Карпински Манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карпински манастир
Карпински манастир „Воведение на Пресвета Богородица“ 11.jpg
Поглед на манастирската црква од север
Основни податоци
МестоМакедонија Село Орах, Куманово, Македонија
Координати42°11′33.81″N 21°57′49.35″E / 42.1927250° СГШ; 21.9637083° ИГД / 42.1927250; 21.9637083
ПрипадностПравославие
ЕпархијаКуманово
Осветен14 век
ВодствоПолошко-кумановска епархија
Архитектонски опис
Архитектонски типманастир
Архитектонски стилВизантиска архитектура
Завршен19 век

Карпински манастир или Воведние на Пресвета Богородица е манастирски комплекс сместен во близина на селото Орах, Кумановско во Источна Македонија[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирска камбанерија

Основан е во 14 век од страна севастократор Дејан зет на Српскиот цар Стефан Душан. Денешниот изглед на манастир e од 16 - 17 век. Манастирот e бил обновен во 19 век. Манастирска црква e од 16-17 век посветена на Воведение Богородичино. Таа е изградена од обработен камен во форма на триконхос. Во црквата се забележуваат два слоја на фрескоживопис. Постариот слој е живописан во времето на нејзината изградба. Од овој период препознатливи се ликовите на Богородица со Исус Христос, што се наоѓаат во јужната конха, и на Теодор Тирон и Теодор Стратилат, во северната конха. Поновиот слој на фрески датира од крајот на 19 век век.

Манастирските конаци за време на Втората светска војна значително настрадале. [2]

Комплексот се наоѓа во очајна состојба и пред распаѓање, а моментно не се презема ништо тој да се зачува.

Карпинското евангелие

Иконостас[уреди | уреди извор]

На дрвениот иконостас со скромен изглед се поставени мајсторски изработените икони, меѓу кои се осумте празнични икони од крајот на 16 век и почетокот на 17 век . По своите уметнички вредности се изделуваат композициите на Големите празници.

Карпино скрипторски центар[уреди | уреди извор]

Карпино е позната скрипторска школа од 16 век, според податоците од Институтот за македонска литература, во манастирот Карпино живееле над 300 калуѓери и тој важел како црковно - духовно и културно јадро за овој регион. Оригиналните ракописи, кои сега се наоѓаат во Москва, Софија и во Белград, сведочат за препишувачката школа и за постоење на ќелијно училиште.

Всушност, Карпинскиот манастир за прв пат се споменува во 1592 година, кога било напишано Карпинското евангелие, во кое во една преписка се вели дека тоа е напишано во манастирот Карпински, во храм Воведение на Пресвета Богородица, во лето 1592[3]. Околу препишувањето на евангелието во 1592 се потрудил еромонахот Јоаникие[3]..

Во средината на XVIII век е напишан и Карпинскиот триод од чии ракописни белешки се дознава за историјата на манастирот како на пример дека во 1745 година во манастирот Карпино дошол еромонахот Стефан, запишано од ерејот Стојко од Нагоричино, додека од друга рака е запишано дека света книга пеел поп (папа) Димитрија од село Врбен во Дебарска каза[3]. Карпинскиот триод денес се чува во Софиската народна библиотека.

За најзначајни книжевни дела се сметаат Карпинското евангелие и Апостол со ирмологиум, кои сега се наоѓаат во Москва. Постојат и документи за 11 пергаментни ракописи, но и хартиени, како што се евангелија, апостоли, псалтири.

XIX век[уреди | уреди извор]

За манастирот Карпино опис и податоци во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, дал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров кој запишал дека во една вдлабнатина по тој ред од чуки во почетокот Голем Дол е Карпинскиот Манастир.[4] Тој е еден од најстарите манаситри. Според мислењето на околните жители, тој бил направен пред 1000 години[4]. Стариот натпис каде што било запишано дека бил основан пред 1000 години, бил уништен при обновувањето на манастирот. По доаѓањето на Турците манастирот бил запустен и присвоен од некој бег, кој што во црквата ги затворал своите кози[4]. Околните селани откако го откупиле манастирот, го возобновиле[4]. Сега манастирот е тесен[4]. Во средината на округлестиот двор е црквата, а наоколу се наредени 32 соби во двокатна зграда[4]. Манастирот бил под духовенство на егзархијата и во него немало калуѓери[4].

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Во манастирот комплекс Воведение на Пресвета Богородица се одвива ликовната колонија Карпино od 2002 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Карпински манастир - Воведение на Богородица
  2. Sazdo Vasilkov Češmadžiski: Selo Orah - Suv Ora, str. 24
  3. 3,0 3,1 3,2 Ќорнаков, Димитар (2009). Македонски манастири. Скопје: Матица Македонска. стр. 191-195. ISBN 9989-48-558-5. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 104. ISBN 978-608-245-113-8.