Ернест Ренан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ернест Ренан
Ernest Renan 1876-84.jpg
Ернест Ренан
Роден 28 февруари 1823
Трегие, Франција
Починал 2 октомври 1892
Париз, Франција
Занимање писател, филозоф
Државјанство Французин

Ернест Ренан (француски: Joseph Ernest Renan, роден на 28 февруари 1823 во Трегие - починал на 2 октомври 1892 во Париз) — француски филозоф, писател, археолог, историчар на религијата, ориенталист и филолог. Исто така бил член-дописник на Царската петербургшка академија на науките и член на Француската академија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Од 1838 година Ернест Ренан започнал да студира католичка теологија во Париз. Во 1841 година се преселил во Seminar von Issy а во 1843 година во Grand Séminaire de Saint-Sulpice. Во 1845 година ја напушта семинаријата, бидејќи започнал да се сомнева во историската веродостојност на Библијата. Станал приврзаник на германскиот идеализам и на критичната германска екзегетика („Tübinger Schule“).

Во 1855 година Ренан издал историско-систематски конкорданс на семитски јазици. Неговите патувања до Блискиот Исток довеле до пишување на познатата книга „Животот на Исус“ („La Vie de Jésus“), чиј прв том бил издаден во 1863 година. Во оваа книга Ренан се обидел да го претстави животот, ликот и патот на Исус Христос преку очите на познанието за антиката на своето време. Ренан го претставил Исус како личност, обожаван од своите следбеници по неговата смрт. Ренан ја иследувал историјата на религиите како парадигма на еволуцијата, како развој на човештвото и на моралното усовршување.

За своите постапки и за своето дело, Ренан бил остро критикуван, а во 1863 година бил отпуштен за некое време од професорското место. Неговата книга се продала во тираж од 16.000 примероци во текот на половина година. По една година бил рехабилитиран. Во 1867 година го иницирал проектот Corpus Inscriptionum Semiticarum.

Ренан е најпознат по својата лекцијаа „Што е нација?“, предавана на 11 март 1882 година во Сорбон, како и на делото „Историја на раното христијанство“.

Во 1848 година ја напишал книгата „Иднината на науката“, во која ја претставува својата вера во науката. Во 1850 година бил назначен за библиотекар во Националната библиотека на Франција, а во 1860 година ја предводел археолошката експедиција во Палестина.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]