Клуб Насионал
| Целосно име | Club Nacional | ||
|---|---|---|---|
| Прекари | Академија | ||
| Основан | 5 јуни 1904 | ||
| Стадион | Стадион Арсенио Ерико Асунсион, Парагвај (Капацитет: 5,000) | ||
| Претседател | Роберт Харисон | ||
| Тренер | |||
| Лига | Примера Дивизион | ||
| 2025 | 5-ти | ||
| Мреж. место | службено мрежно место | ||
| |||
Клуб Насионал (на шпански Club Nacional ) е фудбалски тим од реонот Обреро на градот Асунсион - главниот град на Парагвај. Тимот се натпреварува во Примера Дивизион највисокиот степен на парагвајскиот клупски фудбал.
Основан е на 5 јуни 1904 година. Национал е 8-кратен шампион на својата земја.
Историја
[уреди | уреди извор]Основан е од група на економисти на колеџот Национал де ла Капитал, кој е меѓу најстарите училишта во Асунсион. Првично тимот се нарекувал Фудбалски Клуб Насионал, а подоцна е прекрстен во само Клуб Насионал. За основна боја на тимот е избрана белата - по бојата на униформата на колеџот. Боите на амблемот пак одговараат на бојата на парагвајското знаме.
Најпознат прекар на клубот му е "Академијата", бидејќи клубот има одлична младинска школа од која произлегле многу талентирани фудбалери, како што Арсенио Ерико, кој се смета за најдобар парагвајски фудбалер на сите времиња. Насионал има 8 шампионски титули (и е на 5-то место во земјата по овој показател), 3 титули во Втора дивизија и 3 учества на Копа Либертадорес. Последната лигашка шампионска титула Насионал ја освои во 2011 година на Торнео Апертура.
Познати играчи
[уреди | уреди извор]
Титули
[уреди | уреди извор]- Примера Дивизион (8) : 1909, 1911, 1924, 1926, 1942, 1946, 2009 Клаусура, 2011 Апертура.
- Сегунда Дивизион (3) : 1979, 1989, 2003.