Прејди на содржината

Московски државен универзитет „Ломоносов“

Координати: 55°42′10″N 37°31′50″E / 55.70278° СГШ; 37.53056° ИГД / 55.70278; 37.53056
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од МГУ Ломоносов)
Московски државен универзитет Ломоносов
Московский государственный университет имени М. В. Ломоносова
ВидDr\aven univerzitet
Основан1755
РекторВиктор Антонович Садовничи
Административен кадар
15.000
Студенти47.000
Додипломци40.000
Постдипломци7.000
МестоРусија Москва, Русија
ПрипадностUNICA
IFPU
http://www.msu.ru/
Главната зграда на универзитетот

Московски државен универзитет „М. В. Ломоносов“ (руски: Московский государственный университет имени М. В. Ломоносова) — најголемиот и најстариот универзитет во Москва, Русија. Универзитетот бил основан во 1755 година. Според податоците од 2004 година, универзитетот има 4.000 вработени, а на истиот студираат околу 31.000 студенти и со околу 7.000 постдипломци[1]. Моментален ректор на универзитетот е професорот по математика Виктор Антонович Садовничи.

Историја

[уреди | уреди извор]

Универзитетот бил основан по иницијатива на Иван Иванович Шувалов и Михаил Василевич Ломоносов, по наредба на руската царица Елисавета на 25 јануари 1755 година. Првите предавања биле одржани на 27 април. Денот 27 јануари се прославува како ден на студентите во Русија.

Во почетокот, објектот бил изграден на Црвениот плоштад. Универзитетот бил префрлен на денешното место во времето на Екатерина Велика, а објектот бил изработен во неокласичен стил. Во текот на XVIII век универзитетот бил поделен на три дела; филозофија, медицина и право. Со текот на годините, универзитетот постојано се проширувал.

Во 1905 година во универзитетот била основана социјал-демократска организација, која позивала за свалување на императорот од престолот, Но, царската влада започнала постепено да го затвора универзитетот. Во 1911 година, во знак на протест поради малтретирање, 130 научници и професори масовно дале оставка. По ова, голем број на студенти биле испадени од следење на наставата. По Октомвриската револуција во 1917 година, универзитетот бил отворен за целиот народ, односно не само за аристократските семејства и деца, туку и за селските.

Во 1940 година името на универзитетот било променето во чест на неговиот основач Михаил Василевич Ломоносов. Во текот на 1991 година биле основани уште девет отсека. Веќе во 1992 година универзитетот започнал да се финансира директно од буџетот на земјата.

Објектот во кој се наоѓа денеска универзитетот бил изграден во периодот од 1949 до 1953 година. Комплексот, кој опфаќа 42 хектари претставува градба од триесет спратови. Вкупната висина на главната зграда изнесува 240 метри.

Универзитетот располага со 210 кабинети, 163 различни училници, 250 лаборатории, 4 астрономски опсерватории, библиотека, музеј, студентски дом, студентски клубови и игралишта.

Факултети

[уреди | уреди извор]

Според податоци од 2005 година, универзитетот има 29 факултети и 15 истражувачки центри.

  • Факултет за механика и математика
  • Факултет за компијутерска математика и кибернетика
  • Физички факултет
  • Хемиски факултет
  • Факултет за наука на материјалите
  • Биолошки факултет
  • Факултет за фундаментална медицина
  • Факултет за теренски науки
  • Геолошки факултет
  • Географски факултет
  • Историски факултет
  • Филолошки факултет
  • Факултет за странски јазици
  • Философски факултет
  • Социолошки факултет
  • Економски факултет
  • Правен факултет
  • Факултет за новинарство
  • Факултет за психологија
  • Институт за африкански и азиски студии
  • Факултет за јавна администрација
  • Факултет за уметности
  • Факултет за биоинжинерство и биоинформатика
  • Московска школа за економија
  • Факултет за образование
  • Биолошка станица ”Бело море”

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

55°42′10″N 37°31′50″E / 55.70278° СГШ; 37.53056° ИГД / 55.70278; 37.53056