Модулација
Модулацијата е процес во кој информацискиот сигнал менува друг сигнал со повисока фреквенција, таканаречен носител, за да се овозможи пренос на информацијата.
Носителот или носечката фреквенција обично е синусоидален бран генериран во осцилатор. И носителот и информацискиот сигнал се воведуваат во модулаторот, и тука информацискиот сигнал на некој начин го менува носителот. Модулираниот носител тогаш е засилен и испратен во систем за пренос (антена или кабел).
Во приемникот се прима модулираниот сигнал кој потоа е засилен и процесиран. Се праќа во демодулаторот на чиј излез се добива оригиналниот информациски сигнал.
Можни облици на модулација[уреди | уреди извор]
Да го разгледаме математичкиот израз за синусоидалниот бран:
v = Vp sin(2πft+θ) или
v = Vp sin(ωt+θ)
каде
- v = моментална вредност на синусоидалниот напон
- Vp = врвна вредност на синусоидалниот напон
- f = фреквенција (Hz)
- ωt = 2πft = аголна брзина
- t = време (s)
- ω = 2πf = аголот во радијани
- θ = фазен агол
Од ова може да видиме дека постојат три начини на модулација, зависно од тоа на кој начин се менува носителот. Тоа се амплитудна, фреквенциска и фазна модулација.
Амплитудна модулација[уреди | уреди извор]
Кај амплитудната модулација (АМ), информацискиот сигнал ја менува амплитудата на носителот, додека фреквенцијата останува постојана. Комерцијалните радио-станици на долги, средни и кратки бранови главно користат амплитудна модулација. Тоа е најстариот начин на модулација.
Фреквенциска модулација[уреди | уреди извор]
Фреквенциската модулација (ФМ) ја менува фреквенцијата на носителот во одреден опсег, додека неговата амплитуда останува константна. Комерцијалните радио-станици кои работат во опсегот на ултракратки бранови (УКБ) користат фреквенциска модулација. Се користи и за пренос на звук во телевизиски систем.
Фазна модулација[уреди | уреди извор]
Фазната модулација ја менува фазата на носечката фреквенција, а притоа прави и фреквенциска модулација на носителот. Заради тоа модулираниот сигнал е сличен на фреквенциско модулираниот сигнал. Фреквенциската и фазната модулација се форми на аголна модулација (англ. angle modulation).
Погледај и[уреди | уреди извор]
Литература[уреди | уреди извор]
- Principles of Electronic Communication Systems, Louis E. Frenzel, Glencoe/McGraw-Hill, ISBN 0-02-800409-4, pp. 12 до 14.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Модулација“ на Ризницата ? |