Зборувај со неа

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Зборувај со неа“
Talk to Her English movie poster fairuse.jpg
Англиски постер за филмот
РежисерПедро Алмодовар
ПродуцентАгустин Алмодовар
Мишел Рубен
СценаристПедро Алмодовар
Главни улогивиди подолу
МузикаАлберто Иглесијас
КинематографијаХавиер Агирресаробе
МонтажаХосе Салседо
ДистрибутерSony Pictures Classics
(USA)
Ворнер Брос
(Шпанија)
20th Century Fox
(Аргентина)
Pathé
(Франција)
ПремиераШпанија 15 март 2002
САД 25 декември 2002
Канада 25 декември 2002
Времетраење112 мин.
Држава Шпанија
Јазикшпански
Буџетn/a
Бруто заработка51,001,550 долари (на светско ниво)

Зборувај со неа (шпански: Hable con ella) е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 2002 година. Филмот доби Оскар за најдобро сценарио и Златен глобус за најдобар странски филм.

Темите во филмот се потешкотии при комуникација со спротивниот пол, осаменост и интимност, тајни и неверства, и истрајноста на љубовта и покрај загубата.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Патиштата на Бенигно (буквален шпански превод – нештетен) и Марко за првпат се вкрстуваат на еден танц, а потоа тие ќе се запознаат во приватната клиника во која Бенигно работи. Тој работи како болничар чие задолжение е да се грижи за Алисија, прекрасна танчерка која е во кома, и која станала негова опсесија. Марко, новинар, доаѓа во клиниката да ја посети девојка си Лидија, познат матадор, која е исто така во кома по сериозна повреда од бик. Приказната на овие четири ликови и нивните врски се откриваат преку флешбекови. Марко ја остава Лидија откако нејзиниот претходен љубовник му кажува дека се вратиле заедно еден месец пред несреќата.

Марко ја напушта Шпанија и оди во Јордан да напише туристички водич, но таму во весник ќе прочита дека Лидија починала.

Во меѓувреме, Бенигно е обвинет дека ја силувал Алисија, која откриваат дека е бремена. Не се открива дали Бенигно навистина ја силувал, но тоа е очигледно. Бенигно е затворен во затвор во Сеговија, каде ќе испие голема доза на апчиња за и тој да падне во кома и со тоа да ѝ се придружи на Алисија. Но, апчињата го убиваат Бенигно. Алисија се буди од комата по раѓањето. Бебето е мртвородено, а Алисија оди на рехабилитација за повторно да може нормално да оди. Филмот завршува на една театарска претстава, каде Марко и Алисија се среќаваат.

Улоги[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]