Опсада на Акра (1189–91)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Опсада на Арка)


Крстоносни војни
Портал:Крстоносни војни

Опсада на Акра — еден од најважните настани во текот на третата крстоносна војна која траела од 28 август 1189 година до 12 јули 1191 година, и за првпат во историјата на крстоносните походи кралевите од двете страни учествувале (или поконкретно со свои очи ја гледале) заштитата на својата земја. Друго по кое се одликува оваа битка е и дека една од најсмртоносните односно битка во која погинале најмногу војници.

Позадина[уреди | уреди извор]

Опсадата на Арка

По решителната победа која ја издвојувал Саладин над противниците во 1187 година, тој се здобил со уште поголема моќ за завладување на кралството на Ерусалим, заедно со градовите Акра и самиот Ерусалим. Темпларите ги контролирале само Тир, Триполи и Антиохија кој исто така била нападната во 1188 година. Сите тие порази на крстоносците за кралството Ерусалим како и во Палестина започнала да ја двоума на Европа за крајниот успех односно неуспех за зачувување на Светата земја. Со тоа се создаваше нови походи кон нови војни од страна на папата Григориј VIII во октомври 1187 година.

Битката за Арка[уреди | уреди извор]

На 4 октомври 1189 година Саладин се придвижил на исток во градот сè со цел да се соочи со крстоносците во Гај. Тој бил свесен дека армијата на крстоносците создадена од претежно феудалци и европски рицари била многу послаба за разлика од неговата муслиманска која се состоела од скоро сите арапски земји, најмногу од Сирија, Египет и Месопотамија.

Но “Богот“ на христијаните бил поголем од оние на муслиманите. Во оваа битка темпларите издвојувале победа, проследена со пљачки, ограбување на местното население и убивање во случај на непослушност.