Прејди на содржината

Канадски Арктички Архипелаг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Канадски Арктички Архипелаг
Canadian Arctic Archipelago
Archipel arctique canadien
Карта на Канадскиот Арктички Архипелаг во поларна проекција
Географија
МестоСеверна Канада
Координати75°N 90°W / 75°N 90°W / 75; -90 (Канадски Арктички Архипелаг)
Вкупно острови36.563
Поголеми островиБафинова Земја, Викторија, Елсмир
Површина1.424.500 км2
Држава
ТериторииНунавут
Северозападни Територии
Најголемо нас. местоИкалуит, Нунавут (нас. 6.184)
Демографија
Население14.000
Густина0,01 /km2 (3 /sq mi)

Канадски Арктички Архипелаг (англиски: Canadian Arctic Archipelago, француски: Archipel arctique canadien) или само Арктички Архипелагостровска група која лежи на север од копнена Канада.

Архипелагот е сместен во крајниот северен дел на Северна Америка и зафаќа околу 1.424.500 км2. Се состои од 36.563 острови во Северноледениот Океан и сочинува најголем дел од територијата на Северна Канада — речиси цел Нунавут и дел од Северозападните Територии.[1] Канадскиот Арктички Архипелаг почнува да трпи извесни последици од глобалното затоплување,[2][3] при што некои проценки целат дека стопениот мраз од островите ќе го покачат морското ниво за 3,5 см до 2100 г.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Британија полагала право на островите поради откритијата на морепловецот Мартин Фробишер во 1570-тите. Канада првично (1870–80) имала суверено право само на оние делови од островите што чии водотеци се сливаат во подводната Фоксова Котлина, Хадсоновиот Залив и Хадсоновиот Проток. ВО 1880 г. Британија ги предала сите острови во канадска сопственост.[5]. Канада вели дека сите водни патишта по Северозападниот Премин се канадско владение, но САД и највеќето поморски земји ги сметаат за меѓународни води. Спорот со премините во Канада неглегува во полето на екологијата и државната безбедност, како и општата сувереност на земјата. Хансовиот Остров во Нерсовиот Проток источно од островот Елсмир се предмет на територијален спор меѓу Канада и Данска.

Географија

[уреди | уреди извор]
Сателитска снимка на Бафиновата Земја — најголмиот остров во архгипелагот
Сателитска снимка на Елсмир и соседните острови, меѓу кои и Аксел Хајберг (лево). Гренланд е десно од сликава.

Архипелагот се протега 2.400 км надолжно и 1.900 км од канадското копно до ’ртот Колумбија, најсеверната точка на островот Елсмир. На запад се граничи со Бофортовото Море, на северозапад со Северноледениот Океан, на исток со Гренланд, Бафиновиот Залив и Дејвисовиот Проток; јужно од островите се наоѓаат Хадсоновиот Залив и континентална Канада. Разните острови се поделени едни од други со овие премини со збирен незив Северозападниот Премин. Како северно продолжение на континенталната канадска територија се јавуваат два големи полуостроваБутија и Мелвил.

Архипелагот опфаќа вкупно 36.563 острови, од кои 94 важат за поголеми (преку 130 км2), и заземаат вкупна површина од 1.400.000 км2.[6] Следат најголемите острови, со површина од барем 10.000 км2:

ИмеТериторија*ПовршинаМесто по површинаНаселение
(2001)
СветКанада
Бафинова ЗемјаНУ507.451519.563
ВикторијаСЗ, НУ217.291821.707
ЕлсмирНУ196.236103168
БенксСЗ70.028245114
ДевонНУ55.2472760
Аксел ХајбергНУ43.1783270
МелвилСЗ, НУ42.1493380
СаутхемптонНУ41.214349718
Принц од ВелсНУ33.33940100
СомерсетНУ24.78646120
БатхерстНУ16.04254130
Принц ПатрикСЗ15.84855140
Крал ВилијамНУ13.11161151.279
Елеф РингнесНУ11.29569160
БајлотНУ11.06772170

* СТ = Северозападни Територии, НУ = Нунавут

По Гренланд, архиеплагот е најголеата поларна област во светот. Климата е арктичка, а теренот е тундра, со исклучок на планинските подрачја. Највеќето острови се ненаселени; населените се наоѓаат на југот и имаат мошне мали и крајно раштркани инуитски населби по крајбрежјата.

Список и карта

[уреди | уреди извор]

Упатна карта на Канадскиот Арктички Архипелаг

Острови вон картата

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Marsh, James H., ed. 1988. "Arctic Archipelago Архивирано на 9 октомври 2011 г." The Canadian Encyclopedia. Toronto: Hurtig Publishers.
  2. Thinning of the Arctic Sea-Ice Cover
  3. Arctic sea ice decline: Faster than forecast
  4. Wayman, Erin. „Canada's ice shrinking rapidly“. Science News.
  5. „Canada“. World Statesmen. Посетено на 30 June 2016.
  6. „Arctic Archipelago“. Архивирано од изворникот на 2011-10-09. Посетено на 2016-09-20.