Прејди на содржината

Ен Брадстрит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ен Брадстрит

Ен Брадстрит е првата американска поетеса со објавени дела. Нејзината работа била позитивно прифатена во Новиот и Стариот Свет.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ен Брадстрит е родена како Ен Дадли во Нортемптон, Англија во 1612 година. Таа е ќерка на Томас Дадли, управник на Грофот од Линколн и Дороти Јорк. Поради нејзината семејна позиција, таа била порасната во добра културна, материјална состојба и била добра образована жена за тоа време, поучувана во историјата, со познавање на неколку јазици и литература. На шеснаесет годишна возраст се омажила со Сајмон Брадстрит. Таткото на Ен и нејзинот сопруг, подоцна работат како управувачи на колонијата Масачусетс Беј. Ен и Сајмон заедно со родителите на Ен мигрираат во Америка со бродот Арабела како дел од флотата на Винтроп од пуритански емигранти во 1630 година.

Ен Брадстрит првпат стапнува на американска земја на 14 јуни 1630 година. Во местото што денес се вика Пионер Вилиџ (Салем Масачусетс). Таа била со Сајмон, нејзините родители и другите патници, како дел од миграцијата во Новата Англија. Тие останале само еден краток период таму поради болест и глад заедно со Џон Ендекот и другите жители во селото. Повеќето веднаш се преселиле на југ по долината на брегот на Чарлстаун. Масачусетс за уште еден краток престој пред да се преселат на југот по долината на реката Чарлс за да го најдат „градот на планина“, Бостон, Масачусетс. Семесјтвото Брадстрит наскоро се преселува во Кембриџ, Масачусетс во 1632 година. Ен го родила првото дете Самуел, во Њу Таун. Татко и’ и сопругот на Ен биле помошници во основањето на Харвард во 1636 година. Двајца од нејзините (Самуел и Симон) синови дипломирале. Во октомври 1997 година здружението на Харвард посветува порта во нејзино сеќавање како прва американска поетеса со објавени дела. Портата на Брадстрит е сместена до Канадас Хол, најновиот интернат во Харвард Јард. Иако таа имала здравствени проблеми, таа можела да обезбеди удобна и добра општествена положба на сите осум деца. Ен прво била заразена од големи сипаници,а во следните години парализираност на глуждите.

Во раните 1640 години Ен останува бремена со шестото дете, и се преселуваат по шести пат од Ипсвич во Андовер Париш. Северен Андовер е вистинскиот град пронајден во 1646 година од страна на Стивенс, Осгоод, Џонсон, Франум, Баркер и семејството Брадстрит, меѓу другите. Ен и нејзиното семејство останале во стариот центар од Северен Андовер. Тие никогаш не живееле во денешниот Андовер. Во 1650 година, пречесниот Џон Вудбриџ ја издаде "На Крај Десеттата Муза се појави во Америка" составена од " Дамата од оние места" во Лондон, и ја направи Ен прва американска поетеса со објавени дела во Англија и во Новиот Свет.

На 10 јули 1666 куќата во Северен Андовер се запалува и тоа ја остава Брадстрит без дом само со неколку лични работи. Во тоа време здравствената состојба на Ен се влошува. Таа боледува од туберколоза, а треба да се збогува со нејзините роднини кои умираат. Но, нејзината желба останува моќна и со нејзината моќна религиозна верност и знаење на библиските писма, таа наоѓа спокојство убедена дека нејзината снаа Мерси и нејзините внуци се во рајот.

Ен Брадстрит умира во септември 1672 година во Северен Андовер, Масачусетс на 60 години. Конкретната локација на нејзиниот гроб не е точно одреден, или е закопана до нејзиниот сопруг на старите гробишта во Салем, Масачусест или на старите гробишта кај академската улица во Северен Андовер.

Во денешниот ден, местото кај долината Меримак е опишан како долината на поетите.

Бележникот на гробиштата во Северен Андовер ја спомнува 350та годишнина (2000) од издавањето на Десеттата Муза во Лондон во 1650. Тоа место и Портата на Брадстрит во Харвард можеби е едно од двата места во Америка кои го почитуваат нејзиното сеќавање.

После четири години од нејзината смрт во 1672, Сајмон Брадстрит се жени за втората сопруга, исто така наречена Ен . Симон во 1697 умира и бил погребан во Салем.

Образованието на Брадстрит и било од корист за да пишува со авторитет за политиката, историјата, медицината и теологијата. За нејзината лична библиотека со книги е кажано дека има повеќе од 800 книги, но повеќето од нив се уништени кога нејзината куќа се запалила. Самиот настан ја инспирира да ја напише поемата наречена. “По горњето на нашата куќа во 10 јули , 1666 г.” .Таа ја одбива лутината и болката што оваа светска трагедија предиззвикува да го гледа Господ и само уверноста на рајот како што вели утехата : "И кога веќе не можев да глдеам/Го благословив неговото високопреосвештенство што до даде и го зеде/Моите добри дела сега лежат во прашината/Да, и така беше, и само така беше/Беше неговото, не беше моето/Далеку да биде што можам да нагодувам.

Како помлада поетеса Брадстрит напишала пет збирки епски поеми составени од четири дела . Поголемиот дел од поезијата на Бредстрит е заснована на набљудување на светот околу неа, заснована на истражувањето на светот околу неа, длабоко фокусирани на семејни и религиозни теми, и биле почитувани од Котон Матер споменик за нејзино запомнување покрај челилниот мермер.Како долго оценета во историчниот интерес,таа добила критичен наклоност во ЏЏ век како писателка од долготрајни стихови, особено за нејзината доследност за релиѓиозните поеми "Замисленост" , што била напишана за нејзиното семејство но не издадена до половината на 19 век. Делата на Бредстрит беа длабоко влијаени од страна на поетот Гијом Салуст ди Бартас ,која беше посакана од читателите на 17 век. Речиси по еден век, Марта Вадсворт Брустер, позната американска писателка и поетеса во 18 век ,била инспирирана од стиховите на Брадстрит во нејзиното дело “Поеми во различни предмети”. Покрај традиционалното однесување на жената во тоа време, таа често го проценила знаењето и бистрината. Таа била слободна мислителка и некои ја сметале за феминистка. За разлика од порадикалната Ен Хачинсон, феминизамот на Бредстрит не изразува хетеродоксишни и антиномични погледи. Засновани на нејзините поеми Брадстрит исто така може да се смета комплиментарен. . Во 1647 братот на Брадстрит , Џон Вудбриџ патува за Англија носејќи ги нејзините ракописи. Иако Ен подоцна ќе каже дека не знаела дека Вудбриџ ќе ги објави нејзините ракописи, во нејзината умолителна поема“Авторот за нејзината книга”, додека Вудбриџ беше во Лондон таа напиша писмо означувајки го знаењето на издавачкиот план. Ен имала мала алтернатива-како поетеса битно и за нејзе, е да ги омаловажува нејзините амбиции како авторка. Во спторивно таа би се сретнала со критики како неженствено битје. Првото дело на Ен е издадено во Лондон како "На Крај Десеттата Муза се појави во Америка" составена од " Дамата од оние места"

Целта на издавањето се чини дека е напад од страна на благочестиви пуритански мажи (Томас Дадли, Сајмон Брадстрит, Џон Вудбриџ) за да покаже дека побожна и образована жена би ја воздигнувала позицијата одржана од страна на сопруга и мајка , без потреба да ја поставите во конкуренција со мажи. Во тоа време многу малку луѓе се согласувале со тоа верување. Господарка Бредстрит ги издржува и игнорира многу родовни пристрасности во текот на нејзиниот живот во Новиот Свет. Во 1678 нејзините сами повторувани Неколку песни собирани со голем избор на хумор и учење биле посмртно објавени во Америка , а вклучени еден од нејзините најпознати поема е „За мојот драг и посакан маж“. Оваа книга е во сопственост на Меморијалната библиотека Стивенс на Северен Андовер и престојува во Хоугтон библиотеката на Харвард.

Цитат од Бадстрит може да се најде на плакетата на портата на Брадстрит во дворот на Харвард : „дојдов во ова земја, каде што го најдов Новиот Свет и новите воспитание на које што моето срце се возбуди.“ За жал, плакетата се чини дека е врз основа на погрешно толкување, а следната реченица е; Но, откако се убедив дека тоа е патот на Бога, јас се потчинив и се приклучив на црквата во Бостон.“ Ова укажува дека нејзиното срце се издига во знак на жалост, наместо во радост.

Потомците на Сајмон Брадстрит и Ен, ќерка на Томас Дадли

[уреди | уреди извор]