Жак Пјер Брисо
Жак Пјер Брисо де Варвил Jacques Pierre Brissot de Warville | |
---|---|
Портрет од Франсоа Боневил, ок. 1790 | |
Член на Националниот конвент од Ер и Лоар | |
На должноста 20 септември 1792 – 30 октомври 1793 | |
Претходник | Етјен Кле |
Наследник | Клод Жилиен Мара |
Изборна единица | Шартр |
Член на Законодавното собрание од Сена | |
На должноста 1 октомври 1791 – 19 септември 1792 | |
Наследник | Антоан Сержан-Марсо |
Изборна единица | Париз |
Лични податоци | |
Роден(а) | Жак Пјер Брисо 15 јануари 1754 Шартр, Орлеане, Кралство Франција |
Починал(а) | 31 октомври 1793 Париз, Прва Француска Република | (возр. 39)
Почивалиште | Капела на искупувањето, Париз 48°52′25″N 2°19′22″E / 48.873611° СГШ; 2.322778° ИГД |
Партија | жирондинец |
Сопружник | Фелисите Дипон (в. 1782) |
Деца |
|
Установа | Орлеански универзитет |
Професија | Новинар, издавач |
Потпис |
Жак Пјер Брисо (15 јануари 1754 — 31 октомври 1793) — француски филозоф и политичар во раздобјето на Француската револуција, еден од водечките жирондинци.
Детство и младост
[уреди | уреди извор]Роден е во Шартр. Неговиот татко бил гостилничар. Студирал право, по што бил на пракса кај некој париски адвокат. Се оженил со Фелисите Дипон (1759–1818), која преведувала дела на англиските писатели, вклучувајќи го и Оливер Голдсмит. Живееле во Лондон и имале три деца. Брисо пишувал филозофски дела. Најголемо влијание врз него имал Жан-Жак Русо, а покрај него и Волтер. Брисо во 1784 година бил затворен во Бастилја бидејќи објавил порнографски памфлет за кралицата Марија Антоанета. По четири месеци бил ослободен и повторно се посветил на пишување памфлети. Во 1785 година испратил отворено писмо до австрискиот цар Јозеф II. Тој се залагал за укинување на ропството и во Париз во 1788 година го основал „ Друштвото на црните пријатели“ чиј претседател бил од 1790 до 1791 година. Во 1789 година бил избран за почесен член на Американската академија за уметности и науки. Му бил пријател на Томас Џеферсон. Имал намера да се пресели во Америка, но настаните во Франција го спречиле да го стори тоа.
Водач на жирондинците
[уреди | уреди извор]Брисо ѝ пришол Француската револуција веднаш по нејзиното избивање. Бил уредник на весникот „Француски патриот“ (Patriote français) од 1789 до 1793 година. Бил познат по своите говори на седниците на јакобинскиот клуб. Бил избран за член на Законодавно собрание, а подоцна и на Националниот конвент. По бегството за Варен, Брисо им пристапил на конзервативните жирондиници. Бил еден од нивните водачи. По апсењето на кралот Луј XVI под обвинение за велепредавство, Брисо и жирондинците се обиделе да го одложат неговото судење, знаејќи дека кралот ќе биде осуден на смрт. Меѓутоа, под притисок на монтањарите и по откривањето на железниот орман со документи во собата на кралот, одложувањето не било можно. Брисо гласал против погубувањето на кралот, верувајќи дека во тој случај Франција ќе ја изгуби својата преговарачка предност и дека ројалистите ќе подигнат масовен бунт. Брисо бил поддржувач на војната со Австрија што била објавена по смртта на царот Јозеф II во 1792 година (Војна на Првата коалиција). Брисо бил клучен лик во објавата на војна на царот Леополд II, Холандската Република и Велика Британија (јануари-февруари 1793 година). На војните им дал карактер на револуционерен отпор.
Судир со монтањарите и погубување
[уреди | уреди извор]Во следните месеци се засилува судирот меѓу жирондинците и монтањарите. Париските санкилоти под водство на Максимилијан Робеспјер од 31 мај до 2 јуни 1793 година извеле државен удар со кој жирондинците биле отстранети од Конвентот. Започнало раздобјето на владеење на монтањарскиот конвент, кога јакобинците и кордeлiерите (под Дантон) го презеле водството. Брисо бил уапсен на 2 јуни заедно со уште 28 членови на жирондинците. Се обидел да избега, но на 10 јуни бил фатен со лажни документи. Бил обвинет за соработка со Британија. Брисо се бранел на судењето, но не успеал да се одбрани од апсурдните обвинувања на јакобинците. Бил осуден на смрт. Бил гилотиниран на 31 октомври 1793 година заедно со останатите 28 жирондинци.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sanson Memoirs Vol II p.70
Литература
[уреди | уреди извор]- Burrows, Simon. "The Innocence of Jacques-Pierre Brissot." Historical Journal (2003): 843–871. online
- Darnton, Robert. "The Brissot Dossier." French Historical Studies 17.1 (1991): 191–205. online
- De Luna, Frederick A. "The Dean Street style of revolution: J.-P. Brissot, jeune philosophe." French Historical Studies 17.1 (1991): 159–190.
- Durand, Echeverria, and Mara Vamos (New Travels in the United States of America. Cambridge: The Belknap Press of Harvard University Press, 1964) ix–xxvii
- D'huart, Suzanne (1986). Brissot : la Gironde au pouvoir (француски). Paris: R. Laffont. ISBN 978-2-221-04686-9.
- Ellery, Eloise. Brissot de Warville: A study in the history of the French Revolution (1915) online.
- Marisa Linton, Choosing Terror: Virtue, Friendship and Authenticity in the French Revolution (Oxford University Press, 2013).
- Marisa Linton, "The First Step on the Road to Waterloo", History Today, vol 65, issue 6, June 2015.[1].
- Marisa Linton, 'Friends, Enemies and the Role of the Individual,' in Peter McPhee (ed.), Companion to the History of the French Revolution (Wiley-Blackwell, 2013): 263–77.
- Lalevée, Thomas. "National Pride and Republican grandezza: Brissot's New Language for International Politics in the French Revolution", French History and Civilisation (Vol. 6), 2015, pp. 66–82.
- Loft, Leonore. "J.-P. Brissot and the evolution of pamphlet literature in the early 1780s". History of European ideas 17.2–3 (1993): 265–287.
- Loft, Leonore. Passion, politics, and philosophie: Rediscovering J.-P. Brissot (Greenwood, 2002).
- Oliver, Bette W. Jacques Pierre Brissot in America and France, 1788–1793: In Search of Better Worlds (Rowman & Littlefield, 2016).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Жак Пјер Брисо на Ризницата ?
- Дела од или за Жак Пјер Брисо на Семрежниот архив
- Дела од Жак Пјер Брисо на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
- Full text online versions of pamphlets written by Jacques Pierre Brissot from the Ball State University Digital Media Repository