Кадарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кадарка
Илустрација на сортата грозје кадарка од Жил Тронси во делото „Ампелографија: општа расправа за лозарството“ (1901-1910)
Боја на лушпатаЦрна
ВидVitis vinifera
Други називиГамза и др.
ПотеклоСкадар или Унгарија
РегиониУнгарија, Романија, Бугарија, Србија
ВинаКадарка

Кадарка — стара автохтона сорта грозје од Панонската Низина, која потекнува од Скадарското Езеро, од XVII век.[1] Според друга теорија се работи за автохтона унгарска сорта.[2]

Денес е широко распространета во Унгарија и Романија.[3] Во поголеми количини се одгледува и во Бугарија.[2] Во Унгарија дава некои од најдобрите унгарски црвени вина.[4] Во Војводина и Славонија речиси целосно изумрела, а преовладувала до 1960-тите и во Војводина и во Славонија, а во Славонија била заменета од пино ноар поради неговата помала осетливост.[5] На северот на Бачка, производството на кадарка го оживеала винаријата Тонковиќ,[4][5][1] а во Хрватска се планира да се засади.[5][2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Славонија и Војводина била искоренета во 1950-тите и 1960-тите на XX век, бидејќи е многу осетлива, и поради зголемената популарност на франковката и пино ноар.[1] Во Славонија кадарката била засадена уште во средината на XIX век. Како што велат историските записи, ја донел дедото на винарот Иван Енјинги. Семејството долго време е еден од најголемите производители на кадарка. Причината зошто кадарката речиси целосно исчезнала и била заменета со друга култура е нејзините прекумерни приноси, густи гроздови и тенка кожа,[3] нерамномерно зреење,[2] што ја прави исклучително подложна на болести и многу тешко расте. Поради прекумерните склоности на принос, лозата толку добро ја користи влагата што расте диво и силно и не може да се добие добро вино од неа, па се прибегнува кон решенија како контрола на влажноста и раст на плевелот.[3]

Предностите на одгледувањето на оваа сорта се нејзините извонредни вински особености: целосна рубинска боја, средно тело, алкохолите не се премногу високи, многу богата ароматика и вина со помалку сериозен потенцијал на зреење,[3] меки и свежи. [5] Нема моќен танин. Во унгарската литература се споредува со пино ноар, но во лозата немаат сличности.[6]

Кадарка во Македонија[уреди | уреди извор]

Виновата лоза од сортата се наоѓа во повеќе региони на Македонија, а со Правилникот за реонизација на лозарските подрачја истата е препорачана во целиот Повардарски реон.

Лоза[уреди | уреди извор]

Гроздовите на кадарката обично имаат конусен облик и изгледаат компактни поради малата големина на зрната, покриени со темна восочна кожичка. Грозјето е многу подложно на габични заболувања; доколку условите се неповолни, тие почнуваат да пукаат.

Витикултура[уреди | уреди извор]

Кадарката е сорта со доцно зреење, зрее кон крајот на септември, почетокот на октомври. Приносот по винова лоза е 5-6 кг.

Се бере рачно во плитки садови во кои не треба да се стави повеќе од 14 кг грозје, бидејќи грозјето би се оштетило поради тенката кожичка.[2]

Вина[уреди | уреди извор]

Во Унгарија, кадарката останала популарна и како независна сорта, но и како суштински дел од мешавината за кувето „Бикова крв“.[5] [1] [2] Денес самостојно се винифицира во Вилјан.[2] Според проценките на стручњаците, малку поголеми бочви се посоодветни за кадарка отколку стандардните барици, а пожелно е вината да се стареат во нови дрвени бочви секоја година.[3]

Консумирање[уреди | уреди извор]

Препорачана температура на служење за вина од оваа сорта е од 16 до 18оС.

Кадарка во уметноста[уреди | уреди извор]

Во Австроунгарија кадарката било вино на господата. Било најценето вино во Бачка. Франц Шуберт ова свое омилено вино го нарекол сексардски нектар. Кадарка го вдахновила Шуберт да го компонира „квинтетот за пијано Пастрмка“ (Forellenquintet).

Франц Лист исто така ја сакал кадарката и во нејзина чест компонирал песна во чест на тоа винско подрачје, „Сексардска миса“ (Szekszárdi mise, Férfikari mise, Missa quattuor vocum ad aequales, S. 8 „Szekszárd“: Agnus Dei), и секоја година на папата Пиј IX му праќал кадарка. Семејството Тонковиќ ја обновило таа традиција во 2009 година, му испратиле на папата Бенедикт XVI кадарка од нивната винарија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Jutarnji list Dobra hrana: Zaboravljena sorta: Kadarka je slana na poklon papi, a danas se pije u bordoškom gradu vina La Cité du Vin, 21. veljače 2017. (pristupljeno 5. lipnja 2017.)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Kult Plave Kamenice Fotograf Bruno Šefer poslao nam je fenomenalne slike s berbe kadarke u Bačkoj, 30. rujna 2016. (pristupljeno 5. lipnja 2017.)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Kult Plave Kamenice Kult Plave Kamenice: Kraj Subotice se upravo razvija jedan od najozbiljnijih butiknih vinskih projekata u regiji – Vina Tonković, 30. kolovoza 2016. (pristupljeno 5. lipnja 2017.)
  4. 4,0 4,1 Vinarija Tonković Архивирано на 6. rujna 2018.. O nama (pristupljeno 5. lipnja 2017.)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Kulte Plave Kamenice Kult Plave Kamenice: Kadarke Vinarije Tonković vrijede preko 90 bodova 8. studenoga 2016. (pristupljeno 5. lipnja 2017.)
  6. Kult Plave Kamenice Fotograf Bruno Šefer poslao nam je fenomenalne slike s berbe kadarke u Bačkoj, 30. rujna 2016. (pristupljeno 5. lipnja 2017.)