Прејди на содржината

Арнолд де Тороха

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Арнолд де Тороха

Арнолд де Тороха или Арнолд од Тороха бил деветтиот Голем мајстор на витешкиот ред, темплари, од 1181, па сè до неговата смрт во 1184 година.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

За Арнолд де Тороха сè уште е непозната точната дата на раѓање. Се знае дека кога бил избран за Голем мајстор имал околу 70 години, а долги години служел во витечкиот ред. Тој бил мајстор на темпларите во Шпанија и Провенса.

Воените белешки

[уреди | уреди извор]

Реконквиста

[уреди | уреди извор]

Воената кариера на Арнолд де Тороха била насочена кон борбата за „Реконквиста“ на Шпанија и Португалија против Муслиманите. Арнолд особено бил активен во Арагон. Неговото поставување за Голем мајстор ја отсликува неговата личност како редок темплар којшто бил активен далеку од Светата земја. Ова се појавило во одредот по смртта на неговиот претходник Одо де Сен-Аман којшто бил вмешан во политиката којашто се водела во Ерусалим. Но, Арнолд немал такво политичко искуство во крстоносните држави. За Голем мајстор бил избран во 1181 година.

Конфликтот со болничарите

[уреди | уреди извор]

Во периодот на владеење како Голем мајстор, витезите болничари достигнале висока точка на влијание. Во тоа време постоело соперништво помеѓу двата витечки реда, но притисокот на Муслиманите не зависел од нивното соперништво. Затоа двата Големи мајстори се сретнале со папата Луциј III и кралот Балдуин IV, па проблемите биле решени. Всушност, Арнолд де Тороха се покажал како вешт и способен дипломат којшто решил неколку проблеми на политичките групи во истокот. Тој ги предводел мировните преговори со султанот Саладин по побуните на Рејналд Шатилонски во Ултерјордан.

Претставништвото до Европа

[уреди | уреди извор]

Во 1184 година, Арнолд де Тороха заедно со патријархот Хераклиј и Големиот мајстор на витешкиот ред, болничари Рожер де Мулинс се договорил за поддршка на Ерусалимското Кралство. Тие планирале посета на Италија, Англија и Франција, но Арнолд де Тороха се разболел и умрел кај Верона на 30 септември 1184 година. Како Голем мајстор го наследил Жерард де Ридфор.

Претходник
Одо де Сен-Аман
Голем мајстор
11791184
Наследник
Жерар де Ридфор