Естел Нзе Минко

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Естеле Нзе Минко)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Естел Нзе Минко
Estelle Nzé-Minko2 20150319.jpg
Лични податоци
Роден(а) 11 август 1991 (1991-08-11) (28 г.)
Сен Себастјен сир Лоар, Франција
Националност Франција Франција
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Број 27
Сениорски клубови
2009-2010
2010-2012
2012-2013
2013-2015
2015-2016
2016-2019
2019-
Тулуз Тулуз
Мјос Биганос Мјос Биганос
Серкл Ним Серкл Ним
Нант Нант
Флери Лоаре Флери Лоаре
Шиофок Шиофок
Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Репрезентација
2013– Франција Франција 95 (220)

Естел Нзе Минко (родена на 11 август 1991 г., во Сен Себастјен сир Лоар) е француска ракометарка која игра на позицијата среден бек за Ѓер Ауди ЕТО и за француската репрезентација.[1][2][3]

Таа е Светски и Европски првак со француската репрезентација од шампионатите во 2017 и 2018, а има освоено и сребрен медал на Олимписките игри 2016.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Нзе Минко во Серкл Ним во 2013.

Естел Нзе Минко започнала да игра ракомет на 12 години во градот Сен-Жилиен де Конкелс во близина на Нант, а подоцна му се приклучила на истоимениот тим во неговата младинска школа. Во 2009 година, таа му се приклучила на Тулуз на возраст од само 18 години играјќи за нив во првата лига на Франција, но на крајот од сезоната клубот се распаднал. Последователно, таа одиграла две сезони за Мјос Биганос, и една сезона во Серкл Ним пред да се врати во клубот во кој ја започнала својата кариера, Нант во 2013.[4].

Пред почетокот на сезоната 2015-2016, таа потпишала за Флери каде дошла како замена за Марта Манге.[5] Во Флери, таа ја освоила својата прва национална титула, Лига купот на Франција 2015-2016.

Во април 2016 година, Нзе Минко потпишала за унгарскиот клуб Шиофок заедно со својата клупска колешка Клои Булеу, што било нејзиното прво искуство во странство.[6] Во текот на трите сезони во кој таа го носела дресот на Шиофок била една од најдобрите и најважните ракометарки на клубот. Во сезоната 2018-2019, Нзе Минко му помогнала на Шиофок да триумфира во Купот на ЕХФ, постигнувајќи 65 гола во текот на натпреварувањето, како само нејзината клупска колешка Андреа Кобетиќ и Хелене Гигстад Фауске од Хернинг Икаст имале повеќе од неа.

Во февруари 2019, Нзе Минко потпишала двегодишен договор со повеќекратниот европски шампион, унгарскиот Ѓер.[7] Нзе Минко на позицијата среден бек во клубот требало да ја замени холанѓанката Корнелија Грот.[8]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во октомври 2013 година, Естел Нзе Минко за прв пат била повикана во француската репрезентација за натпреварите против Словачка и Финска од квалификациите за Европското првенство 2014.[9] Својот прв настап, го забележала на 24 октомври во натпреварот против Словачка.[10] Во декември 2014 година, таа бил избрана да учествува на Европското првенство 2014 во Унгарија и Хрватска.[11] Франција го завршила турнирот на 5-тото место, а Нзе Минко постигнала 7 голови.[12]

Во 2016 година, учествувала со својата репрезентација на Олимписките игри 2016 каде Франција стигнала до финалето, во кое во натпреварот за златниот медал била поразена од Русија, па Нзе Минко и нејзините соиграчки морале да се задоволат само со сребрениот медал. Во декември истата година, таа го освоила бронзениот медал на Европскиот шампионат 2016. Со 35 гола и 20 асистенции, таа била една од најдобрите играчи на натпреварувањето.[13]

Вистинските репрезентативни успеси за Нзе Минко и француската репрезентација дошле во 2017 и 2018 година, кога французинките ги освоиле титулите на Светското првенство 2017 и Европското првенство 2018. Нзе Минко била најдобар стрелец на Франција на Европското првенство 2018, вкупно петти на турнирот, со 38 постигнати голови со 82% шутерска прецизност.[14]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Франција Мјос Биганос[уреди | уреди извор]

Франција Флери Лоаре[уреди | уреди извор]

Унгарија Шиофок[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Profile“. eurohandball.com. конс. 7 December 2014. 
  2. „2014 European Championship Roster“ (PDF). EHF. конс. 7 December 2014. 
  3. Estelle Nze Minko. nbcolympics.com
  4. „Interview des Nouvelles Panthères, gros plan sur Estelle Nze Minko !“. (http://aorleans.info aorleans.info]. 16 septembre 2015. конс. 27/12/2017. 
  5. L'Équipe, уред. (11 април 2015). „Estelle Nzé Minko (Nantes) à Fleury l'été prochain“. www.lequipe.fr. 
  6. „LFH - Direction la Hongrie pour Bulleux et Nze Minko“. handnews.fr. 14 април 2016. 
  7. Estelle Nze Minko and Amanda Kurtovic join Gyori Audi ETO KC www.handball-planet.com
  8. Estelle Nze Minko – new playmaker in Győr Timeout Magazine
  9. L'Équipe, уред. (7 октомври 2013). „Cinq nouvelles Bleues“. конс. 22 октомври 2013. 
  10. Ligue féminine de handball (уред.). „Qualifs Euro 2014 - Les réactions après France / Slovaquie“. конс. 25 октомври 2013. 
  11. Fédération européenne de handball (уред.). „France“. huncro2014.ehf-euro.com. конс. 9 деквмри 2014. 
  12. L'Équipe, уред. (19 декември 2014). „Championnat d'Europe : la France se console en battant la Hongrie“. www.lequipe.fr. 
  13. Fédération européenne de handball (уред.). „EHF EURO 2016 - Top Player Statistics“. конс. 18 décembre 2016.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  14. „Statistiques individuelles“. Site officiel de la compétition. 6/12/2018. конс. 7/12/2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]