Прејди на содржината

Кени Роџерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кени Роџерс
Kenny Rogers
Животописни податоци
Родено имеКенед Доналд Роџерс
Роден(а)21 август 1938(1938-08-21)(86 г.)
Хјустон, САД
Занимањапејач
Период на активност1958-денес
Мреж. местоkennyrogers.com

Кени Роџерс (англиски: Kenny Rogers, роден на 21 август 1938 во Хјустон, Тексас, САД - 2020) е американски пејач и текстописец, фотограф, продуцент, глумец и претприемач. Во својата музичка кариера има забележано повеќе од 120 хит синглови, а два негови албума, „The Gambler“ и „Kenny“ се нашле помеѓу 200 највлијателни албуми во САД на сите времиња. Кени Роџерс бил прогласен за „Омилен пејач на сите времиња“ во 1986 година. Има добиено стотици награди за музика, од кои и за животно дело- успешна 60- годишна музичка кариера (ја добил во 2003).

Освен во музика, тој има остварено и забележливи улоги во разни филмови, како и настапи во телевизиски емисии.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Кени Роџерс е роден на 21 август 1938 година во Хјустон, Тексас, како четврто од седумте деца на Лусил, медицинска сестра, и Едвард Роџерс Флојд, столар. Се женел 5 пати, има ќерка и 4 сина.

Неговата музичка кариера започнала во средината на 1950-тите, кога соработувал со doo-wop групата „Научници“ сингл со наслов „Poor Little Doggie“ кој не останал незабележан. По снимени уште два сингла групата се растурила. Во 1958 го снимил соло хитот „To Crazy Feeling“, а потоа се придружил на џез групата „Bobby Doyle Trio“. Групата се распаднала во 1965, а веќе следната година Роџерс го снимил рок синглот „Еве ти дождлив ден“, но без позначаен успех.

Вистинскиот почеток на соло кариерата на Кени Роџерс е во 1976. година. Издава два албума: „Love Lifted Me“ и „Kenny Rogers“, од кој најголем хит беше „Laura (What's He Got That I Ain't Got)“. Сепак, синглот„Lucille“, објавен во 1977., ги освои првите места на поп листите во 12 земји. Беа продадени над 5 милиони примероци. Потоа следуваат големи успеси, а пред сè мултимилионската продажба на албумот „The Gambler“.

Во доцните 1970-ти Кени Роџерс се зближил со блиската пријателка и кантри пејачка Доти Вест. Заедно снимиле низа албуми и дуети. Имале три хит албуми и мошне успешни турнеи. Нивни хитови се „Every Time Two Fools Collide“, „Anyone Who Isn't Me Tonight“ и „What Are We Doin' in Love“.

Во 1980 година заедно со Ким Карнес го снимил хитот „Don't Fall in Love with a Dreamer“. Истата година, подоцна, доаѓа до негово партнерство со Лионел Ричи кој го напишал и продуцирал најголемиот хит во целокупната досегашна кариера на Кени Роџерс, „Lady“. Тој го продуцирал и албумот „Share Your Love“, од кој излегле хитовите „I Don't Need You“, „Through the Years“ и „Share Your Love with Me“. Во 1982 Роџерс го издал албумот „Love Will Turn You Around“. Потоа започнал со соработка со „Bee Gees“ од која произлегол хит албумот „Eyes That See in the Dark“, а од кој насловната песна „Islands in the Stream“, дует со Доли Партон, станал голем хит. Со Партон повторно соработувале во 1984, а во 1985 година, објавувајќи уште еден „хит дует“- „Real Love".

На 28 јануари 1985 година Кени Роџерс станал еден од 45-темина светски пејачи кои ја снимиле песната „We Are The World“ за поддршка на жртвите од глад во Африка. До 1990 објавил уште неколку песни кои станале големи хитови, како „Crazy in Love“, „If You Want To Find Love“ и „The Greatest“. Во 1994 го издал својот албум со наслов „Timepiece“, а две години подоцна „Vote For Love“, со огромен успех во САД и Велика Британија.

До денес Кени Роџерс снимил вкупно 65 албуми и продал над 190 милиони плочи.