Жерар де Ридфор

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грбот на Жерард де Ридфор

Жерард де Ридфор (умрел на 1 октомври 1189) бил десеттиот Голем мајстор на витешкиот ред, темплари, од 1184 година, па се до неговат смрт во 1189.

Жерард де Ридфор се смета дека потекнува од фламанско потекло, иако некои писатели од XIX век пишуваат дека бил од англо-норманско потекло, непрочитувајќи ја ознаката го „од Бридфор“. Сигурно е дека допатувал до ерусалимското кралство каде што му служел на кралот Балдвин IV во доцните седумдесетти години на XII век, а на 22 октомври 1179 година станал маршал на кралството.

Изгледа дека тој сакал наследството да му го довери на Рејмонд III. И покрај тоа, кога Сесилија Дорел го наследила татковото богатството од Ботрун во Триполи, Рејмонд III се оженил со неа (пред март 1181) плаќајќи му за невестата на Пилвано, внук на еден трговец од Пиза сума од 10.000 безанти. Во средината на XIII век кога било напишано делото Старото француско продолжение на Гијом од Тир (познато и како Ернулшка хроника) приказната за невестата од Ботрун станала легендарна според којашто Пилвановиот чичко ја истегнал девојката (во легендата Луција) и од Рејмонд побарал злато колку што девојката е тешка за да ја ожени со него.

Жерард откако влегол во редот на темпларите сериозно се разболел. Тој бил избран за сенешал на редот во јуни 1183 година, а по смртта на Арнолд Торохски во Верона, тој бил избран за Голем мајстор кон крајот на 1184 или почетокот на 1185 година.

Жерард де Ридфор продолжил да муз завидува на Рејмонд III што се одразило и врз политиката. Кога во 1186 година, кралот Балдвин V умрел, Жерард де Ридфор се определил да застане на страна на кралицата Сибилија и нејзиниот сопруг Гај Лузињански продолжувајќи ја започнатата борба. Рејмонд со своите сојузници, семејството Ибелин биле на спротивната страна и ја подржувале помладата полусестра на кралицата Сибилија, Изабела.

За време на кризата од 1187 година, Жерард де Ридфор парите добиени од англискиот крал Хенри II ги искористил за припремање на дополнителни трупи со своите темплари со цел да го одбранат ерусалимското кралство од очекуваните напади на султанот Саладин. Кралот Хенри парите ги испратил за обезбедување на својата иднина во крстоносните планови, а и за покорност од убиството на Томас Бекет. Дел од парите споделил со темпларите и болничарите од Ерусалим и Тир. Жерард придружуван од околу стотина темплари и заедно со болничарите го нападнал Саладиновиот син Ал Адфал ибн Салах Ад-Дин во битката кај Кресон, иако тој имал околу 5000 војници. Големиот мајстор на болничарите Рожер де Мулинс бил убиен, а Жерард де Ридфор бил од неколкуте кои успеале да се спасат. Жерардовото известување за битката било писмено раскажано од папата Урбан III до Балдвин од Ексетер, архиепископот од Кантрбури.

Во јули истата година, Жерард де Ридфор ги предводел темпларите во битката кај Хатин. Саладин го освоил градот Тиберија, а Гај Лузињански размислувал да организира марш и да го ослободи. Рејмонд III го известил да почека Саладин да се упати кон неговата добро подготвена војска, на добро поставените и организирани одбранбени позиции, по што требало да следува премин по сувото поле и ослободување на градот. Жерард се спротивставил на ова и побарал од Гај да го продолжи претходно смислениот план. Гај Лузињански бил поддржан и од Регинал Шатилонски, противник на кралот Рејмонд III од Триполи.

Сепак, Крстоносците биле фатени во стапица и победени на сувото поле на 4 јули. Рејмонд заедно со уште неколку благородници успеал да се спаси, но Жерард, Региналд и Рејналд биле заробени од Саладин. Останатите заробени темплари биле убиени. Жерард де Ридфор во заробеништво бил до 1188 година, а за тоа време со одредот управувал неговиот брат Тјери од Тир.

Саладин му ветил на Жерард дека ако ги увери темпларите од темпларската тврдина да му го препуштат градот мирно, тој ќе биде ослободен. Жерард тоа успешно го извршил и по неговото ослободување се упатил во Тортоса, каде што ги помогнал темпларите во одбрана на тврдината од нападите на силите на султанот Саладин коишпто сепак преовладале. Откако Жерард де Ридфор повторно ја вратил функцијата Голем мајстор од брата си Тјери, изгледа дека остатокот од парите на кралот Хенри II бил запленет и оставен на темпларите од Тир. За ова, на 20 септември 1188 година Конрад де Монтфера поднел тужба до Балдвин од Ексетер и Фридрих Барбароса.

Во 1189 година, Жерард де Ридфор учествувал и во опсадата на Арка каде што бил убиен или пак бил заробен и убиен во заробеништво на султанот Саладин на 1 октомври 1189 година.

Претходник
Арнолд де Тороха
Голем мајстор
11841189
Наследник
Робер де Сабле