Евдокија Макремболитиса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Византиска царица

Romanos et Eudoxie.JPG
Сопружник Константин X Дука
Роман IV Диоген
Деца
Михаил VII Дука
Андроник Дука
Ана Дукина
Теодора-Ана Дукина
Константин Дука
Зоја Дукина
Никифор Диоген
Лав Диоген
Полно име
Ευδοκία Μακρεμβολίτισσα
Татко Јован Макремболит
Роден(а) 1021
Починал(а) 1096
Цариград

Евдокија Макремболитиса (грчки: Ευδοκία Μακρεμβολίτισσα, 1021-1096) била византиска царица, втора сопруга на императорот Константин X Дука, по чија смрт се омажила за император Роман IV Диоген.

Евдокија Макремболитиса била ќерка на Јован Макремболит и сестра на патријарх Михаил I Цариградски. Според Михаил Псел, Евдокија Макремболитиса се одликувала со исклучителна убавина, благородништвото и интелигенција.

Во околу 1050 година, Евдокија се омажила за идниот император Константин X Дука, на кого му родила седум деца:

Кога Константин X Дука починал во 1067, Евдокија Макремболитиса станала регент на својот син Михаил VII Дука. Евдокија се заколнела никогаш да не се прежени и дури по нејзина заповед во затвор бил фрлен Роман Диоген, кој бил осомничен за аспирации кон царската круна. Сепак Евдокија сфатила дека е неспособна сама да ги одбие варварските инвазии во северозападните земји на империјата.[1], поради што таа ја прекршела заклетва и се омажила за Роман Диоген без дозвола на цариградскиот патријарх[2]. Бракот бил склучен на 1 јануари 1068 година и Роман Диоген веднаш бил прогласен за соимператор под името Роман IV Диоген, со чија помош Евдокија успеала да се спротистави за кратко на варварската закана за империјата.

Од Роман IV Диоген, Евдокија Макремболитиса има две деца:

Роман IV го прогласил за соимпертор на Андроник Дука, син на Евдокија и Константин X Дука, иако тој бил држен настрана од власта заедно со неговата мајка. Животот на Евдокија со вториот нејзин сопруг излегол прилично лошо. Роман IV бил воинствен и упорен и се повеќе ја ограничувал власта на Евдокија и Михаил VII. Откако во 1071 година Роман IV бил заробен од страна на Селџуците во битката кај Манцикерт, Евдокија Макремболитиса и Михаил VII повторно застанале на чело на власта во Цариград, додека не се разбере дека Роман IV е жив и патува кон градот. Тогаш Јован Дука, помалиот брат на Константин X Дука, со помош на гардата ја принудил на императорката да ја остави власта целосно на Михаил VII и да се повлече во манастир.[3].

Во 1078 година Михаил VII бил соборен од Никифор III Вотанијат. Новиот император ја повикал Евдокија Макремболитиса назад во главниот град со предлог да се ожени со неа. Овој план меѓутоа бил срушен повторно од Јован Дука, кој стоел на чело на опозицијата против Евдокија.

Евдокија Макремболитиса починала како калуѓерка во 1096 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Norwich, pg. 344
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 413.
  3. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 413.

Literatura[уреди | уреди извор]

  • The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
  • Lynda Garland, Byzantine Empresses: Woman and Power in Byzantium, AD 527-1204. Routledge, 1999.
  • Smith, Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, (1867).
  • Michael Psellus. Chronographia.
Евдокија Макремболитиса
Роден(а): 1021 Починал(а): 1096
Претходник
Катерина Комнинс
Византиска царица
1059–1071
Наследник
Марија Аланска