Пренос (телекомуникации)
Пренос или трансмисија во телекомуникациите – процес на испраќање и распростирање на аналогни и дигитални информациски сигнали преку физички медиум од точка до точка или од точка до повеќе точки. Медиумот може да биде жичен, оптички или безжичен. [1][2]
Еден пример за пренос е испраќање на сигнал со ограничено времетраење, на пример, блок или пакет на податоци, телефонски повик или е-пошта. Вообичаено преносните технологии и шеми се однесуваат на задачи од протоколот на физичкото ниво, како што се модулација, демодулација, линиско кодирање, порамнување (еквализација), контрола на грешки, синхронизација на битови и мултиплексирање, но терминот исто така може да вклучи и повисоки нивоа на протоколот, на пример, дигитализирање на аналоген сигнал и компресија на податоци.
Преносот на дигитална порака или дигитализиран аналоген сигнал е познат како дигитална комуникација.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Telecommunications Technology Fundamentals. „informit.com“. 28 декември 2001 г. http://www.informit.com/articles/article.aspx?p=24687.
- ↑ Telecommunications Media. „britannica.com“. 21 јануари 2014 г. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/585825/telecommunications-media/279805/Transmission-media-and-the-problem-of-signal-degradation.