Раскинати прегратки

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Раскинати прегратки“
Постер
РежисерПедро Алмодовар
ПродуцентПедро Алмодовар
Агустин Алмодовар
СценаристПедро Алмодовар
Главни улогиПенелопе Круз
Бланка Портиљо
Љуис Омар
Лола Дуењас
Анхела Молина
Роси де Палма
МузикаАлберто Иглесијас
КинематографијаРодриго Прието
СтудиоЕл Десео
ПремиераШпанија:
18 март 2009
САД:
20 ноември 2009
Времетраење129 минути
ЗемјаПредлошка:FilmSpain
Јазикшпански

Раскинати прегратки (шпански: Los Abrazos Rotos) е филм на Педро Алмодовар снимен во 2009 година, а сместен во 1990-те и сегашноста. Филмот е сниман во стилот на американските филм ноар филмови од 1950-те. Во филмот глумат Анхела Молина, Лола Дуењас и Пенелопе Круз, глумици кои често се појавуваат во филмовите на Алмодовар.

Филмот беше прифатен во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал 2009 и се бореше за престижната Златна палма.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Еден човек пишува, живее и љуби во темнина. Пред 14 години доживува тешка сообраќајна несреќа на островот Лансароте. Во таа несреќа не само што го губи видот, туку и жената на неговиот живот, Лена.

Овој човек користи две имиња: Хари Кејн, псевдоним со кој ги потпишува своите книжевни дела, приказни и сценарија, и Матео Бланко, име кое го користи во вистинскиот живот и со кое ги потпишува филмовите коишто ги режира. По несреќата, тој решава да го користи само псевдонимот Хари Кејн. Помислата дека не може да режира филмови го наведува на идејата дека Матео Бланко умрел во Лансароте заедно со љубената Лена.

Во сегашноста, Хари Кејн живее благодарение на сценаријата што ги пишува и со помошта на неговата верна пријателка и продуцентка Џудит Гарсија, и на Диего, синот на Џудит, кој е секретар, меканограф и кој му помага да се движи.

По одлуката да живее и да раскажува приказни, Хари е активен и привлечен слеп човек, кој ги развил сите други сетила за да ужива во животот, врз основа на иронија и самонанесена амнезија. Од својата биографија целосно го избришал неговиот претходен идентитет, Матео Бланко.

Една вечер, на Диего му се слошува и Хари се грижи за него (додека Џудит е надвор од Мадрид и решаваат да не ја загрижуваат). Уште првите ноќи од закпренувањето, Диего го прашува за времето кога тој се викал Матео Бланко. Хари решава да му раскаже за настаните пред 14 години со намера да го забавува, како што еден татко му раскажува приказна на синот пред да заспие.

Приказната на Матео, Лена, Џудит и Ернесто Мартел е приказна за една „луда љубов“, управувана од фаталноста, љубомората, неверноста и грижата на совест. Една ужасна и емотивна љубовна приказна која најдобро може да се отслика со слика на двајца љубовници прегрнати, раскината на илјада парчиња.[2]

Улоги[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Festival de Cannes: Broken Embraces“. festival-cannes.com. Архивирано од изворникот на 2009-07-04. Посетено на 2009-05-09.
  2. Синопсис од официјалното мрежно место

Надворешни врски[уреди | уреди извор]