Прејди на содржината

Ателектаза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ателектаза
Ателектаза на десно белодробно крило
СпецијалностПулмологија

Ателектазата претставува намалување на количеството на воздух во белите дробови како и губење на белодробниот волумен.

Ателектазата може да биде:

1.Вродена која настанува како резултат на мртво новороденче или може да настане поради постпородилни компликации или трауми.

2.Стекнатата ателектаза настанува на два начини.Првиот начин на здобиената ателектаза се јавува поради притисок врз белите дробови и истиснување на воздухот од нив,како на пример:хидроторакс,пнеумоторакс,асцит,и притисок од тумор ,додека вториот начин се јавува поради исполнување на дишните патишта со ексудат,вдишани туѓи тела, или тумори на бронхиите.

Последици од ателектазата

[уреди | уреди извор]

Последиците од ателектазата зависат од степенот на големината на колапсот и неговата раширеност.Доколку зборуваме за масовен колапс,тогаш ќе настане цијаноза и смрт,но доколку ателектазата е на мал дел тогаш настанува пречки во дишењето.

Здобиените ателектази се реверзибилни процеси доколку навреме се отстрани причинителот.

Патологија