Прејди на содржината

Кевин Фоланд

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Германија Кевин Фоланд
Лични податоци
Роден на 30 јули 1992(1992-07-30)(32 г.)
Роден во Марктобердорф, Германија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен
Број 31
Младинска кариера
Минхен 1860 Минхен 1860
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010 Минхен 1860 Минхен 1860 II 5 (4)
2010-2012 Минхен 1860 Минхен 1860 57 (19)
2012-2016 Хофенхајм Хофенхајм 132 (33)
2016- Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 32 (11)
Репрезентација
2008-2009 Германија Германија 17 6 (2)
2009-2010 Германија Германија 18 8 (5)
2010-2011 Германија Германија 19 10 (6)
2011-2012 Германија Германија 20 2 (1)
2012-2015 Германија Германија 21 14 (7)
2014- Германија Германија 14 (7)
* Ажурирано на: 15 февруари 2012
** Ажурирано на: 15 февруари 2012

Кевин Фоланд (роден на 30 јули 1992 во Марктобердорф) — германски фудбалер, напаѓач на Бајер Леверкузен и на германската репрезентацијата.

Својата професионална кариерата ја започнал во Минхен 1860 во 2010 година од каде во летото 2012 се преселил во Хофенхајм.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Минхен 1860

[уреди | уреди извор]

Фоланд започнал да игра фудбал во клубот Талхофен. На возраст од 13 години тој прешол во младинските категории на Меминген, кој во тоа време играл на најголемиот турнир за јуниори на регионално ниво. После летото 2006 година тој се преселил во редовите на Танхаузен, да продолжи да игра на исто ниво. Во летото 2007 година тој бил примен во академијата на Минхен 1860, која, исто така, му дала место во младинскиот интернат на клубот.

Во рамките на подготовките за сезоната 2010/11 тренерот на "лавовите" Рајнер Маурер одлучил да го повика Фоланд, како и неговите врсници Мориц Лајтнер, Даниел Хофштетер и Маркус Цирајс (со кој Фоланд заедно живеел во интернатот) да се прикучат на тренинзите со првиот тим. Кевин бил целосно вклучен на подготовките на тимот за сезоната и играл во 12 од 14-те пријателски натпревари тоа лето. Тој (како и Лајтнер) го направил своето деби во официјален натпревар за клубот во натпревар од купот на Германија против Ферл на 14 август 2010. Тој се појавил во игра на тој натпревар како замена влегувајќи на местото на Џорџе Ракиќ. На 26 септември 2010, Фоланд дебитира во Втора Бундеслига за Минхен 1860 во натпревар против Аугсбург. Пред зимскиот одмор, тој влегувал во игра од клупата за резерви уште во 6 натпревари.

Во јануари 2011 година, Фоланд потпишал договор со бундеслигашот Хофенхајм во трајност до 2015 година, но останал во Минхен на заем. Заемот бил договорен до пред почетокот на летото на 2012 година, но Хофенхајм имал можност да го врати играчот назад и во зимата на сезоната 2011/12.[1]

Во натпреварот против Оснабрик Фоланд за првпат бил вклучен во почетната постава. Во тој натпревар, тој, исто така, го постигнал својот прв гол за "Лавовите" во официјални натпревари. Во преостанатите 15 средби од сезоната, младиот напаѓач постојано се наоѓал на теренот од првата минута, и постигнал 5 гола и имал уште 4 асистенции. По завршувањето на сезоната тој повторно играл за младинскиот тим на Минхен 1860 до 19 години, кој стигнал до завршната фаза на првенството за млади во Германија. Во двете средби со врсниците од Кајзерслаутерн, тој бил на терен од почетокот на натпреварот, но тоа не им помогнало на младите фудбалери на Минхен да победат.

Новата сезона започнала добро за него како и за тимски соиграчи. Во првите 6 натпревари Кевин постигнал четири гола. Во средината на ноември, било објавено дека "Хофенхајм нема да ја искористи можноста да го врати својата напаѓач во клубот"[2] Во првата половина од сезоната Фоланд беше најдобар стрелец на тимот, постигнувајќи 10 гола во 21 официјален натпревар. На крајот на сезоната тој бил водечки стрелец на тимот со постигнати 14 голови.

Хофенхајм

[уреди | уреди извор]

Како што било договорено, летото 2012, Фоланд му се приклучува на Хофенхајм и го добива дресот со број 31 за претстојната сезона. Своето деби во Бундеслигата Фоланд го имал на 25 август 2012 против Борусија Менхенгладбах, кога го одиграл целиот натпревар на позицијата втор напаѓач зад Ерен Дердијок.[3] Својот прв погодок за Хофенхајм, Фоланд го постигнал на 3 ноември 2012, во победата над Шалке 04 со 3-2 на домашен терен. Тој го отворил резултатот во 13-тата минута на асистенција на Фабијан Џонсон.[4]

Бајер Леверкузен

[уреди | уреди извор]

На 20 мај 2016 година, Фоланд му се придружил на Бајер Леверкузен потпишувајќи петгодишен договор со клубот, откако претходно Баер му исплатил на Хофенхајм 18 милиони евра надомест за трансферот на играчот.[5][6]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Татко на Кевин е поранешен член на репрезентацијата на Германија во хокеј на мраз-Андреас Фоланд. Кевин исто така играл хокеј пред да почне да тренира фудбал.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. [https://web.archive.org/web/20131024081552/http://www.tsv1860.de/aktuell/news/perfekt-volland-unterschreibt-bis-2015-bei-hoffenheim-und-spielt-bis-2012-weiter-fuer-die-loewen Архивирано на 24 октомври 2013 г. Архивирано на 24 октомври 2013 г. Архивирано на 24 октомври 2013 г. Perfekt: Volland unterschreibt bis 2015 bei Hoffenheim und spielt bis 2012 weiter für die Löwen (германски)] Архивирано на 24 октомври 2013 г.. tsv1860.de (17.01.2011)
  2. Volland spielt bei 1860 zu Ende (германски). kicker.de (14.11.2011)
  3. Менхенгладбах 2-1 Хофенхајм
  4. Хофенхајм 3-2 Шалке 04
  5. „Bayer 04 verpflichtet Hoffenheimer Kevin Volland“. Bayer 04 Leverkusen (германски). 20 May 2016. Посетено на 11 October 2016.
  6. Uersfeld, Stephan (20 May 2016). „Bayer Leverkusen sign forward Kevin Volland from Hoffenheim“. ESPN FC. Посетено на 11 October 2016.