Извори на енергија
Енергијата се појавува во акумулирани или преодни облици. Во зависност од тоа дали се појавуваат во природата се делат на примарни и секундарна извори на енергија.
Со обѕир на нивото на користење, примарните извори на енергија можат да бидат:
- конвенционални извори на енергија и
- неконвенционални извори на енергија.
Со обѕир на природната обновливост на изворите на енергија можат да бидат
Фосилни горива
[уреди | уреди извор]Јагленот, нафтата и земниот или природен гас ги нарекуваме фосилни горива, затоа што настанале од остатоци на одамна умрени растенија и изумрени животни. Тие при горење ослободуваат топлина, која се употребува за добивање други облици енергија. Фосилните горива се необновлив извор на енергија, така што, поради трошењето, ги има се' помалку.
Јаглен
[уреди | уреди извор]Од јагленот светот добива околу 20% енергија, а тој удел постојано се зголемува.
Нафта и земен гас
[уреди | уреди извор]Од нафтата и земниот гас светот добива 60% од енергијата. Нафтата е главно гориво во сообрајќајот, а гасот е поголем извор на топлина во домаќинството и индустријата.
Резерви на нафта
[уреди | уреди извор]Во 1960 година е проценето дека резервите на нафта ќе потраат четириесетина години. До 1990 година се пронајдени нови резерви, но пораснала и потрошувачката. Затоа и таа година резервите на нафта се проценети на четириесетина години.
Произведувачи на нафта
[уреди | уреди извор]Земја | Милиони тони годишно |
---|---|
Земји на СССР | 570 |
САД | 417,6 |
Саудиска Арабија | 327,1 |
Иран | 155,3 |
Мексико | 145,3 |
Кина | 139 |
Венецуела | 134,7 |
Обновливи извори на енергија
[уреди | уреди извор]Обновливите извори на енергија постојано се обновуваат, така што не можат да бидат исцрпени, ако со нив разумно се располага. Освен тоа, тие главно се почисти и за околината се помалку штетни од фосилните горива.
Енергија на ветрот -
[уреди | уреди извор]Турбините на ветрот произведуваат струја на „фармите на ветер”, како што е онаа во Атмонт Пас во Калифорнија. Во 80-те години ширум светот биле поставени повеќе од 20.000 такви турбини. Научниците проценуваат дека по 2030 година моќта на ветрот ќе произведува повеќе од 10% од светската енергија.
Сончева енергија-
[уреди | уреди извор]Сонцето е чист извор на обновлива енергија. Сончевата енергија се претвора во струја со помош на фотонапонски (сончеви, сончеви) колектори-ќелии, кои потоа напојуваат различни апарати: калкулатори, вештачки сателити и телефонски релеи во зафрлени краеви. Во многу земји, кои се богати со сонце, сончевата топлина служи за загревање на водата.Оваа енергија ја добиваме со помош на Електроцентрали.
Енергија на плимата
[уреди | уреди извор]Морските мени произведуваат струја во естуарии, кои се заградуваат со брани. За време на плимата браните (бентови) се отвораат, а за време на осеките се затвораат, така што водата тогаш се испушта низ турбините, кога ќе се создаде разлика во нивото од околу 3 метри.
Хидроенергија
[уреди | уреди извор]Моќта на водата се користи каде и да постои голема разлика во нивото, дали е прородна или создадена со брани. Водата која тече ги врти турбините, а тие ги вртат електричните генератори. Хидроенергијата денес произведува околу 7% струја.
Геотермална енергија
[уреди | уреди извор]Геотермалната енергија всушност е топлина на Земјината кора. Денес во поголем број случаи се искористува во вулкански активните предели, на пример на Исланд и Нов Зеланд. Околу 20 земји ја искористуваат геотермалната енергија за загревање или производство на струја.
Енергија на брановите
[уреди | уреди извор]Искористувањето на енергијата на брановите сè уште се истражува и се развива. Изградени се и неколку експериментални генератори. Некои се сместени крај брегот. Други се проектирани за отворено море на брановата предница може да дава енергија за 500 електрични светилки.
Енергија на биомасата
[уреди | уреди извор]Станува збор за искористување на енергијата на органските материи, на пример дрвјата и земјоделските отпадоци. Електричните централи на биомаса се изградени во многу земји. Тие помалку го загадуваат воздухот и по правило не придонесуваат за глобалното затоплување.
Јадрена енергија
[уреди | уреди извор]Јадрената енергија се добива со разградување на атоми на ураниум и плутониум. На светот има околу 350 јадрени електрични централи и тие произведуваат повеќе од 5% од светската струја. Атомските централи не испуштаат гасовити загадувачи и не придонесуваат за глобалното загревање, но постои опасност од несреќи, како и проблем во однос на отклонувањето на радиоактивниот отпад.
Опасности од јадрената енергија
[уреди | уреди извор]Јадрениот отпад останува опасно радиоактивен уште илјадници години, потеребно е да се закопа или да се стави на дното на морето. Несреќите во атомските централи, како што беше таа во Чернобил во Украина во 1986 година, можат да изложат на зрачење стотици илјади луѓе и да загадат милиони квадратни километри од земјиштето.
Потрошувачи на јадрена енергија
[уреди | уреди извор]Земја | Учество на јадрена енергија во вкупната потрошувачка на енергија (%) |
---|---|
Литванија | 85,59 |
Франција | 76,14 |
Белгија | 55,52 |
Шведска | 46,61 |
Бугарија | 46,43 |
Словачка | 44,14 |
Унгарија | 42,30 |
Швајцарија | 39,92 |
Словенија | 39,46 |
Украина | 37,83 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Обновливи извори на енергија во Македонија Архивирано на 21 јули 2014 г.
|