Книга на Страшниот суд (староанглиски: Domesday Book; латински: Liber de Wintonia — „Винчестерска книга“) или Книга на Судниот ден — збирка материјали од првиот општ попис на земјиштето во СредновековнаЕвропа, спроведен во Англија во 1085–1086 г. по наредба на Вилијам Освојувачот. Пописните материјали претставуваат невиден извор на информации за општествениот, економскиот и демографскиот развој на Англија во XI век.[1] Поточно, податоците од пописот ни овозможуваат да извлечеме заклучоци за населението на Англија во оваа епоха. Но поради нецелосните податоци и употребата на различни начини на пресметка од различни писатели, таа е многу поинаку определена, во опсег од приближно 1,3 до 2,5 милиони луѓе. Насловот на книгата се однесува на библискиотСуден ден, кога сите луѓе мора да се соочат пред целосен список на нивните дела.[2][3]
Вилијам Освојувачот сакал да ги знае подробностите за земјата што ја освоил — Англија. Тој им дозволил на неговите рицари и барони да имаат големи површини земја, а за возврат барал од нив да му плаќаат кирија. Книгата на Страшниот суд била запис за секоја фарма, село и куќа, за тој да знаел колку кирија требало да добие. Само некои селца од селскиот предел ги нема во книгата. Големите градови како Лондон и Винчестер, исто така, не се во Книгата на Страшниот суд, можеби поради нивната големина или затоа што луѓето не поседувале земја, што значи дека не можеле да се оданочат.[4]
Open Domesday — Интерактивна карта, наведувајќи ги подробностите за секој имот или поседувања на секој наемател, како и слики со висока острина од изворниот ракопис.