Исмаил Ќемали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Исмаил Ќемали
Ismail Qemali
Ismail Qemali.jpg
Прв претседател на Албанија
Прв премиер на Албанија
Прв министер за надворешни работи на Албанија
На должноста
29 ноември 1912
4 декември 1912 како министер – 22 јануари 1914
јуни 1913 како министер
Претходник објавена независност
Наследник Принц Вилијам од Вид (како шеф на држава)
Фејзи Беј Ализоти (премиер)
Мифти Либохова (министер за надворешни)
Лични податоци
Роден(а) 16 јануари 1844
Валона, Отоманско Царство
Починал(а) 24 јануари 1919 (возраст: 75)
Перуџа, Италија
Вероисповед Ислам

Исмаил Ќемали Беј Влора (албански: Ismail Qemal Bej Vlora, турски: İsmail Kemal Vlora), или попознат како Исмаил Ќемали (Ismail Qemali, İsmail Kemal Bey) бил истакнал албански политичар и дипломат. Исмаил Ќемали е една од најзначајните фигури во времето на независноста на Албанија. Ќемали се смета за основач на современа Албанија, бидејќи тој е првиот претеседател, премиер и министер за надворешни работи на земјата.

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на гимназијата во Јанина, Ќемали во 1859 година се преселил во Истанбул, каде почнал да работи во државната управа на Османлиското Царство, при што напредувал во кариерата и бил управител на неколку балкански градови.

По Младотурската револуција станал пратеник (од изборната единица Берат во Албанија) во обновениот парламент на Османлиското Царство. Бил член на Либералната партија. Кога во април 1909 година дошло до преврат против младотурците, Ќемали кратко време бил претседател на Отоманскиот парламент.

Ќемали одиграл најважна улога во прогласувањето на независноста на Албанија на 28 ноември 1912 година. По државниот удар, кој на 22 јануари 1914 година го извел Есад Паша Топтани, живеел во егзил. Умрел во Перуџа од срцев удар.

Исмаил Ќемали како премиер[уреди | уреди извор]

Во времето кога Исмаил Ќемали бил премиер, кабинетот на министри бил следниов:

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • David Barchard, The Man Who Made Albania—Ismail Kemal Bey, Cornucopia Magazine No 34, 2004.
  • Ismail Kemal Bey and Sommerville Story, ed. The memoirs of Ismail Kemal Bey. London: Constable and company, 1920. (The Internet Archive, full access)
  • Sommerville, A.M. (1927), Twenty years in Paris with a pen, A. Rivers ltd.
  • Xoxi, Koli (1983), Ismail Qemali: jeta dhe vepra, Shtëpia Botuese "8 Nentori"
Политички функции
Претходник
Објавена е независноста
Шеф на држава
1912–1914
Наследник
Вилијам од Вид како принц
Претходник
Објавена е независноста
Премиер на Албанија
1912–1914
Наследник
Фејзи Беј Ализоти
Претходник
Објавена е независноста
Министер за надворешни работи на Албанија
1912–1914
Наследник
'