Прејди на содржината

Киро Младеновски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Киро Ангелков Младеновски ( 1919 во Булачани, Скопско1945 во Мала Вашица, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Се занимавал со земјоделство и сточарство. На 23 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата водел крвави борби против силни балистички банди, а учествувал и во битките против германските моторизирани колони на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје ја продолжил борбата за разоружување на одметнатите балистички банди на Косово. Потоа заминал за Срем каде учествувал во завршните операции на Првата Југословенска армија против фашистичкиот непријател. По пробивот на германските укрепени позиции кај Шид - Товарник, храбро загинал во Мала Вашица, кон крајот на април 1945 година. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во неговото родно село Булачани.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 97. На |first= му недостасува |last= (help)