Есад Бајрам
| Есад Бајрам | |
|---|---|
| Роден/а | 29 мај 1934
Охрид, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
| Починат/а | 10 ноември 2017 (возр. 83) Охрид, Македонија |
| Занимање | Писател |
Есад Бајрам (турски: Esad Bayram; 29 мај 1934 - 10 ноември 2017 ) ― македонски поет, раскажувач, преведувач од турска народност.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Охрид на 29 мај 1934 година. Завршил Виша педагошка школа во Скопје. Бил општествено-политички работник. Тој станал член на ДПМ во 1987 година.
Неговите предци биле од Мала Азија, дошле во Македонија. Есад Бајрам се гордеел што тие не биле освојувачи туку камилари. Всушност тие носеле храна за војската. Неговиот прадедо се населил во Пештани а татко му и тој се родени Намазија, во Охрид. Мајка му живеела на Имарет. Бајрам бил најмалиот во семејството од уште двајца браќа и една сестра.
Првите стихови ги напишал во почетокот на шеесеттите години од минатиот век, а биле објавени во Млад борец и Бирлик.
Од поранешниот турски претседател Сулејман Демирел, тој добил награда за придонес во афирмацијата на турската книжевност во светот.
По повод Светскиот ден на преведувачот, 30 септември, во 2012 година, Друштвото на писателите на Македонија му ја врачило повелбата „30 Септември“ што е доделувана на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна успешна преведувачка активност.
Во 2016 година, на една од книжевните средби организирани од страна на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје било одржано претставување на личноста и делата на Есад Бајрам од страна на македонскиот Турчин и писател Илхами Емин.[2]
Библиографија
[уреди | уреди извор]- „Плетенки“ (поезија, 1978)
- „Буквар в срце“ (поезија, 1979)
- „Дневни прошетки“ (поезија, 1981)
- „Баждарина“ (поезија, 1982)
- „Дете во години“ (поезија, 1982)
- „Вечерни прошетки“ (поезија, 1986)
- „Аливели“ (раскази, 1990)
- „Палата на душата“ (поезија, 1989)
- „Ѕвездени бакнежи“ (поезија за деца, 1993)
- „Диван“ (поезија, 1995)
- „Пеливани во кујната“ (раскази, 1996)
- „Весели деца“ (поезија, 2001)
- „Исповед на поетот“ (записи и статии, 2008)
- „Очите вечерни зелени“ (поезија, 2010)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија, Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009 година.
- ↑ Јовановски, Милчо. „„Мојот живот, мојот свет": Есад Бајрам“. www.publicitet.mk. Архивирано од изворникот на 2017-09-14. Посетено на 2017-11-10.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |