Крсто Енчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Крсто Енчев (1912 - 1999). Роден во с. Лехово кое денес припаѓа на Грција. Подоцна се населува со својата фамилија во с. Јаново, околија на Сандански.

По убедување бил анархист и антикомунист, поради што е прогонуван од бугарскиот комунистички режим. Во 1950 година успева да емигрира во Австралија оставајки ја жената и четирите сина, кој потоа биле преселени во Ловечкиот регион. Таму, тој е еден од водечките организатори на македонската дијаспора. Заедно со уште неколкумина македонски емигранти во 1980 година го основа весникот “Народна Волја“, чие излегување ќе го помага до крајот на животот. Почина во Австралија.

Крсто Енчев е пирински Македонец, кој целиот свој живот го посветил борејки се за праведни идеали и достоинство на македонскиот народ. Врховен идеал во непоколебливата титанска борба која е за независна и самостојна обединета македонска држава. Единствено правилна идеја за секој национално осознаен Македонец. Во мемоарите опишана е борбата на Македонците за независна обединета Македонија.

Својот бурен живот Енчев го има опишано во книгата “Автобиографија - спомени“. Спомените му се пишувани на англиски јазик, а во превод на бугарски јазик се објавени во Бугарија, првиот дел во Софија во 1999 година, и вториот дел посмртно во Благоевград во 2003 година.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Крсто Енчев: "Автобиографија - спомени", прв дел - Софија, 1999
  • Крсто Енчев: "Автобиографија - спомени", втор дел - Благоевград, 2003
  • Весник „Народна волја“, Благоевград, 1999 - 2006