар во тимот на Мајами Хит во НБА. Тој бил одбран како 34-ти севкупен пик на НБА драфтот во 2008 година од Минесота Тимберволфс. Чалмерс на колеџ играл за Универзитетот во Канзас три сезони, вклучувајќи го тимот со кој го освоил националното првенство во 2007-2008, погодувајќи драматична тројка на 2.1 секунди пред крајот за да го доведе натпреварот против Мемфис Тајгерс до продолжение, во кое Канзас го добил натпреварот.

Во 2006–2007 на Big 12 Наградите за Тренери, Чалмерс бил именуван за ко-дефанзивен играч на годината заедно со Маркус Дов од Оклахолма Стејт. Чалмерс исто така бил изгласан за третиот тим на All Big 12, како и за дефанзивниот тим на All Big 12. Во сезоната 2007–2008, Чалмерс бил назначен во Првиот Дефанзивен Тим во Big 12 и во вториот тим на All Big 12. Исто така бил одбран за најдобар играч на NCAA првенството во 2008 година.

Средно училиште[уреди]

Чалмерс учел во Средното Училиште Барлет во Енкориџ, Алјаска. Чалмерс бил именуван за 4A Државен Играч на Годината три пати по ред, придружувајќи му се на Трајан Ленгдон кој дотогаш бил единствениот играч кој има постигнато таков успех. Чалмерс исто така го предводел своето училиште до две државни титули во 2002 и 2003 година, и до вицешампионска титула во 2004 година.

Колеџ[уреди]

Чалмерс во тимот на Канзас Џејхокс

Чалмерс бил севкупно рангиран како #2 плејмејкер во 2005 година во класата за регрутирање од rivals.com и scout.com. Во предвид ги имал универзитетите Аризона, Северна Каролина, Вејк Форест и Џорџија Тек пред конечно да се запише на Универзитетот во Канзас на 21-ви Мај, 2004 година.

Бруцошка година[уреди]

Чалмерс ја започнал неговата колеџ кариера на клупата позади бекот Џеф Хокинс, но го заработил своето место во почетната петорка во јануари 2006 година. Тој ја завршил сезоната со 21 од вкупно 22 финални започнати натпревари (недостасувало само натпреварот од главната ноќ). Тој ја завршил бруцошката година со просек од 11.5 поени по натпревар, втор во тимот. Тој станал вториот бруцош во историјата на Big 12 кој го добил признанието за Конференциски Играч на Неделата и два пати бил назначен за Национален Бруцош на Неделата. Тој исто така го поставил KU и Big 12 рекордот за најмногу украдени топки во една сезона од бруцош, со 89 украдени топки. Чалмерс ја освоил KU наградата “Clyde Lovellette” за играч со најголем напредок (заедно со Џулијан Рајт), како и наградата “Dutch Lonborg” за највисок процент на реализација на слободно фрлање (78,8%).


Year Одиграни натпревари Минути по натпревар Поени по натпревар Скокови по натпревар Асистенции по натпревар Изгубени топки по натпревар Асистенции/Turnover Steals/Game Steals/Season
2005–2006 33 26.0 11.5 2.2 3.8 2.8 1.37 2.7 89

Втора година[уреди]

Чалмерс бил втор во тимот со просек од 12,3 поени по натпревар, при што во четири натпревари ја надминал границата од 20 поени за време на сезоната 06-07. На Наградите за Тренери Big 12, Чалмерс бил назначен за дефанзивен играч на годината заедно со Маркус Дов од Оклахома Стејт. Чалмерс исто така бил изгласан за третиот тим на Big 12, како и за дефанзивниот тим на All Big 12, и бил најкорисен играч на турнирот Big 12. Неговите вкупно 97 украдени топки во една сезона го поставиле на прво место во кошаркарската историја на Канзас за најмногу украдени топки во една сезона.

Year Одиграни натпревари Минути по натпревар Поени по натпревар Скокови по натпревар Асистенции по натпревар ИЗгубени топки по натпревар 2006–2007 38 29.2 12.2 3.0 3.3 2.4 1.36 2.6 97

Трета година[уреди]

Чалмерс имал просек од 12,8 поени по натпревар за време на неговата трета година. Тој исто така водел во тимот по бројот на асистенции по натпревар - 4.3; во прецизноста на шутот за 3 поени - со реализација од 46,8%; како и по бројот на украдени топки - 97. Со неговите 97 украдени топки се изедначил со рекордот на училиштето што го поставил додека бил втора година. Тој постигнал 30 поени и придонел за победата на Канзас во финалниот натпревар од Конференцискиот Турнир Big 12 против Тексас.

Тој бил назначен во првиот дефанзивен тим на Big 12 и во вториот тим на All Big 12[1].

Чалмерс му помогнал на својот тим да го освои NCAA шампионатот во 2008 година со прецизен удар за три поени на 2.1 секунди до крајот на финалниот натпревар (што често се нарекува Чудото на Марио). Неговата тројка непосредно пред крајот на регуларниот дел го одвел натпреварот во продолжение, кое Канзас го добил и ги победи Мемфис Тајгерс. Чалмерс бил именуван за Најзначаен Играч на Турнирот. Тоа била 5-та национална титула на Џејхокс (вклучувајќи две пред-турнирски титули во 1922 и 1923). Тој бил во првиот дефанзивен тим во NCAA.


Year Одиграни натпревари Минути по натпревар Поени по натпревар Скокови по натпревар Асистенции по натпревар Изгубени топки по натпревар Assist/Turnover Украдени топки по натпревар Steals/Season
2007–2008 39 30.0 12.8 3.1 4.3 1.9 2.25 2.5 97

На 16-ти февруари 2013 година, кошаркарската програма на Универзитетот во Канзас го повлече дресот со неговиот број, #15.

НБА Кариера[уреди]

По играњето во 13 тимови, Чалмерс бил одбран како 34-ти севкупен пик во вториот круг на НБА драфтот во 2008 година од страна на Минесота Тимберволфс. Кога бил запрашан веднаш по избирањето колку пати го гледал финалниот натпревар од NCAA шампионатот против Мемфис кој го одведе во продолжение со тројка пред крајот, Чалмерс одговори, "милион пати". Правата над Чалмерс подоцна биле вклучени во размена на играчи и биле префрлени на Мајами Хит[2].

На 3 септември 2008 година Чалмерс и поранешниот соиграч од Канзас Џејхокс Дарел Артур биле отстранети од програмата за транзиција на НБА дебитанти заради инцидент поврзан со марихуана. Полицајците кои дошле во нивната хотелска соба заради активирање на противпожарен аларм во 02:00 часот наутро тврделе дека собата силно мирисала на марихуана, но не била пронајдена, па не биле поднесени обвиненија.

Исто така пријавиле дека нивниот колега, НБА дебитантот Мајкл Бисли бил во собата во тоа време, но не било побарано да го напушти кампот. Бисли подоцна бил казнет со 50.000 долари за неговата вмешаност во инцидентот. Чалмерс негирал било каква било врска со марихуана и подоцна бил казнет со 20.000 $ од страна на Лигата заради пропуштање на кампот за дебитанти, но не бил парично казнет или суспендиран за било какви прекршоци поврзани со дрога.

Сезона 2008–09[уреди]

Чалмерс бил во почетната петорка во сите 82 натпревари од регуларниот дел на првенството во неговата дебитантска година и ја завршил сезоната со просек од 10.0 поени, 4.9 асистенции, 2.8 скока и 1.95 украдени топки за 32.0 минути по натпревар[3] . Неговите 1,95 украдени топки по натпревар се рангирани на прво место меѓу сите дебитанти и на четврто место меѓу сите играчи.

На 5 ноември 2008 година, Чалмерс поставил нов тимски рекорд во Мајами Хит за украдени топки - 9 во својот четврт натпревар во НБА.

Сезона 2010-11[уреди]

На 8 јули 2010 година, кога Леброн Џејмс објавил дека ќе се приклучи на Мајами Хит, Чалмерс го земал неговиот поранешен број на дрес од колеџ - 15, а Џејмс го зел стариот број на Чалмерс - 6.

Во натпреварот број 5 од НБА финалето во 2011 година, Чалмерс погодил шут од половина терен со звукот на сирената на крајот од првата четвртина за да го доведе тимот на Мајами Хит до предност 31-30, но Хит го загубиле натпреварот од Далас Маверикс со 112 - 103 и во финалната серија имале две победи наспроти трите на Далас. Чалмерс имал 15 поени, четири скока, две асистенции и една украдена топка. Во 6-тиот натпревар, Хит загубиле од Маверикс.

Сезона 2011–12[уреди]

На 15 јуни 2011 година, тимот на Мајами Хит ја проширил квалификациската понуда за Чалмерс, што го направил ограничен слободен играч во периодот по сезоната. На 9 декември 2011 година, Чалмерс официјално повторно потпишал 3 годишен договор со Хит, вреден 12.000.000 $. Тој постигнал 29 поени на натпреварот со три продолженија и придонел за победата над Атланта Хокс на 5 јануари 2012 година.

На 15 февруари 2012 година НБА објавила дека Чалмерс, заедно со неговиот соиграч од Мајами Хит, Џејмс Џонс, ќе учествуваат на натпреварот за тројки во NBA All-Star викендот. Сепак, Чалмерс бил елиминиран во првиот круг.

Статистички, Чалмерс го имал својот најдобар регуларен дел од сезоната по неговата дебитантска година, и имал подобрување во кариерата во процентот за реализација на шут за три поени како и во процентот на погодени шутеви од игра.

Во четвртиот натпревар од втората рунда на плејоф серијата против Индијана Пејсерс, Чалмерс постигнал 25 поени. Во петтиот натпревар имал 11 скокови и 8 поени.

Чалмерс добил многу пофалби за неговите 25 поени во четвртиот натпревар од НБА финалето во 2012 година. Тој постигнал 12 поени во четвртата четвртина со што му помогнал на својот тим да победи во натпреварот.

Сезона 2012-13[уреди]

На 12 јануари 2013 година, Чалмерс постигнал најголем број на поени во кариерата - 34 против Сакраменто Кингс, при што погодил 10 тројки. Тој го изедначи рекордот на Мајами Хит за најмногу постигнати тројки во еден натпревар[4].

Добротворна организација[уреди]

Чалмерс е основач на Марио В. Чалмерс фондацијата, која поддржува спортски и образовни програми за деца, а исто така помага во финансирање на програмите за истражување на рак на дојката. За време на летото во 2012 година, Михеј Ланкастер го изрежира Чудесниот Шут на Марио Чалмерс во кошаркарскиот камп во Салина, Канзас заедно со Марио.

Личен живот[уреди]

Чалмерс е дете на Рони и Алмари Чалмерс. Тој има една постара сестра по име Ронека, која престојува во Шарлот, Северна Каролина. Тој има син, кој се вика Захиа А’марио Џонсон, и ќерка по име Кралицата Елизабета[5]. Чалмерс е братучед со поранешниот бек на Лос Анџелес Клиперс Лионел Чалмерс, како и со поранешниот бек на Минесота Тимберволфс Крис Смит. Тој има четири тетоважи: на рамениците ги има имињата на неговата баба и денот кога таа била родена и денот кога таа починала со еден долар во средината, бидејќи таа им давала долар на сите деца, на тетоважата на долниот дел на неговиот зглоб пишува "quickness"(брзина) и "confidence"(доверба), два збора што неговата баба постојано му ги повторувала. На левиот зглоб го има истетовирано името на неговата мајка, а на грбот има тетоважа на која пишува "the truth, the whole truth and nothing but the truth"(вистината, целата вистина и ништо друго освен вистината).

Статистики[уреди]

Регуларна сезона[уреди]

Година Екипа О.Н. Ст. Мин. П.П. П.Т. СФ Ск. Ас. У.Т. Бл. Поени
Шаблон:Nbay Miami 82 82 32.0 .420 .367 .767 2.8 4.9 2.0 .1 10.0
Шаблон:Nbay Miami 73 22 24.8 .401 .318 .745 1.8 3.4 1.2 .2 7.1
Шаблон:Nbay Miami 70 28 22.6 .399 .359 .871 2.1 2.5 1.1 .1 6.4
Шаблон:Nbay Miami 64 64 28.5 .448 .388 .792 2.7 3.5 1.5 .2 9.8
Шаблон:Nbay Miami 77 77 26.9 .429 .409 .795 2.2 3.5 1.5 .2 8.6
Career 366 273 27.1 .421 .370 .784 2.3 3.6 1.5 .1 8.4

Плеј-оф[уреди]

Година Екипа О.Н. Ст. Мин. П.П. П.Т. СФ Ск. Ас. У.Т. Бл. Поени
2009 Miami 7 7 33.0 .400 .286 .714 2.7 4.4 2.9 .1 7.3
2010 Miami 5 0 26.2 .450 .350 .846 1.8 2.6 .6 .0 10.8
2011 Miami 21 1 24.3 .435 .381 .719 1.9 2.1 1.3 .0 7.8
2012 Miami 23 23 35.6 .442 .359 .717 3.7 3.9 1.2 .3 11.3
Career 56 31 30.2 .436 .359 .732 2.7 3.2 1.4 .1 9.4

Наводи[уреди]

  1. "Phillips 66 Big 12 Men's Basketball Awards Announced", Big 12, March 10, 2008.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име trade2heat.
  3. Mario Chalmers Career Stats
  4. Mario Chalmers goes on a 3-point spree for Heat
  5. Mario Chalmers has a daughter named Queen Elizabeth?

Надворешни врски[уреди]