Кит Харингтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кит Харингтон
Харингтон во 2014 година
Роден(а)Кристофер Кејтсби Харинтон
26 декември 1986 (1986-12-26) (32 г.)
Лондон, Англија
ЗанимањеГлумец
Активен период2008–сè уште

Кристофер "Кит" Кејтсби Харингтон[1][2] (роден на 26 декември 1986 г.)[1][2] — англиски глумец.

Тој станал познат играјќи го ликот на Џон Сноу во наградуваната телевизиска серија Игра на тронови,[3] која му донела номинација за Еми награда во 2016 година.[4] Харингтон исто така играл главни улоги во филмовите Помпеја (2014), Тестамент на младоста (2014), и Шпиони: Општо добро (2015), како и споредни улоги во филмовите Сајлент Хил: Откритие (2012) и Седмиот син (2014). Во 2014 година, Харингтон го позајмил својот глас во анимираниот акционен филм Како да го тренираш твојот змеј 2.[5]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Во 2016 година, Харингтон потврдил дека е во врска со колешката од Игра на тронови, Роуз Лесли од 2012 година. [6][7][8]

На 12 септември 2016, Харингтон, заедно со колегите Кејт Бланшет, Чуетел Еџиофор, Питер Капалди, Даглас Бут, Нил Гејман, Кира Најтли, Џулиет Стивенсон, Џеси Ајзенберг, и Стенли Тучи, учествувал во видео од агенцијата за бегалци УНХЦР на ООН со цел да се зголеми свесноста за светската бегалска криза. Во видеото, со наслов "Што тие земале со себе", глумците читаат поема, напишана од Џенифер Токсвиг и инспирирана од основните профили на бегалците, и е дел од кампањата #WithRefugees на УНХЦР, која исто така вклучува петиција до владите да го зголемат бројот на потврдни азил барања, обезбедувајќи им на бегалците засолниште, можност за работа и образование.[9][10]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2012 Сајлент Хил: Откритие Винсент Смит
2014 Помпеја Мајло Главна улога
2014 Како да го тренираш твојот змеј 2 Ерет Гласовна улога
2014 Тестамент на младоста Роланд Лејтон
2014 Седмиот син Били Бредли
2015 Шпиони: Општо добро Вил Холовеј
2016 Сулфур Самуел
2017 Смртта и животот на Џон Ф. Донован Џон Ф. Донован Се снима

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2011–сè уште Игра на тронови Џон Сноу Главна улога
2015 Седум дена во пеколот Чарлс Пул ТВ филм

Театар[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Театар
2008–2009 Воен коњ Алберт Наракот Национален кралски театар и Театар Нов Лондон[11][12]
2010 Луксуз Ед Монтгомери Театар Ројал Корт[2][13]
2015 Глас Колин Хендерсон Donmar Warehouse[13]
2016 Доктор Фаустус Фаустус Театар на Војводата од Јорк[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Kit Harrington". TV Guide. Архивирано од изворникот на 3 April 2016. конс. 24 June 2015. 
  2. 2,0 2,1 2,2 "Kit Harington". Yahoo! Movies. Архивирано од изворникот на 2 March 2014. конс. 13 July 2014. 
  3. Low, Lenny Ann. „Game of Throne's Kit Harington: Man for all seasons“, 22 март 2014.
  4. "Emmys 2016: The Full List of Nominations". The Hollywood Reporter. 2016. конс. 14 July 2016. 
  5. Harmanian, Harout (20 June 2012). "'How to Train Your Dragon 2' Gets Kit Harington". MovieWeb. конс. 13 July 2014. 
  6. "'Game of Thrones' Co-Stars Kit Harington and Rose Leslie Make Red Carpet Debut as a Couple". Entertainment Tonight. конс. 2016-05-11. 
  7. Staff, Hollywood Life; Staff, Hollywood Life (27 August 2012). "Are 'Game of Thrones' Stars Kit Harington & Rose Leslie Dating?". Hollywood Life. конс. 2016-05-11. 
  8. "Game of Thrones' Kit Harington and Rose Leslie Share Serious PDA During L.A. Shopping Trip". People. конс. 2016-05-11. 
  9. "2016 Stories - #WithRefugees" (en-US). конс. 2016-09-14. 
  10. "What They Took With Them - #WithRefugees" (en-US). 2016-09-07. конс. 2016-09-14. 
  11. Staff writer (2 July 2009). "Theatre Interview with Kit Harington – The 22-Year-Old Stars in War Horse at the New London Theatre". The London Paper. конс. 20 January 2010. 
  12. "Kit Harington". London Theatre Database. конс. 20 January 2010. 
  13. 13,0 13,1 "Game of Thrones's Kit Harington looking for another stage role?". What's on Stage. 18 June 2015. конс. 14 July 2015. 
  14. "Doctor Faustus". Best of Theatre. конс. 29 February 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]