Еден ден (роман)
Еден ден (англиски: One day) - роман на англискиот писател Дејвид Николс од 2009 година. Врз основа на книгата, во 2011 година бил снимен истоимениот филм.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Романот се состои од 23 глави, групирани во пет дела:[2]
- Прв дел: 1988-1992 Во почетокот на дваесеттите
- Прва глава: Иднината
- Втора глава: Назад во живот
- Трета глава: Таџ Махал
- Четврта глава: Можности 53
- Петта глава: Правила на игра
- Втор дел: 1993-1995 Доцните дваесетти
- Трет дел: 1996-2001 Во почетокот на триесеттите
- Десетта глава: Карпе дием
- Единаесетта глава: Две средби
- Дванаесетта глава: Да се каже „те сакам“
- Тринаесетта глава: Третиот бран
- Четиринаесетта глава: Татковство
- Петнаесетта глава: Џин Себерг
- Четврти дел: 2002-2005 Доцните триесетти
- Шеснаесетта глава: Понеделник наутро
- Седумнаесетта глава: Важенговор.док
- Осумнаесетта глава: Насреде
- Петти дел: Три годишнини
- Деветнаесетта глава: Утрото потоа
- Дваесетта глава: Првата годишнина - Прослава
- Дваесет и прва глава: Артуровиот престол
- Дваесет и втора глава: Втората годишнина - Распакување
- Дваесет и трета глава: Третата годишнина - Лани летоска
Дејството во романот започнува на 15 јули 1988 година, кога Декстер Мејхју и Ема Морли, студенти на Универзитетот во Единбург, се запознаваат по свеченото доделување на дипломите. Тие поминуваат заедно една убава ноќ и утредента секој треба да тргне по својот пат. Декстер прераснува во телевизиска ѕвезда, работејќи како водител на глупави емисии, а Ема работи во мексикански ресторан, сонувајќи да стане писателка. И покрај спротивните карактери, тие стануваат најдобри пријатели. Потоа, во книгата се прикажува нивниот однос во следните 20 години, и тоа секогаш на истиот ден - 15 јули. Притоа, тие созреваат и се помируваат со природата на нивната љубов и со самиот живот.[2]
Изданија на македонски јазик
[уреди | уреди извор]Романот „Еден ден“ е објавен на македонски јазик во 2012 година, од страна на издавачката куќа „Три“, а во превод на Мирјана Буразер. Книгата е со обем од 396 страници, со димензии од 21 сантиметар, во мек повез. Лектурата ја извршила Васка Кочовска, а книгата е отпечатена во печатницата „Стеда графика“. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-230-051-1.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ IMDb, One Day (2011) (пристапено на 3.1.2016)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Дејвид Николс, Еден ден. Скопје: Три, 2012.