Ларингитис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ларингитис
Податотека:H9991587 002.jpg
Ларингитис
Научна класификација
Вид: Заболување на гласните жици

Ларингитис е инфекција на гласните жици, која ако продолжи да се развива може да има фатални последици. Ларингитисот не може да се лечи, само поминува во рок од најмалку 3 недели (ако е сосема развиен) и истиот се одвива во 6 фази:

Симптоми[уреди | уреди извор]

  • засипнатост и губење на гласот;
  • болки при зборувањето;
  • скокоткање и чувствителност на грлото;
  • постојана потреба за прочистување на грлото;
  • губење на гласот поради грип, настинка или воспаление на белите дробови;
  • повремено покачена телесна температура;

Ако засипнатоста и мачнината траат подолго од една недела, може да станува збор за сериозно воспаление. Изложеност на грлото на отрови, отровни пареи или мириси може да ја влоши состојбата и да предизвика воспаление на гласните жици. Ако пак воспалението настанало поради користење на алкохол или поради хроничен бронхитис, потребна е лекарска помош. Кај помалите деца, кашлицата може да премине во голема кашлица (како лаење), а тоа може да доведе до отежнато дишење или дифтерија. Ако гласот се изгуби или пак е за неколку тонови повисок или понизок, и тоа е знак за ларингитис. Ако пак гласните жици се отечени, звуците стануваат чудни или гласот целосно се губи.

Причинители[уреди | уреди извор]

Ларингитис

Сè што доведува до отечување на гласните жици и предизвикува воспаление на грлото е причина за ларингитис. Освен алергиите и отровите, причинители можат да бидат и бактериите, напрегањето на гласните жици при навивање на фудбалски натпревари или пак последици од тумори (јазолчиња) на или околу гласните жици.

Гркланот и губање на гласот[уреди | уреди извор]

Гласните жици се две затегнати нишки што се протегаат преку гркланот - комори слични на кутија во горниот дел на душникот. Воздухот предизвикува треперења кои создаваат звуци кои се преобразуваат во говор со помош на јазикот, забите и усните. Кога гласните жици се воспалени, гласот обично станува засипнат или придушен.

Лекување[уреди | уреди извор]

Вирусното воспаление на грлото обично поминува само од себе за неколку дена без лекување. Затоа трајниот ларингитис е предупредување дека нешто друго е причина за болеста, а не само непријатен вирус кој предизвикал гребење во грлото.

Конвенционална медицина[уреди | уреди извор]

Ако дијагнозата е вирусно воспаление на грлото, симптомите можат да се намалат додека телото само не го совлада вирусот. Сепак, ако лекарот утврди дека се работи за бактериско воспаление, најверојатно ќе препише антибиотици. Лекувањето обично трае од 7 до 10 дена и треба да се заврши веднаш при подобрување, бидејќи пребрзото прекинување со лекувањето може да предизвика ново воспаление. Кај повеќето алергии лекарите обично препишуваат антихистаминици, кои ги намалуваат отоците и воспаленијата а за системна алергиска реакција со отежнато дишење се препишуваат системски стероидни лекови. Ако воспалението е предизвикано од силни надразнувања и преголема употреба, тогаш едноставно треба само одморање на гласот.

Алтернативни начини на лекување[уреди | уреди извор]

Акупунктура[уреди | уреди извор]

Најновите испитувања на традиционалните кинески лекови ги потврдуваат полезните дејства на акупунктурата кај болните со воспаление на грлото или на крајниците. Потребно е советување со експерти за соодветно лекување.

Лекување со лековити билки[уреди | уреди извор]

За да се поврати гласот, грлото треба да се исплакне со чај од жалфија (Salvia officinalis var.rubia), најквирц (Myrica spp.) или пак со кора од бел даб (Quercus alba). Тинктурата од ехинацеја секој час во текот на два дена помага за јакнење на имунолошкиот систем. Се ставаат 10 капки тинктура во чаша вода и се пијат.

Хомеопатија[уреди | уреди извор]

Ако воспалението на грлото е последица од претерана употреба или повреда на гласните жици, се користи Arnica(6x-12x) секој ден. За ларингитис придружен со суво грло и затнатост се користи Spongia tosta(12x), 4 пати на ден. За ларингитис со сува болна кашлица која се појавува по изложеност на студено време или по првите знаци на настинка, се користи Aconite(6x-12x) на секои 2 часа.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Пиење многу течности, јадење големи количини на овошје и зеленчук и намалување на потрошувачката на рафинирани јаглехидрати може да го забрза заздравувањето од воспаление на грлото. За зајакнување на имунитетот се користат витамин Ц, 20.000 до 80.000 МЕ бета-каротин-витамин А на ден и лук.

Лекување дома[уреди | уреди извор]

  • целосно одморање на телото и гласот, по потреба и шепотење, за да не се оптоваруваат гласните жици;
  • пиење многу течности како вода и чај со мед и лимон;
  • вдишување пареа од сад со зовриена вода;
  • ставање топли облоги околу вратот;

Превенција[уреди | уреди извор]

Најдобар начин за превенција на воспалението на грлото е избегнување на пренапрегнувањето на гласните жици и доволно одморање по напрегнувањето. Ако личноста е склона кон воспаленија на грлото, треба да избегнува чад од цигари и други отровни материи. Ако пак воспалението на грлото е последица од алергиска реакција на одредена храна, таа храна треба да се стави на списокот на сомнителни јадења, а потоа да се воведува една по една за да се види која храна точно ја предизвикала алергиската реакција.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори