Кнежевство Нитра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кнежевство Нитра или Нитранско кнежевство (словачки: Nitrianske kniežatstvo, Nitriansko; унгарски: nyitrai fejedelemség[1][2][3][4]; познато и како Војводство Нитра, [5][6]) — словенска држава која била составена од група населби кои се појавиле во IX век околу градот Нитра во денешна Словачка. Неговата историја останува непозната[7] поради недостиг на современи извори. Статусот на територијата е предмет на научна дебата; некои современи историчари го опишуваат како самостојна држава која била припоена околу 833 или 870 година од Кнежевството Моравија, додека други велат дека била под влијание на соседните Словени од Моравија од нејзиното основање. Нема посебен список на принцови или војводите на Нитра, за кој се согласиле историчарите.

Позадина[уреди | уреди извор]

Денешната Словачка со векови била владеена од Германите, вклучувајќи ги Квадите и Лонгобардите или Ломбардите, кои биле тука до VI век.[8] Нова материјална култура карактеризирана со рачно грнчарство, кремирање и мали квадратни колиби, кои вообичаено имале печва се појавиле низ низините долж Дунав во тоа време.[9][6] Новата култура, со нејзината „спартанска и еднаква“ природа, силно се разликувала од пораната археолошка култура на Средна Европа.[10] Според Барфорд, извештај од византискиот историчар Прокопиј Кесариски е првиот познат навод за ранословенската група кои ја населувале денешната Словачка.[11] Прокопиј напишал дека избрканиот ломбардски принц Хилдигис собрал армија, „земајќи со себе не само Ломбарди кои го следеле, туку и многу Склавини[12] во 540-тите години.[13][11]

Номадските Авари, кои пристигнале од евроазиските степи, ја нападнале Панонската Низина и ги потчиниле локалните жители во втората половина на VI век.[14][15] Потоа, словенските групи ги населиле областите околу главните региони на Аварскиот каганат плаќајќи такса на Аварите.[16] Каганатот искусил низа внатрешни конфликти во 630-тите години.[17] Според Фредегаровата хроника, „Словените кои биле познати и како Венди“ се дигнале на бунт против Аварите и го избрале франкискиот трговец Само како нивен крал во почетокот на VII век.[18] Владеењето на Само, кој бил во северните или северозападните области на Панонската Низина, траело повеќе од три децении.[16][19][20] Завршило по смртта на владетелот и аварската контрола повторно се вратила во областа.[19]

Аварскиот каганат се распаднал околу 803 година како последица на неколку успешни воени борби започнати од Франките.[16][21] Падот на каганатот придонел кон издигнување на нови држави помеѓу Словените во областа.[21][22] Промената во политичката контрола била придружена во промените во воената стратегија и опрема. Според Курта се појавиле мечеви и други предмети[23] и развој на локална елита во областите северни од реката Дунав и Панонската Низина во почетокот на IX век.[22]

Извори[уреди | уреди извор]

Современа скулптура на Прибина во Нитра

Остатоци на тврдина од IX век која покрива 12 хектари, староста не може да се одреди, била откопана во центарот на Нитра.[24] Биби пишува дека тврдината припаѓала на „големоморавскиот период“.[24] Според Штајнхибел, тврдината била именувана по реката Нитра, која тече под ридот на која се наоѓала самата тврдина.[25] Археолошките истражувања покажуваат дека населбата била населена од ковачи, златари и други занаетчии.[24] Голема мрежа на населби се појавила околу IX век.[26]

Главниот извор на информации за државата која денес е позната како Кнежевство Нитра е делото Преобразување на Баварците и Карантаните, документ создаден околу 870 година за промовирање на интересите Салцбуршката архиепископија во Панонија.[4][27][28] Ракописите наведуваат дека „Прибина“, кој бил „воден преку Дунав од Мојмир, војвода на Моравците“,[29] победнал во Радбор, Панонска марка (околу 833–856) во Источна Франкија околу 833 година.[3][30] Радбод го запознал со кралот Лудвиг Германецот, кој наредил дека Прибина треба да биде „воведен во верата и крстен“.[29][31][32][33] Според реченица во три од единаесте зачувани ракописи на „Преобразувањето“, архиепископот Адалрам (в. 821–836) осветил црква за Прибина „на неговиот имот на место кај Дунав наречено Нитрава“[29] на непознат датум.[31] Современите историчари расправаат дали оваа реченица била дел од првобитниот текст или била само забелешка која се појавила во главниот текст во XII век.[34][35]

Научна дебата: статусот и местоположбата на Нитрава[уреди | уреди извор]

Карта која ја прикажува теоријата за сопостоење на двете кнежевства (Моравија и Нитра) пред 830-тите години

Според широко прифатената интерпретација на „Преобразувањето“, Прибина првично бил владетел на самостојна држава која се наоѓала во Нитра.[1][3][21][7][36] На пример, Барфорд пишува дека Прибина „веројатно бил принц на Нитра“.[37] Претпоставената држава на Прибина е опишана како „првата јасна словенска држава северно од средниот дек на Дунав“ од Лукачка.[5] Лукачка исто така вели дека Прибина имал придружба и дека повеќето негови членови „веројатно потекнуваат од поранешната племенска аристократија“, но некои од нив „може биле од слободниот народ“.[5] Рихард Марсина вели дека „не може недвосмислено да се одлучи дали Прибина бил принц на поголемо племе или на две или три помали здружени племиња“.[38] Додал и дека Прибина може да припаѓал на втората или третата генерација на владетели во државата, која се појавила во долините на реките Хрон, Нитра и Вах.[39]

Научниците кои пишуваат дека Прибина бил самостоен владетел исто така велат дека кнежевството било обединето со Морабија откако бил избркан од неговата татковина.[1][3][26][21][40][41] Киршбаум[3] и Штајнхибел[21] додаваат дека присилното обединување на двете кнежевства — Моравија на Мојмир и Нитра на Прибина — под водство на Мојмир довело до издигнување на Велика Морабија. Според Марсина, жителите на кнежевството на Прибина кои „дефинитивно биле свесни за нивната разлика од Моравските Словени“ ја зачувале својата „специфична свесност“ дури и во рамките на Велика Моравија, што придонело за развојот на наследниците на Словаците.[39]

Прибина не бил самостоен владетел, туку подреден на војводата Мојмир од Моравија, според Власто.[42] Вели дека обидите на Прибина да постигне самостојност довеле до негов егзил.[42] Идентификацијата на „Нитра“ со „Нитрава“ не е целосно прифатено од научниците.[43] Имре Боба и Чарлс Булас биле помеѓу научниците кои ја оспориле таа идентификација. Имре Боба вели, историчарот, Јоханес Авентиј, кој ја идентификувал Нитрава (доделени заедно со Брно и Оломоуц од Лудвиг Германецот, според Авентиј) со Нитра, бидејќи Нитрава била во „Хунија или Аварија“, јужно од Баварија.[44] Исто така, вели дека латинскиот термин „locus Nitrava“ можеби не се однесува на град.[45] Според неговиот поглед, ниедно од современите имиња на Нитра не се развило од обликот „Нитрава“.[45] Јазичниот пристап на Боба не е во согласност со ономастичкото истражување што наведува дека Нитра била основен облик на името на местото, а „Нитрава“ е само второ име; обете форми биле забележани веќе во IX век.[46][47][48] Чешкиот историчар Душан Тшештик, кој вели дека поврзаноста на Нитра со Нитрава не може да се оспори, пишувајќи дека подоцнежната форма се развила од името на реката Нитра, што се совпаѓа со системот на индоевропски топоними; други реки со слични имиња не се познати.[49] Чарлс Булас исто така ја отфрла идентификацијата на Нитрава со Нитра, бидејќи подоцнежниот град бил припоен од Моравија во текот на владеењето на Сватоплус, години по исфрлањето на Прибина, според писмо на архиепископот Дитмар и неговите подредени напишано околу 900 година.[50] Според Тшештик, содржината на писмот може да биде објаснета како прифатлива грешка на неговите преведувачи, кои знаеле дека територијата во минатото била одвоена од Моравија.[51]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Дел од серијалот за Словачка

Историја на Словачка

Coat of arms of Slovakia.svg
Античка историја

Рана историја
Кнежевство Нитра
Велика Моравија

Среден век

Кралство Унгарија
Хабсбуршка Унгарија
Кралство Албанија

Чехословачка

Словачка република

Модерна Словачка

Словачко востание
Чехословачка
Словачка

Портал:Словачка

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Bartl и др. 2002, стр. 279.
  2. Marsina 1997, стр. 15.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Kirschbaum 1996, стр. 25.
  4. 4,0 4,1 Angi 1997, стр. 360.
  5. 5,0 5,1 5,2 Lukačka 2011, стр. 30.
  6. 6,0 6,1 Steinhübel 2011, стр. 15.
  7. 7,0 7,1 Alexander 2005, стр. 288.
  8. Steinhübel 2011, стр. 16–18.
  9. Barford 2001, стр. 38–39, 63–64.
  10. Barford 2001, стр. 44, 63–64.
  11. 11,0 11,1 Barford 2001, стр. 56.
  12. Procopius: History of the Wars (7.35.19.), pp. 461–463.
  13. Curta 2006, стр. 55.
  14. Barford 2001, стр. 56–57.
  15. Kirschbaum 1996, стр. 18.
  16. 16,0 16,1 16,2 Urbańczyk 2005, стр. 144.
  17. Curta 2006, стр. 76.
  18. Curta 2006, стр. 77.
  19. 19,0 19,1 Kirschbaum 1996, стр. 19.
  20. Barford 2001, стр. 79.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 Steinhübel 2011, стр. 16.
  22. 22,0 22,1 Urbańczyk 2005, стр. 145.
  23. Curta 2006, стр. 130.
  24. 24,0 24,1 24,2 Beeby, Buckton & Klanica 1982, стр. 18.
  25. Steinhübel 2011, стр. 17.
  26. 26,0 26,1 Szőke 1994, стр. 559.
  27. Kirschbaum 1996, стр. 319.
  28. Betti 2013, стр. 49, 142-143.
  29. 29,0 29,1 29,2 Wolfram 1979, стр. 50.
  30. Bartl и др. 2002, стр. 19.
  31. 31,0 31,1 Bowlus 2009, стр. 318.
  32. Curta 2006, стр. 133.
  33. Kirschbaum 1996, стр. 25–26.
  34. Bowlus 2009, стр. 327.
  35. Třeštík 2010, стр. 113–114.
  36. Lukačka 2011, стр. 30–31.
  37. Barford 2001, стр. 298.
  38. Marsina 1997, стр. 18.
  39. 39,0 39,1 Marsina 1997, стр. 19.
  40. Lukačka 2011, стр. 31.
  41. Barford 2001, стр. 218.
  42. 42,0 42,1 Vlasto 1970, стр. 24.
  43. Berend, Urbańczyk & Wiszewski 2013, стр. 56-57.
  44. Boba 1993, стр. 134.
  45. 45,0 45,1 Boba 1993, стр. 26.
  46. Krajčovič 2005, стр. 20.
  47. Závodný 2008, стр. 49-51.
  48. Hladký 2008, стр. 76-79.
  49. Třeštík 2010, стр. 123.
  50. Bowlus 2009, стр. 194.
  51. Třeštík 2010, стр. 116.

Извори[уреди | уреди извор]

Основни извори[уреди | уреди извор]

  • Anonymus, Notary of King Béla: The Deeds of the Hungarians (Edited, Translated and Annotated by Martyn Rady and László Veszprémy) (2010). In: Rady, Martyn; Veszprémy, László; Bak, János M. (2010); Anonymus and Master Roger; CEU Press; ISBN 978-963-9776-95-1.
  • Herman of Reichenau: Chronicle. In: Eleventh-century Germany: The Swabian Chronicles (selected sources translated and annotated with an introduction by I. S. Robinson) (2008); Manchester University Press; ISBN 978-0-7190-7734-0.
  • Procopius: History of the Wars (Books VI.16–VII.35.) (With an English Translation by H. B. Dewing) (2006). Harvard University Press. ISBN 0-674-99191-5.
  • Simon of Kéza: The Deeds of the Hungarians (Edited and translated by László Veszprémy and Frank Schaer with a study by Jenő Szűcs) (1999). CEU Press. ISBN 963-9116-31-9.
  • The Annals of Fulda (Ninth-Century Histories, Volume II) (Translated and annotated by Timothy Reuter) (1992). Manchaster University Press. ISBN 0-7190-3458-2.
  • The Deeds of the Princes of the Poles (Translated and annotated by Paul W. Knoll and Frank Schaer with a preface by Thomas N. Bisson) (2003). CEU Press. ISBN 963-9241-40-7.
  • The Hungarian Illuminated Chronicle: Chronica de Gestis Hungarorum (Edited by Dezső Dercsényi) (1970). Corvina, Taplinger Publishing. ISBN 0-8008-4015-1.

Споредни извори[уреди | уреди извор]

  • Alexander, June Granatir (2005). „Slovakia“. Frucht, Richard. Eastern Europe: An Introduction to the People, Lands and Culture. ABC Clio. стр. 283–328. ISBN 1-57607-800-0. 
  • Angi, János (1997). „A nyugati szláv államok [Western Slavic states]“. Pósán, László; Papp, Imre; Bárány, Attila и др. (на hu). Európa a korai középkorban ["Europe in the Early Middle Ages"]'. Multiplex Media – Debrecen University Press. стр. 358–365. ISBN 963-04-9196-6. 
  • Barford, P. M. (2001). The Early Slavs: Culture and Society in Early Medieval Eastern Europe. Cornell University Press. ISBN 0-8014-3977-9. 
  • Bartl, Július; Čičaj, Viliam; Kohútova, Mária; Letz, Róbert; Segeš, Vladimír; Škvarna, Dušan (2002). Slovak History: Chronology & Lexicon. Bolchazy-Carducci Publishers, Slovenské Pedegogické Nakladatel'stvo. ISBN 0-86516-444-4. 
  • Beeby, Susan; Buckton, David; Klanica, Zdeněk (1982). Great Moravia: The Archaeology of Ninth-Century Czechoslovakia. The Trustees of the British Museum. ISBN 0-7141-0520-1. 
  • Berend, Nora; Urbańczyk, Przemysław; Wiszewski, Przemysław (2013). Central Europe in the High Middle Ages: Bohemia, Hungary and Poland, c. 900-c. 1300. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-78156-5. 
  • Betti, Maddalena (2013). The Making of Christian Moravia (858-882): Papal Power and Political Reality. Brill. стр. 27–34. ISBN 978-9-004-26008-5. 
  • Boba, Imre. In Defence of Emperor Constantine Porphyrogenitus. „Die Slawischen Sprachen“ (Institut für Slawistik der Universität Salzburg) том  32. https://books.google.hu/books?id=cZrjAAAAMAAJ&q=Die+Slawischen+Sprachen,+Volume+32&dq=Die+Slawischen+Sprachen,+Volume+32&hl=en&sa=X&ei=u01cVZa2CYersgGNyYFA&ved=0CB8Q6AEwAA. посет. 20 мај 2015 г. 
  • Bowlus, Charles R.. Nitra: when did it become a part of the Moravian realm? Evidence in the Frankish sources. „Early Medieval Europe“ (Oxford (UK): Blackwell Publishing Ltd) том  17 (3): 311–328. doi:10.1111/j.1468-0254.2009.00279.x. 
  • Curta, Florin (2006). Southeastern Europe in the Middle Ages, 500–1250. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-89452-4. 
  • Goldberg, Eric J. (2006). Struggle for Empire: Kingship and Conflict under Louis the German, 817–876. Cornell University Press. ISBN 978-0-8014-7529-0. 
  • Hladký, Juraj. Z historickej slovenskej hydronymie a ojkonymie – Nitrava či Nitra? (на Slovak). „Logos onomastiky“ (Donetsk National University) (2). http://dspace.nbuv.gov.ua/bitstream/handle/123456789/39205/13-Hladky-NEW.pdf?sequence=3. посет. 13 јули 2015 г. 
  • Kirschbaum, Stanislav J. (1996). A History of Slovakia: The Struggle for Survival. Palgrave Macmillan. ISBN 1-4039-6929-9. 
  • Kirschbaum, Stanislav J. (2007). Historical Dictionary of Slovakia (Historical Dictionaries of Europe, No. 47). The Scarecrow Press. ISBN 978-0-8108-5535-9. 
  • Krajčovič, Rudolf (2005) (на Slovak). Živé kroniky slovenských dejín skryté v názvoch obcí a miest. Bratislava: Literárne informačné centrum. ISBN 80-88878-99-3. 
  • Lukačka, Ján (2011). „The beginnings of the nobility in Slovakia“. Teich, Mikuláš; Kováč, Dušan; Brown, Martin D.. Slovakia in History. Cambridge University Press. стр. 30–37. ISBN 978-0-521-80253-6. 
  • Marsina, Richard. Ethnogenesis of Slovaks. „Human Affairs“ (Bratislava, SLO: Slovak Academy of Sciences, Department of Social & Biological Communication) том  7 (1): 15–23. http://www.aepress.sk/hum/full/hum197b.pdf. посет. 31 август 2013 г. 
  • Püspöki Nagy, Péter. Nagymorávia fekvéséről [On the location of Great Moravia]. „Valóság“ (Tudományos Ismeretterjesztő Társulat) том  XXI (11): 60–82. 
  • Steinhübel, Ján (2011). „The Duchy of Nitra“. Teich, Mikuláš; Kováč, Dušan; Brown, Martin D.. Slovakia in History. Cambridge University Press. стр. 15–29. ISBN 978-0-521-80253-6. 
  • Szőke, Béla Miklós (1994). „Pribina“. Kristó, Gyula; Engel, Pál; Makk, Ferenc (на hu). Korai magyar történeti lexikon (9–14. század) [Encyclopedia of the Early Hungarian History (9th–14th centuries)]'. Akadémiai Kiadó. стр. 559. ISBN 963-05-6722-9. 
  • Třeštík, Dušan (2010) (на cs). Vznik Velké Moravy. Moravané, Čechové a štřední Evropa v letech 791–871 [The Emmergence of Great Moravia. Moravians, Czechs and middle Europe in the years 791–871]'. Nakladatelství lidové noviny. ISBN 978-80-7422-049-4. 
  • Urbańczyk, Przemysław (2005). „Early State Formation in East Central Europe“. Curta, Florin. East Central & Eastern Europe in the Early Middle Ages. The University of Michigan Press. стр. 139–151. ISBN 978-0-472-11498-6. 
  • Vlasto, A. P. (1970). The Entry of the Slavs into Christendom: An Introduction to the Medieval History of the Slavs. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-10758-7. 
  • Závodný, Andrej. Distribúcia sufixu -ava v slovenskej hydronýmii (на Slovak). „Logos onomastiky“ (Donetsk National University) (2). http://dspace.nbuv.gov.ua/bitstream/handle/123456789/39201/09-Zavodny-NEW.pdf?sequence=3. посет. 13 јули 2015 г. 
  • Wolfram, Herwig (1979) (на de). 'Conversio Bagoariorum et Carantanorum: Das Weissbuch der Salzburger Kirche über die erfolgreiche Mission in Karantanien und Pannonien [ Conversio Bagoariorum et Carantanorum: The White Paper of the Church of Salzburg on the Successful Mission in Carinthia and Pannonia]'. Böhlau Quellenbücher. ISBN 978-3-205-08361-0. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Boba, Imre (1971). Moravia's History Reconsidered: A Reinterpretation of Medieval Sources. Martinus Nijhoff. ISBN 90-247-5041-5. 
  • Bowlus, Charles R. (1995). Franks, Moravians, and Magyars: the struggle for the Middle Danube, 788–907. University of Pennsylvania Press. ISBN 978-0-8122-3276-9.