Кантонска кула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кантонска кула
广州塔
Canton Tower 2013.11.15 18-12-45.jpg
Кантонската кула ноќе во ноември 2013 година
Поранешни називиТВ астрономска и посматрачка кула во Гуангџоу
Рекордна висина
Највисока на светот од август 2009 до март 2011[I]
ПретходнаCN Tower
ПовисокаТокиско небесно дрво
Општи податоци
СтатусComplete
Типразна употреба:
ресторан, посматрачница, телекомуникации
СтилСтруктурен експресионизам
АдресаЈијуански пат, Реон Хајџу, Гуангџоу, Гуангдонг
Координати23°6′32″N 113°19′8″E / 23.10889° СГШ; 113.31889° ИГД / 23.10889; 113.31889Координати: 23°6′32″N 113°19′8″E / 23.10889° СГШ; 113.31889° ИГД / 23.10889; 113.31889
Темелот удреноколу 2005
Почнатаноември 2005
Овенчанаавгуст 2009
Завршена2010
Отворена30 септември 2010
Трошок за изградбаCNY ¥ 2,803,635,000.00
(US$ 450,000,000.00)[1]
Висина
Завршеток604 м[2][3]
Покрив462,1 м
Технички податоци
Катови37
2 подземни ката
Подна површина114.054 м2
Лифтови9
Проектирање и изградба
АрхитектИЗА:
Марк Хемел & Барбара Куит
СтатичарАруп
Портал
cantontower.com
Наводи
[4][5][6][7][8][9][10][11][12][1][13]

Кантонска кула (кинески:广州塔), официјално ТВ астрономска и кула и видиковец Гуангџоу (кинески:广州电视台天文及观光塔) - повеќенаменска кула висока 604 метраво Хајџу во Гуангџоу.[14][15] Кулата била завршена во 2009 година и била ставена во функција на 29 септември 2010 година за Азиските игри во 2010 година.[16] Кулата накратко ја имала титулата највисока кула на светот, заменувајќи ја кулата CN, пред да биде надмината од Токиското небесно дрво.[17] Таа била највисоката градба во Кина до завршувањето на Шангајската кула на 3 август 2013 година, а сега е втора највисока кула и четврта највисока самостојна градба во светот.

Име и негово потекло[уреди | уреди извор]

Имало долга дискусија за името на Кантонската кула од почетокот на нејзината изградба во 2005 година, по церемонијата на поставување на камен темелник. Во септември 2020 година, на барање на инвеститорот на кулата, Гуангџоу дејли објавил конкурс за предлози за име. Конкурсот привлекол над 180.000 валидни пријави, а првата награда го добил предлогот „Кула Хајксин“ (кинески „Кула во морето“). Името алудира на историската средина на градот како почеток на поморскиот пат на свилата и географската близина на кулата до островот Хаиксинша. Меѓутоа, ова име се сметало за нејасно за луѓето кои не биле запознаени со историјата на градот.[18] Локалните жители продолжиле да ја нарекуваат кулата со различни прекари.[19][20]

Името било повторно разгледано во 2010 година. По истражувањето на широк опфат на јавно мислење, било одлучено „Кантонска кула“ да биде официјално име на англиски јазик и истото било објавено на крајот на септември 2010 година. Новото англиско име, кое алудира на просперитетното минато на градот, се сметало дека најмногу го идентификува истотот и е најмалку двосмислено меѓу мноштвото предлози.[20][21]

Историја[уреди | уреди извор]

Кантонската кула била изградена од Гуангџоу Новата телевизиска кула група. Била дизајнирана од холандските архитекти Марк Хемел и Барбара Куит од „Информатичко заснована архитектура“, заедно со „Аруп“, меѓународната консултантска фирма за дизајн, инженерство и бизнис со седиште во Лондон, Обединетото Кралство. Во 2004 година, „Информатичко заснованата архитектура“ и „Аруп“ победиле на меѓународниот конкурс, на кој учествувале многу меѓународни големи архитектонски канцеларии. Истата година, тимот на ИЗА– Аруп во Амстердам го развил концептниот дизајн на кулата. Во подоцнежните фази, ИЗА соработувала главно со локалната кинеска канцеларија на Аруп и Локалниот институт за дизајн. Следствено, во 2005 година, почнале да се копаат темелите за Кантонската кула.[20]

Кулата, иако нецелосно завршена, била отворена за јавноста на 1 октомври 2010 година на време за 16. Азиски игри, чиј домаќин бил Гуангџоу во ноември 2010 година.[22][23] Опсерваторијата на покривот конечно била официјално била отворена во декември 2011 година.

Структура и конструкција[уреди | уреди извор]

Извиениот облик или хиперболоидната структура на Кантонската кула одговара на патентот на Руското Царство бр. 1896 од 12 март 1899 година, кој го добил Владимир Шухов, руски инженер и архитект.[24] Структурата е слична на светилникот Аџиогол (дизајниран од Владимир Шухов во 1910 година) во делтата на Днепар во Украина.[25]

Структурен концепт[уреди | уреди извор]

Кулата во изградба во ноември 2007 година.

Кулата е дизајнирана од Инфомрациско заснована архитектура и Аруп. Тимот на Аруп предводен од градежниот инженер проф. д-р Џуп Пол вовел речиси масовно прилагодување на дизајнот на зглобот, во комбинација со параметарски методи на дизајнирање и применил едноставен структурен концепт од три елементи: столбови, прстени и потпирачи, на оваа посложена геометрија.[9]

„Струкот“ на кулата содржи отворено шеталиште на 180 метри каде посетителите можат физички да се искачат на кулата. Има градини поставени во структурата, а на врвот, нешто над 450 метри, голема посматрачница на отворено.

Внатрешноста на кулата е поделена на програмски зони со различни функции, вклучувајќи објекти за ТВ и радио пренос, посматрачници, ротирачки ресторани, компјутерски игри, ресторани, изложбени простори, конференциски сали, продавници и кина.

Палубата во основата на кулата ја крие функционалната работа на кулата. Сите инфраструктурни врски – метро и автобуски станици – се сместени под земја. Ова ниво вклучува и изложбени простори, комерцијален простор, паркинг простор за автомобили и автобуси. Постојат два вида лифтови: панорамски спори и двокатни многу брзи.

Зоната од 80 до 170 метри се состои од 4D кино, простор за играње, ресторани, кафулиња и градини со чајџилници. Највисоките и најдолгите скалила под отворено небо во светот, „Небесна прошетка“, започнуваат на висина од 170 метра и одат нагоре скоро 170 метри, сè до „струкот“. Делови од подот на скалилата се изработени од проѕирно стакло.[26]

Поглед на Бисерна Река од Кантонската кула

Најгорната зона на кулата започнува над скалите, и тука се сместени различни технички функции, како и двокатен ротирачки ресторан, инерциони амортизер и горните посматрачници. Од горните нивоа на набљудување можно е качување уште повисоко, преку дополнителни скали, до терасовидна квадратна посматрачница што се издига над врвниот прстен на кулата.

Свивање[уреди | уреди извор]

Обликот, волуменот и структурата на кулата се генерирани од две елипси, едната на ниво на темелите, а другата на хоризонтална рамнина на 450 метри. Овие две елипси ротираат една во однос на друга. Затегнувањето предизвикано од ротацијата помеѓу двете елипси формира „појас“ и згуснување на материјалот на половина висина од кулата. Ова значи дека решеткаста структура, која на дното на кулата е порозна и пространа, станува погуста на ниво на „струкот“. Самиот појас станува затегнат, како усучено јаже; транспарентноста е намалена и погледите кон надвор се ограничени. Нагоре по кулата, решетката повторно се отвора, нагласена со заострувањето на структурните столбови-цевки.

Кровна посматрачница[уреди | уреди извор]

Внатрешната јавна посматрачница е на висина од 449 метри над земјата, која има облик на терасовиден елипсовиден простор, приближно половина од големината на стандардно фудбалско игралиште. Отворена во декември 2011 година, со покрив на 488 м, била највисоката и најголемата посматрачница на отворено во светот, преземајќи ја титулата од посматрачницата на Бурџ Калифа која е на 452 метри.[27] Ова останало така до 14 октомври 2014 година, кога рекордот за највисока посматрачница на отворено бил повторно преземен од Бурџ Калифа кога ја отворила својата нова опсерваторија наречена „На врвот - небо“, на височина од 555 метри.[28]

Шеснаесет проѕирни „кристални“ патнички лифтови, секој со пречник од 3,2 метри и може да превезува четири до шест луѓе, да патува по патека околу работ на покривот на кулата, при што им требаат меѓу 20 и 40 минути за да го обиколи кровот.[22] Инсталацијата е опишана од медиумите како панорамско тркало; сепак, неговите патнички кабини не висат на работ на тркалото и остануваат хоризонтални без целосно да се ротираат, а патеката, која го следи наклонот на покривот, е поблиску до хоризонтала отколку до вертикала.[29][30]

Дизајн на архитектонско осветлување[уреди | уреди извор]

Ноќе, кулата сјае и емитира светлина, наместо да биде осветлена. Дизајнерот на осветлување Рохир ван дер Хајде е познат по овој концепт, кој го применил и во зградата Марунучи во Токио. Секој јазол во дизајнот на осветлувањето е индивидуално контролиран за да се овозможат анимации и промени во бојата по целата висина на кулата. Бидејќи целото осветлување е засновано на ЛЕД технологија, а сите уреди се наоѓаат на самата конструкција, осветлувањето троши само 15% од дозволениот максимум за фасадно осветлување.[20]

Во времето на дизајнирањето на Кантонската кула, дизајнерот на осветлување Рохир ван дер Хајде бил водечки светски дизајнер на Аруп лајтинг.[20]

Мерења[уреди | уреди извор]

Телото на Кантонската кула е високо 450 метри. Во комбинација со антената која е висока 150 метри, Кантонската кула достига висина од 600 метри што ја прави втора највисока кула во светот, втора највисока во Азија и највисока во Народна Република Кина. Кулата има 37 ката и 2 подземни ката.

Кантонската кула тежи вкупно 100.000 тони, вклучувајќи ја и антената која тежи 1.550 тони.

Кантонската кула зафаќа вкупна површина од 175.458 квадратни метри. Нето корисната површина на кулата изнесува 114.054 квадратни метри.

Според првичната верзија на дизајнот висината на кулата Гуангџоу била вкупно 612,2 метри (земајќи предвид и громобран со висина од 1,2 метри).

Според Бирото за урбанистичко планирање и градежниот надзор во Гуангџоу, вкупната висина на кулата во Гуангџоу е 595,71 метри, при што главната кула е висока 448,80 метри, а антената 146,91 метри. Посматрачницата се наоѓа во кулата на антената на висина од 488 метри.

Настани[уреди | уреди извор]

Кантонската кула за време на церемонијата на отворање на Азиските игри во ноември 2010 година.
  • Бидејќи Гуангџоу бил избран за домаќин на Азиските игри во 2010 година, малиот остров пред кулата бил избран за место на церемониите на отворање и затворање. Кулата била избрана за главен протагонист на церемониите. Две недели пред свеченото отворање на игрите, самата кула била отворена за јавноста.
  • Кантонската кула била домаќин на годишниот Божиќен концерт на Бадник, 24 декември 2012 година.[31]

Географија[уреди | уреди извор]

Кантонската кула се наоѓа покрај патот Јијуен (западен пат Јијуен), во реонот Хајџу во Гуангџоу, и се наоѓа јужно од Новиот град Џуѓанг. Дополнително, неколку познати знаменитости ја опкружуваат кулата, вклучувајќи пагоди, парк на југ и повеќе висококатници, згради и облакодери, комерцијални и станбени.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Историја на градењето[уреди | уреди извор]

Дијаграми на највисоките кули[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Facts and visitor information on the Canton Tower in China >> The World Federation of Great Towers“. Great-towers.com. Архивирано од изворникот на 7 March 2014. Посетено на 2013-01-04.
  2. „Canton Tower - the Skyscraper Center“.
  3. „Canton Tower, Guangzhou - SkyscraperPage.com“.
  4. Предлошка:Ctbuh
  5. Предлошка:Emporis
  6. Предлошка:Skyscraperpage
  7. Andrew Rosenberg (19 November 2010). „Canton Tower / Information Based Architecture“. ArchDaily. Посетено на 27 July 2011.
  8. „Canton Tower | Arup“. Arup.com. Посетено на 2012-12-31.
  9. 9,0 9,1 „IBA – Information Based Architecture Mark Hemel + Barbara Kuit“. Hemel.dircon.co.uk. Посетено на 2012-12-31.
  10. Canton Tower 广州塔 – Guangzhou TV Tower. Gztvtower.info. Посетено на 2013-01-01.
  11. „Canton Tower official website“. Cantontower.com. Архивирано од изворникот на 31 January 2013. Посетено на 2013-01-01.
  12. „Guangzhou Tower, Guangzhou New TV Tower, Tower official website of Guangzhou :: GuangzhouTower.cc“. Guangzhoutower.cc. Архивирано од изворникот на 16 December 2012. Посетено на 2013-01-01.
  13. 揭秘广州塔 小蛮腰你知多少. Guangzhou daily. Посетено на 2016-01-11.[мртва врска]
  14. „Guangzhou's new television tower named Canton Tower“. The People's Government of Guangzhou Municipality. 30 September 2010. Архивирано од изворникот на 23 July 2011. Посетено на 27 July 2011.
  15. „The Canton Tower“. Canton Tower. 2010. Посетено на 27 July 2011.
  16. „600-meter-high Canton Tower begins operations“. Guangzhou Asian Games Organizing Committee. 2 October 2010. Архивирано од изворникот на 23 July 2011. Посетено на 27 July 2011.
  17. „List of tallest towers in the world“. Council on Tall Buildings and Urban Habitat (CTBUH). 2011. Посетено на 27 July 2011.
  18. 广州新电视塔命名敲定 市民不知"海心"内涵. Information Times (кинески). 16 November 2009. Архивирано од изворникот на 21 July 2011. Посетено на 27 July 2011.
  19. 从"大裤衩"到"羊巅峰",民众智慧可怕?. YCWB (кинески). 22 September 2010. Архивирано од изворникот на 24 July 2011. Посетено на 27 July 2011.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 Van der Heide, Rogier. „Canton Tower Lighting Inaugurated“. Rogiervanderheide.com. Архивирано од изворникот на 15 March 2012. Посетено на 2013-01-01.
  21. 为地标命名 为城市喝彩. Guangzhou Daily (кинески). 29 September 2010. Архивирано од изворникот на 20 July 2011. Посетено на 27 July 2011.
  22. 22,0 22,1 „World's highest ferris wheel coming to Guangzhou“. Guangzhou Asian Games Organizing Committee. 18 March 2009. Архивирано од изворникот на 23 July 2011. Посетено на 27 July 2011.
  23. Lotte Haagsma; Piet Vollaard (11 October 2010). „Six years building the tallest TV tower in the world“. Archined. Посетено на 27 July 2011.
  24. Graefe, Rainer; Šuchov, V. G. (1990). Vladimir Grigorʹevič Šuchov : 1853–1939 ; die Kunst der sparsamen Konstruktion. Stuttgart: Deutsche Verlags-Anstalt. стр. 78–103, 177. ISBN 3-421-02984-9.
  25. Hyperboloid Adziogol Lighthouse by Vladimir Shukhov in Ukraine
  26. Ren, Jielu. 实拍:广州塔蜘蛛侠栈道漫步高空. Southcn. Southcn. Посетено на 24 April 2015.
  27. „Cloud Top 488 on Canton Tower Opened to public“. The People`s Government of Guangzhou Municipality. 19 December 2011. Посетено на 23 January 2012.
  28. „At The Top, Burj Khalifa Sky is world's highest observation deck“. Gulf News. 14 October 2014. Посетено на 12 December 2014.
  29. Caixiong, Zheng. „Tallest Ferris wheel planned in Guangzhou“. China Daily. Посетено на 27 July 2011.
  30. „Tallest Ferris wheel planned“. People's Daily. Посетено на 27 July 2011.
  31. „Canton Tower Christmas Concert – YouTube“. Youtube.com. Архивирано од изворникот на 2013-03-17. Посетено на 2013-01-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рекорди
Претходник
CN Tower
Највисока кула на светот
2010-2012
Наследник
Токиско небесно дрво